Ознака: прес

sdsm

Кузески: ВМРО- ДПМНЕ да даде отчет за 7 те милиони евра за изградба на болницата

Post Views: 4 СДСМ на денешната прес конференција, од ВМРО – ДПМНЕ побара отчет за потрошените 7 милиони евра, народнни пари за реконструкција на општа болница Охрид. Гласноговорникот на СДСМ Александар Кузески нагласи дека охриѓани не можат да заборават на три годишната голгота, без секундарната здравствена заштита, кога се мачеле да добијат здравствени услуги од другите градови, посебно од областа на гинекологијата, анестезија, урологија и др. Тој запраша: До кога лекарите и останатиот медицински персонал, кои стручно и совесно си ја вршат својата работа ќе бидат маргинализирани...

Continue reading

sdsm

Тунтев: Какви се проектите на ДПМНЕ?

Post Views: 1 Вработените во Локалната самоуправа и по јавните претпријатија се принудени да носат списоци со гласачи, болниците и училиштата се претворени во партиски штабови на ДПМНЕ, плакати од Иванов се лепат каде што е тоа недозволено, во екот на изборната кампања се тампонираат и се асфалтираат улици ,се подготвуваат „бугарски возови“,  се вработува во јавните претпријатија и државните установи а на сиромашните им се ветува простување на долговите и неплатените сметки, кажа на денешната прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ.  Со нереалната изборна програма...

Continue reading

vmro - dpmne

Социјалната политика во фокусот на политичките препукувања

Post Views: 6 Социјалната политика, тема на прес конференцијата на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василески.  Тој направи ретроспектива на мерките кои Владата на Р.Македонија ги презела од 2006 год за ранливите категори. Василески напомена дека само постојаната парична помош досега била зголемена за 46%, се реализирала мерката за вработување на 1600 лица во јавната администрација од социјално ранливата категорија и многу други мерки. Тој кажа дел од мерките кои Владата на ВМРО – ДПМНЕ планира да ги спроведе во наредниот период за подобрување на животот на...

Continue reading

narodna

ВМРО НП во недела ќе ги промовира кандидатските листи за предвремените парламентарни избори

Post Views: 2 Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија денес на прес конференција со покана до сите граѓани на нивната конвенција на која ќе се промовираат кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Тие денешниот прес го искористија да потсетат на дел од темите кои ги обработија на претходните прес конференциии, а кои се однесуваа на нивните партиски заложби за намалување на казнените политики кон фирми и граѓани, брзиот влез во ЕУ, но потсетија и на проектите кои биле направени во времето на нивното владеење од 1998та до 2002та година. „Цел на оваа наша прес конференција...

Continue reading

општина Охрид

Локална: Не е прв пат советот да носи правилници

Post Views: 1 Реакцијата од Локалната самоуправа на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Ви ја пренесуваме во целост. Општинската организација на СДСМ, со намера да и им се додворува на граѓаните по секоја цена, секојдневно свикува празни и банални прес- конференции. Стигнаа дотука,  веќе да не им веруваат на медиумите, па после секоја седница на Советот на општина Охрид, свикуваат прес- конференции, за да објаснат што сакале да кажат. Крајно навредливо е да ја потценуваат јавноста и да ја убедуваат дека изградбата на затворен пазар и субвенционирањето на туристичката такса ...

Continue reading

sdsm

СДСМ: Проектите за спортот на ДПМНЕ, само мртво слово на хартија

Post Views: 1 Охридските социјалдемократи на денешната прес конференција посочија каков е односот кон спортот на новата локална власт. Според нив, градската власт, следејки ги политиките на централната извршна власт за бркање на младите од сопствената држава, ги превзела следниве конкретни чекори: згаснување на женската фудбалска екипа, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ бил оставен на цедило без средства за котизација и превоз, Атлетскиот клуб бил оставен сам на себе, а активностите на кајакарскиот и веслачкиот клуб биле сведени на минимум.  Портпаролот Александар Кузески обвини дека во...

Continue reading

narodna

ВМРО НП: „Наставникот се претвори во административец и ја загуби можноста за креативност“

Post Views: 2 ВМРО Народна партија со обвинувања дека наставниците прераснуваат во административци. На денешната прес конференција тие рекоа дека со сите новини кои се воведени во образованието во изминативе години, наставниците ја изгубиле својата вистинска улога и можноста да бидат креативни. Според Јоне Станкоски, просветните работници се повеќе се соочуваат со притисоци од страна на Државниот просветен инспекторат, што според него предизвикува демотивација кај наставниците и губење на благородниот лик на наставникот. Според ВМРО Народна, во образовниот процес се пристапува шаблонски...

Continue reading

vmro - dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го претвори Мауцкер во депонија

Post Views: 2 Градоначалникот Бакрачески со Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ во целост се посветени кон уредување на секој дел од градот Охрид, впрочем тоа се покажа и докажа за нецела година со новиот плоштад во центарот на градот како и со мини плоштадот во Горна Влашка маaла. Ваквите активности ќе продолжат низ секој дел од градот Охрид, реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на СДСМ. Во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ со контраобвинување до  OO на СДСМ дека МАУЦКЕР го претвориле во огромна депонија. „За да се уверат во начинот на работа на ВМРО ДПМНЕ  слободно...

Continue reading

narodna

ВМРО НП: „Владата пред избори да ги каже фирмите кои се опфатени со Законот за стечајци“

Post Views: 1 ВМРО Народна партија со барање до Владата пред одржувањето на изборите да бидат објавени фирмите кои се опфатени со новиот Закон за стечајци. На денешната прес конференција тие рекоа дека овој закон е повеќе популизам отколку реално законско решение. Од Народна велат дека со необјавувањето на фирмите, Владата ги држи во неизвесност сите оние стечајци кои се пријавиле за да го остварат своето право. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски вели дека е смешно тоа што не е објавено кои дооел-и од охридско ЕМО ќе бидат опфатени бидејќи според него...

Continue reading

mitrovic

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи пустош за 8 години владеење

Post Views: 4   Се додека СДСМ се занимава со отчетот на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа  јасно е дека станува збор за дела, бидејќи ВМРО во целост ја покажа својата отчетност кон граѓаните на Охрид, велат од ВМРО – ДПМНЕ, како одговор на денешниот прес на ОО на СДСМ Охрид.  Но како што кажа портпаролот Никола Митровиќ граѓаните на Охрид добро знаат за празните ветувања на СДСМ. Митровиќ  ги запраша охридските социјалдемократи дали со  заминувањето од власт се амнестирале од како што рече, сите неправди кои ги направиле кон Охрид.  Тој уште еднаш упати критика кон...

Continue reading

vmro - dpmne

ДПМНЕ: ВМРО-НП промовира и поттикнува беззаконие

Post Views: 0   Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на ВМРО НП во која стои: „Безидејноста на десното крило на СДСМ т.н. Народна партија продолжува секојдневно да ја манипулира јавноста. Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата. Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. ДОКОЛКУ НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ , НЕМА НИ КАЗНЕНИ...

Continue reading

vmro - dpmne

Митровиќ: Господo од СДСМ, критиките свртете ги кон вас

Post Views: 1 На денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ портпаролот Никола Митровиќ кажа дека сака да ги потсети, како што рече, новите гласноговорници на СДСМ на осум годишната голгота на градот. Митровиќ рече дека СДСМ го остави Охрид  во 33 милионски долг, кој ДПМНЕ се обидува да го анулира. Исто така посочи дека  ВМРО ДПМНЕ се обидува да го реши урбаниот хаос и пренатрупаната и неефикасна администрација која ја наследиле од СДСМ. „Затоа, ВМРО ДПМНЕ ја разбира вашата потреба од медиумски простор, ја разбира Вашата потреба особено на оваа помлада генерација на СДСМ да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top