Ознака: првата

two and a half men

„Два и пол мажи“ ги руши рекордите на гледаност

Post Views: 5 Без оглед на тоа што многумина не очекуваа дека Ештон Качер доследно ќе го замени легендарниот Чарли Шин во „Два ипол мажи“, тој не само што го направи тоа туку и ги сруши рекордите на гледаност на оваа серија.Чарли ја напушти серијата „Два ипол мажи“, а како негова замена дојде прексрасниот Качер. Многумина очекуваа пад на гледаноста и дека Ештон едноставно нема да може да ги „следи стапките“ на Чарли, кој го толкуваше главениот лик во оваа хумористична серија. Сепак, скептиците останаа со подзинати усти, бидејќи гледаноста на првата епизода од 9 сезона достигна 28.74...

Continue reading

Ohridska Banka

Охридска банка ги намали каматите на кредитите

Post Views: 23 Охридска банка од 1 јануари ги намали каматните стапки на кредитите за население до 1,6 отсто и воведе нов станбен кредит со каматна стапка 6,5 отсто фиксна за првата година. Во банката соопштија дека корекцијата на каматите е резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи од страна на НБРМ, но и за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се понудат поконкурентни услови. „Каматните стапки на кеш експрес-кредитите, студентските кредити, на компакт-кредитот наменет за рефинансирање, како и на пречекорувањето на трансакциска сметка...

Continue reading

tortijada

„Морски брег“ и „Клавир торта“ победнички на 14тата „Тортијада“

Post Views: 0 Прва среќе за Валентина Адамова. Таа годинава за прв пат учествуваше на манифестацијата „Тортијада“ и за својата креација „Морски брег“ во категорија на аматерки ја освои првата награда. „Клавир торта“ од хотел Белведере го освои првото место во категорија професионалци. Женскиот центар „Бисера“ по 19ти пат ја организира манифестација „Тортијада“. Натпреварувачките беа поделени во две категории и тоа аматерки и професионалки. Радува фактот што на оваа манифестација се повеќе учество земаат младите жени. Многу млади прават торти и тоа многу интересни креации. И по вкус...

Continue reading

informatijada

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Post Views: 7 Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри. „Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел, научен дел...

Continue reading

ODW Elektrik

ODW Elektrik до крајот на годинава започнува со производство во Охрид

Post Views: 8 Целосно адаптирана производствената хала за инвестицијата на германската компанија ОДВ електрик. Донесена е и првата производствена линија во адаптираниот објект со големина од 1500 метри квадратни. Огнен Цубалевски, директор на ОДВ Електрик Македонија вели дека очекуваат напролет да започне израдбата на новиот производствен објект во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Според него, само во првата фаза од инвестицијата ќе вложат околу 4 милиони евра, за до крајот на реализацијата на проектот да имаат производствен капацитет на површина од 10000...

Continue reading

Охридските „сино бели“ денес играат бараж за влез во Првата фудбалска лига

Post Views: 0 ГФК Охрид Лихнидос денес во Скопје го игра бараж натпреварот со Ренова за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерите на Охрид во полн состав заминаа во Скопје, а вчера го имаа и последниот тренинг пред големиот дуел. Овој натпревар е клучен и своевидно финале во тековната натпреварувачка сезона за двете екипи. Нашите фудбалери се силно мотивирани и со сите сили ќе се борат за влез во елитното друштво на Македонија.  Бараж дуелот за пласман во ПМФЛ меѓу Охрид и Ренова ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ со почеток од 16 часот.

Continue reading

mob.

Македонија доби прв виртуелен мобилен оператор

Post Views: 2 Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор. Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани. За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички. Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори....

Continue reading

Smolarski vodopadi

На Смоларскиот водопад ќе се одржи првата Костенијада

Post Views: 56 Во функција на развојот на руралниот туризам и промоција на природните богатства на Беласица, општина Ново Село, в недела на просторот под Смоларскиот водопад ќе ја организира првата Костенијада, манифестација која заедно со етно-фестивалот „Новофест“ треба да придонесе за натамошна афирмација на материјалните и духовните вредности на овој регион. Иницијативата на градоначалникот на Ново Село со одушевување беше прифатена од граѓаните на Смолари, кои изразија целосна подготвеност да учествуваат во реализацијата на овој проект. Целта на манифестацијата е презентација...

Continue reading

Ова е добро да се знае ако ви доцни авионот

Post Views: 1 Времето на доцнење на авион се смета од моментот на отворање на првата врата по слетувањето на аеродромот, а не од моментот кога тркалата ќе ја допрат пистата, стои во објаснувањето на Европскиот суд за правда, донесено по спорот кој се водел помеѓу нискобуџетната Germanwings и еден патник кој поради доцнење барал отштета. Патникот барал отштета од Germanwings, тврдејќи дека авионот полетал со доцнење од 3 часа и 10 минути, но од Germanwings одбиле да платат бидејќи авионот на линијата Салзбург – Келн доцнел 2 часа и 58 минути, а отшета исклучиво може да се добие...

Continue reading

logo

Во Охрид ќе се организира Лидерска академија за жени

Post Views: 5 Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од 16-25 јули 2014 година ќе се одржува во Охрид. Оваа академија е во организација на клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција. Повикот за учество на академијата е сеуште во тек и истиот ќе биде отворен до 7-ми јули 2014 година. На овој повик ќе може да се пријават девојки и жени на возраст од 18 до 30 години -Академијата ќе опфати 32...

Continue reading

Нѝ се заканува апокалипса?

Post Views: 8   Научници кои ги проучуваат климатските промени сѐ погласно предупредуваат дека во наредниот период на нашата планета ѝ се заканува апокалипса.  Во првата деценија на 21 век просечната температура на површината на Земјата пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Научниците пресметале дека ако  просечната температура достигне раст од еден степен тогаш ќе се зголеми испарувањето на водата во атмосферата за 7%. Тоа би довело до посилни струења и чести временски неприлики со обилни врнежи. Зборот апокалипса, кој значи крај на светот, често се слушал и на првата меѓународна...

Continue reading

humanitarka

Заминува првата пратка од Охрид за настраданите во Србија и БиХ

Post Views: 0 Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Охриѓани се одзваа на повикот за хуманост кој до нив го упати Црвениот крст од Охрид заедно со локалната самоуправа. Неколкуте нивни пунктови низ градот постојано прибираат помош од хуманите граѓани кои во голем број, секој колку може донираат за настраданите семејства во Србија и Босна и Херцеговина. „Голема количина на помош е овде собрана во Охрид, тоа е од 3 до 5 тона имаме најразновидна помош којашто во текот на утрешниот ден и во среда ќе биде испратена во Црвениот крст на Македонија од каде со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top