Ознака: потегот

sahti

Пази, отворена шахта

Post Views: 0 Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната...

Continue reading

Апел да се исчисти од наталожениот отпад и да се уреди потегот кај месноста Мазија во Охрид

Post Views: 1 Секојдневно се  излеваат фекалии кои го загадуваат езерото,  во езерската трска натрупана е огромна количина отпад, а целиот простор пред триесеттина години е тампониран со секаков вид на градежен шут. Потребно е итно уредување на овој простор, алармира научата фела.  „Овој дел Мазија, кој ние го нарекуваме е тампониран со шут од секаква природа  и тој постепено се разлага  влегува во езерото. Потенцијална опасност е за езерото. Трската се појавува на она место каде е поголемо загадувањето  и така и се движи. Во одреден период бидејки годишно се развива корените се внатре,...

Continue reading

kanal

„Комуналец“ го чисти каналот „Билјанини извори“

Post Views: 3 Во соработка со Капетанијата на пристаништа-Охрид и локалната самоуправа, Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистува каналот „Билјанини Извори„ на потегот од влезот во каналот до Езерската полиција. Потегот се расчистува од трската и отпадот која плива во езерските води, а заради непречена проодност на пловните објекти дел од овој потег ќе се прошири. Заради непристапниот терен активностите ќе се извршуваат рачно од чамец. {loadposition content9}

Continue reading

На потегот од Метропол до селото Пештани денеска почна уривање на платформите во езерото и нелегални објекти на плажите

Post Views: 6 Започна уривањето на објектите на плажите во населбата Лагадин. Механизација со силно полициско присуство утрово уриваше на плажата Акапулко. Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.„Јас се чувстувам страшно изманипулирана. Ветувањата од тие државни службеници кои доаѓаа во контроли  беше дека ќе се корегираат тие договори спрема условите. Меѓутоа  како се префлрија ингеренции на локалната од таму не знаеме зошто почнаа притисок...

Continue reading

stebla

Објаснување за замената на дрворедите на „Партизанска“

Post Views: 0 Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска„ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот. Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи. Деградираните стебла од липи се во фаза на одмината старост и век на живеење и претставуваат опасност по пешаците, сообраќајот и околните објекти. Со своите длабоки и широки корења...

Continue reading

drvored

Започна сечата на дрворедот на „Партизанска“, липите ќе се менуваат со лигуструм

Post Views: 0 Липите на Партизанска заминуваат во заборав. Од денес започна сечата на овие повеќедецениски дрва како дел од реконструкцијата на дрворедот на улиците низ градов.  Од ЈП „Охридски комуналец“ кои се задолжени за реконструкција на дрворедите, велат дека постоечките дрвја на „Партизанска“ ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Од „Комуналец сметаат дека искуството со реконструкцијата на дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ покажала дека лигуструмот има декоративен изглед и е отпорен на временски промени, аерозагадувања и заболувања и нема длабок корен, па...

Continue reading

intervencija komunalec

„Комуналец“ интеревнираше во населбата „Крум Точко“

Post Views: 0 По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба. Просторот се  расчистуваше машински бидејќи беше обраснат со различни видови високи билки со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен. {loadposition content9}

Continue reading

осторв

Продолжува украсувањето на охридскиот градски кеј

Post Views: 1 Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни  острови. Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид. Исто така, на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони  од  палмите кои беа засадени со минатогодишната...

Continue reading

cistaci

„Комуналец“ го средува стариот дел на Охрид

Post Views: 1 Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведe акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско  до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„. Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м3 отпад . Овие вонредни активности „Комуналец“ ги спроведе по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат. {loadposition content9}  

Continue reading

Marko Cepenkov

„Охридски комуналец“ го средува зеленилото на ул. „Марко Цепенков“

Post Views: 4 Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира  пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и  видливоста на сообраќајните знаци. Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите...

Continue reading

kasarna

Локалната со големи планови за земјиштето од поранешната касарна

Post Views: 0 Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции,  државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег. „На ова место донесена е планска документација...

Continue reading

куќи

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани

Post Views: 0 Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности.  Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно  пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да  не се иневстира во големи згради туку во хотелски обејкти...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top