Post Views: 5
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува обележување на јавните површини за поставување на урбана опрема. Исто така од јавното претпријатие вршат и обележување на просторот за потребите на Гимназијадата Охрид -2014.
Во склоп на нивните тековни активности се пристапува и кон чистење на сливниците по улица Димитар Влахов, а се оформува и простор во с. Рача по санирање на дефект на водоводна мрежа.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Сообраќајна грпка за поголема безбедност. Основното училиште „Братство Единство“ заедно со советот на родители со иницијатива за поставување на сообраќајна грпка во непосредна близина на училиштето на улица „7ми Ноември“. Вакво помошно средство за регулирање на сообраќајот веќе има на едниот крај од улицата во близина на влезот на училиштето. Проблематичен е само пешачкиот премин што се наоѓа пред објектот на некогашна Охридска трговија.
Професорот Борис Лушески вели дека дечињата често без да внимаваат токму во тој дел ја префрлаат улицата, што во минатото не ретко...
Post Views: 0
Секторот за туризам и локален економски развој започна акција за поставување на туристички информативни таблиниз 26 локации во Охрид. Истите се поставуваат со цел туристите и гостите кои ќе дојдат во градов навремено да бидат известени за културните, историските, природните и туристичките знаменитости како и за останатите објекти и содржини кои се специфични за Охрид.
Во текот на вчерашниот ден вакви туристички информативни табли со соодветен знак на објектот или содржината на која се однесуваат беа поставени на шест локации во градов.
– Охридско езеро (знак езеро)...
Post Views: 3
Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија.
Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување ...
Post Views: 7
Во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид за 2014- та година според претходно утврдените проблеми во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, со оваа програмска активност се предвидува изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи.
На нив, регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и достоинствен начин, со што би се вовел ред како...
Post Views: 2
Пониски цени за закуп и комунална такса. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари. Така беше одлучено на вчерашната 20-та седница на Советот на општина Охрид. Според Програмата за поставување на урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен ќе чини 250 денари во првата зона, 150 денари во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така ќе биде намалена и висината на комуналан такса од 10 денари на 7,5 денари.
-Во изминатиов период имавме интензивна...
Post Views: 0
Дваесеттата седница на Советот на општина Охрид закажана е за вторник 11 март. На дневен ред предложени се вкупно 56 точки. Предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на одделението за даноци, комунални такси, противпожарната единица, секторот за спорт млади, невладини организации, како и реализација на програмите за развој на заштита на животната средина, локалниот еконмски развој, потикнување на развој на туризмот и др, за минатата година, се меѓу првите дваесеттина точки. Исто така на усвојување се и предлог одлуките на извештаите од работење на јавните...
Post Views: 4
Утринава екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид започнаа со обележување на границите за поставување на урбана опрема во старата чаршија. Сопствениците на угостителски објекти кои сакаат да поставуваат урбана опрема пред своите објекти, најпрво мора да го закупат тој простор, според цената која ќе ја одреди Советот на општина Охрид при носењето на Програмата за поставување урбана опрема.Инаку, секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, графички и текстуален. Во тие делови дефинирани...
Post Views: 2
Зонските цени за месечен закуп на простор за поставување на времени објекти, неприфатливи за сопствениците на постоечки објекти од ваков вид. Денес од градоначалникот Никола Бакрачески ги слушнаа новите предлог цени за кои тој потенцираше дека се за педесетина проценти пониски од претходно предложените. Предлог цените се однесуваат на времени објекти со големина од 4 до 8 метри квадратни, како и објекти со големина над 9 метри квадратни.
Имено за објектите до 8 метри квадратни, цената за закуп на метар квадратен месечно во првата зона изнесува 500 денари, за втората...
Post Views: 0
За советникот од ЛДП, Дејан Блажески како што вели тој „аферата лизгалиште“ сеуште не е затворена тема. Тој денеска побара секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Блажески нелегалното поставување на лизгалиштето стои потписот на секретарот Димтиар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска.
Ова е таа коализија на документи за која што ви зборував, се гледа дека еден документ со друг се судираат. Двоецот Спасески- Здравеска бараат...
Post Views: 4
Промена на цената на закуп на место за поставување урбана опрема, зимски и летни тарифи на закупот, намалување на комуналната такса се само дел од предлозите кои излегоа од денешната средба помеѓу угостителскиот еснаф од градов и претставниците од локалната самоуправа. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ваквите средби се добра основа за локалната да изработи подобра програма за поставување на урбана опрема за 2014та година.
„Поразговаравме околу заложбите на локалната самоуправа да излезе во пресрет на барањата на угостителите кои во изминатите неколку месеци...
Post Views: 10
Согласно програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид на ден 20.02.2014 год. со почеток во 15: 00 часот во малата сала на општина Охрид ќе се одржи работен состанок за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти.
Состанокот ќе има единствена точка на дневен ред:1. 1. Утврдување на измените на правилникот и ценовникот за поставување на урбана опрема и начинот за утврдување на површината за користење на урбаната опрема. Повеќе инофрмации во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.
{loadposition content9}