Угостителите побараа намалување на цената на закупот за поставување урбана опрема

Локалната самоуправа преку зачестени средби со угостителите ќе ја креира програмата за поставување на урбана опрема.

 |  Мишел Наумоски  | 
urbana
урбана

Промена на цената на закуп на место за поставување урбана опрема, зимски и летни тарифи на закупот, намалување на комуналната такса се само дел од предлозите кои излегоа од денешната средба помеѓу угостителскиот еснаф од градов и претставниците од локалната самоуправа. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ваквите средби се добра основа за локалната да изработи подобра програма за поставување на урбана опрема за 2014та година.

urbana oprema„Поразговаравме околу заложбите на локалната самоуправа да излезе во пресрет на барањата на угостителите кои во изминатите неколку месеци како поединечни средби ги имавме со нив во едлот на можноста од намалување на закупот за поставување на урбана опрема и евентуално комуналната такса, можноста од воведување на зонска наплатаа, односно поделба на општината по зони врз основа на кои ќе се создадат различни тарифници и периодот за кој ќе се прави закуп.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Угостителите пак задоволни од реакцијата на локалната на нивните предлози.

ugostiteli urbana oprema„Сметам дека средбата беше многу успешна, се изнесоа ставовите на охридските угостители и сметам дека за разлика од други средби, на оваа средба се изнајде доволно сила и разбирање за начинот на решавање на проблемите да биде пофлексибилен одколку досега. Вака е само најавено една идна средба на која сите тие предлози на сите страни, ќе бидат повторно ревидирани и оттука понатаму да дојдеме до еден постојан, подолгорочен, но и поквалитетен заклучок.“-рече претседателот на Охридски еснаф, Михаил Мишев.

На средбата беше дискутирано и околу контроверзното прашање околу толкувањето на Законот за забрана за пушење во јавни објекти, особено во делот на заградување на простори во угостителските објекти за таа намена. Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека и овој закон како и сите останати е подложен на можни измени.

„Ние како локална самоуправа немаме ингеренции во носење на законски одредби, но секако дека почитувајќи ги размислувањата на угостителите, оние кои се најмногу засегнати со законот за забрана за пушење, ние имаме обврска сите тие размислувања да ги трансферираме кон надлежните служби кои сметам дека во идниот период ќе ги расчистиме и тие дилеми кои постојат, не само кај инспекциските служби на локалната самоуправа, туку и кај самите угостители и државните инспекциски служби.“-изјави градоначалникот Бакрачески.

Инаку на средбата покрај другото беше изнесено и прашањето околу фиксно продолжување на работното време во летниот период, како и нејаснотиите околу тоа дали угостителскиот објект кој е сместен на приватен имот е должен да плаќа комунална такса. Како и можноста за воведување на зимски и летни тарифи за закуп со оглед на тоа што најголемиот дел од угостителите во зимскиот период не поставуваат столици пред својот објект.

{loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top