Ознака: плаќа

mrtv

УЈП започна со наплата на радиодифузната такса

Post Views: 5 Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека започна со наплатата на радиодифузната такса со доставување на решенија за јануари 2011 г. Новиот начин на плаќање се состои во тоа што целокупната постапка за наплата ќе ја врши Управата за јавни приходи, наместо како досега ЈП Македонска радиотелевизија.Од УЈП наведуваат дека радиодифузната такса ќе треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот, во спротивно ќе се пресметува камата од 0,03% на износот кој нема да биде платен во законскиот рок и тоа за секој ден задоцнување.Обврска да плаќа радиодифузна такса во месечен...

Continue reading

carina

Се укинува царината за увоз на половни странски возила

Post Views: 1 Од 2011-та, за увозот на возила од земјите на Европската Унија нема да се плаќа царина. Иако ова е неофицијална информација, се очекува денеска да биде потврдена и од Министреството за финансии и Царинската Управа во земјава. Како што дознаваме, ќе се носи нов закон, со кој треба да се изедначи со легиславите на земјите од Европската Унија. Во исто време, се очекува царинската управа да дообјасни зошто викендов не ги пропушташе сопствениците на странските возила со двојно државјанство да влезат во земјава. Тврдеа дека тие возила се задржале на територијата на Македонија...

Continue reading

narodna

За ВМРО Народна, експропријацијата на земјиштето за автопатот е спорна

Post Views: 0 ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба...

Continue reading

вип

Склучила договор за користење интренет, услугата не ја добива, а плаќа сметки

Post Views: 0   Виолета Белическа Ивановска се жали на неисполнета услуга од ВИП мобилниот опрератор. Таа  склучила договор на 24 месеци за користење на интернет услуга. Тврди дека од  17 април па се до денес не може да ја користи бараната услуга, заради дефект.  Побарала од продажниот центар на мобилниот оператор ВИП во Охрид,  како што вели да се отстрани проблемот за да ја користи услугата, а не да плаќа нешто што не го користи. УСБто преку кој Белическа Ивановска треба да ја користи интернет услугата од 23 август е доставен во ВИП и чека одговор што ќе се случи понатака. „ Мислам...

Continue reading

tezgi

Изгор цени, се помалку тезги

Post Views: 4 На охридскиот пазар изгор цени и се помалку продавачи. Економската криза тропна и тука. Од закупот на тезги најчесто се откажуваат  индивидуалните земјоделци кои годишно треба да издвојат сума од 22.400 денари. Не помагаат ни обидите од РЕ „Пазар“ сумата да се плаќа на месечни рати. Околу 20 посто од поранешните закупци ги  откажале услугите за користење на простор за продавање,  вели директорот на пазарот Живка Анѓелоска. „Цените не се променети и оваа состојба се должи на општата состојба со земјоделците во земјата и на финансиката состојба во државата“. Од РЕ „Пазар“...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top