Ознака: плаќаат

bazen

Доцни почетокот на школите за пливање

Post Views: 4 Охриѓанчињата кои се заинтересирани ова лето да посетуваат школа за пливање, со нетрпение очекуваат да влезат во водите на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Но, за нив долгоочекуваниот момент никако да се случи. Големите пак не можат да се договорат. Градскиот базен „Атина Бојаџи“ започнува со работа утре, меѓутоа само рекреативно. Повеќето од 200 те деца запишани во школите за пливање ќе треба да почекаат школите да ги усогласат термините за работа. Од Локалната велат дека базенот е комплетно спремен за отворање на оваа нова пливачка сезона, односно  отстранети се сите...

Continue reading

proakva logo

„Проаква“ си ја сака и канализацијата

Post Views: 9 Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот систем Раководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит...

Continue reading

gimnazija

Учениците и професорите од ОСУ„Св Климент Охридски“ во униформи

Post Views: 5 Средношколците и професорите од ОСУ Св. Климент Охридски со унифицирана гардероба. Учениците добија дел од облеката, а  до крајот на неделава треба да им се поделат уште полуверите. Родителите реагираат дека сумата која ја плаќаат 1947 денари за поло маичка, блуза до долги ракави и полувер е  премногу во споредба со квалитетот на облеката што го добија децата. Во интерес на вистината контектирваме со директорот на Училиштето Наум Рилковски. Тој и покрај тоа што денеска беше презафатен бидејќи во училиштето до петок гостува делегација од Словенија, сепак телефонски ни...

Continue reading

sileks

Од утре помал ДДВ за хотелиерите

Post Views: 6 Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски. „ Од голема помош ќе биде за нас бидејќи ќе овозможи едноставно ние како креатори на ценовната политика, малку од малку да имаме поголема слобода во креирањето на цените, бидејќи сметам дека 18% предизвикуваше само едно партнерство со државата. Ние хотелите работевме, но рамноправно со државата. Сега ќе има поголема...

Continue reading

sini kartoni

Тече пререгистрацијата на невработените лица

Post Views: 1 Во Центарот за вработување на посебен шалтер од Фондот за здравствено осигурување невработените лица започнаа со пререгистрција. Од пререгистрацијата се иземени невработените кои користат здравствено осигурување по друг законски основ и оние кои не оствариле приход. Со измените на Законот за задолжително социјално и Законот за здравствено осигурување кои стапуваат на сила од 1 септември невработените лица кои досега користеле сини картони на терет на државата, а во мината година оствариле приход, ќе плаќаат од својот џеб.  Доколку оствариле приход добро е пред да потпишат...

Continue reading

parking

Непрофитабилен единствениот градски паркинг за автобуси

Post Views: 3 Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели  немаат економска  исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари.  Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува  дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму  каде што не плаќаат пари...

Continue reading

rubin zemon

Египќаните на протест

Post Views: 6 Апсолутна дискриминација. Египќаните не отстапуваат од своето барање, нивна застапеност во пописната комисија за престојниот пописен процес, кој треба да се случи април годинава. Рубин Земон, претседателот на Сојузот на балканските Египќани рече дека египќаните секогаш биле лојални граѓани на Р. Македонија и го дале својот конструктивен придонес во градењето на македонското општество. Земон кажа што досега презеле кај високите државни институции за да се согледаат нивните барања. Сојузот на балканските Египќани, Здружението на египќани на Македонија и Здружението за...

Continue reading

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ реагира на обвинувањата на локалната

Post Views: 13 Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов  реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа. „И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии,...

Continue reading

avtomobil

Нула царина за возилата произведени во ЕУ

Post Views: 1 На 1ви Јануари оваа година истече Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација според која во период од 10 години требаше да се врши усогласување на Македонското со Европското законодавство. Царинските давачки кои се плаќаа во изминативе 10 години конечно стануваат минато за нашите граѓани. Не ретко низ охридските улици се среќаваат возила со странски таблички, најчесто од Бугарија, Италија, Словенија и други земји. Истите мора да се регистрираат со ознаките на нашата земја. Овој режим на граѓаните им овозможува ослободување од високите царински давачки кои изминатава...

Continue reading

niskogradba

Плаќаат сметки за канализација, а користат септички јами

Post Views: 0 Граѓани плаќаат сметка за услуга што не ја користат. Вака реагираат дел од граѓаните кои не се приклучени на сиситемот за каналаизација, а се затекнати од новата давачка кон  ЈП Нискоградба. Се жалат на новите сметки за канализација или по ново одведување на отпадни води дека плаќаат услуга која не ја  користат. Даваат пари за канализација, а користат септички јами. Од ЈП Нискоградба признаваат дека има случаи кога граѓани до нив пријавуваат вакви неправилности. Објаснуваат дека податоците за корисниците се автоматски преземени од МЈП Проаква. „Доколку има пропусти граѓаните...

Continue reading

uniforma

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Post Views: 9 Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор...

Continue reading

Приватните станоиздавачи нема да плаќаат индустриска струја

Post Views: 1 Нормални тарифи за категоризираните станоиздавачи. Општинскиот инспекторат од Охрид, на страна на народот. Проблемот кој деновиве настана кај приватните станоиздавачи со ЕВН, заради наплатување на индустриска струја на овие корисници, надминат. Имено, раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека неможе туку така да се фрлат во вода нивните тригодишни напори за категоризација на сместувачките капацитети во Охрид. За таа цел постигнат е договор со ЕВН, во интерес на барањата на станоиздавачите, додава Танасоски. Танасоски рече доколку некој од станоиздавачите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top