Ознака: плати

maticen

Ќе има ли штрајк на матичните лекари?

Post Views: 1 Лекарите на маса пред Тодоров се очекува да изнесат цел список барања за подобри услови и повисоки плати во примарното здравство.Тие бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот (капитацијата) по пациент, како и воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата. Велат дека исплатата на К-15 што им се стави како законска обврска, а дополнително ја оптоварува финансиската состојба на ординациите. Зголемени...

Continue reading

fudbal

Фудбалерите на Охрид 2004 утре играат за да добијат плата

Post Views: 8 Фудбалерите на единствениот охридски претставник во македонската прва лига конечно ќе добијат дел од заостанатите плати. Досегашниот извршен директор на клубот си поднесе оставка како што вели тој „За доброто на клубот кој што сакам да оди напред.“ По неговата оставка, фудбалерите ја зедоа судбината во свои раце и решија да си наплатат дел од долговите кои спрема нив ги има клубот. За таа цел под мотото „Купи билет, навивај за Охрид“ ќе го одиграат утрешниот прволигашки натпревар против кичевски „Напредок“ во рамките на 11то коло од Првата македонска фудбалска лига. „Ние...

Continue reading

gradinka

Протест во струшката детска градинка „Сонце“

Post Views: 8 11 вработени со договор на дело, во понеделник, својот револт заради непридржување кон договорот, како и поради три неисплатени плати, ќе го искажат со протест. Градоначалникот на Струга во врска овој проблем со свој став. „Тука се работи за вработени кои биле долго време по 7, 10 години, со договор на дело кои ги плаќала градинакта со сопствени средства или со средства од МТСП. Ние помагаме но не можеме во целост да се носиме со тој терет бидејќи во буџетот на општина Струга не е предвидено. Револтот е оправдан, бидејќи тој број во градинката е неопходен за извршување...

Continue reading

sednica Struga

Нелегалната албанска паралелка од Подгорци ќе добие сведителства

Post Views: 5 Заврши и четириесеттата седница на советот на општина Струга. Седницата која минатата недела беше прекината, овој пат струшките советници ја истуркаа до крај. Само за потсетување, минатата среда оваа седница заглави на деветтата точка од дневниот ред која се однесуваше на работењето на нелегалните паралелки во струшкото село Подгорци. По обемната дискусија, седницата беше одложена за денес. Оваа среда пак без никаква дискусија советниците веднаш поминаа на гласање. Со 13 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ и еден воздржан беше дадено зелено светло за оваа точка во која се бараше наместо...

Continue reading

vraboteni komunalno

ЈП „Комунално“ штрајкува

Post Views: 0 Се ниша фотељата на Петко Кутаноски. Поголемиот дел од работниците денес прекинаа со работа и штрајкуваа барајќи ги своите права. Крајно револтирани велат дека не можат повеќе да издржат без пари и без сини картони, бидејќи сметките се таложат, а со тоа ги трпат и санкциите како што е исклучување на струја, а има и такви кои поради неплатената кирија можат да останат на улица. Дел од нив не сакаа јавно да коментираат пред нашата камера, но кажаа дека директорот лично им се јавувал и им вршел силен притисок, па дури им се заканувал дека ќе ги избрка од работа, доколку...

Continue reading

kamion

Еден денар плата

Post Views: 4 Еден денар плата добија вработените во ЈП „Комунално“ Струга. „Не можев да си поверувам кога го проверив извештајот на банката, дека на ден 14 ти март годинава направен е трансфер од еден денар за исплата на плата“. Ова го кажува вработен во ЈП „Комунално“, Струга, кој не сакаше да проговори пред нашата камера, стравувајќи дека ќе биде казнет. Оваа информација со доза на резерва ја примивме и ние, сметајќи дека се работи за некаква техничка грешка. Но изводот од сметката до кој дојде ТВМ, покажува црно на бело.Претседателот на синдикатот на ЈП, Борче Мижимакоски, вели...

Continue reading

ММФ официјално објави дека Грција не ја плати ратата од долгот

Post Views: 3 Сите погледи сега се свртени кон шефицата на ММФ Кристин Лагард и дали таа ќе прогласи банкрот или ќе и даде последна шанса и продолжен рок од еден месец на Грција?Грција е првата индустриска држава која има заостанат долг кај Меѓунaродниот монетарен фонд. Од седиштето на ММФ се вели дека Атина ќе може да добие натамошни средства од оваа институција откако ќе ја плати заостaнатата рата. Освен тоа, ММФ потвrди и дека Грција до последната минута молела за одлагање на плаќањето на долгот. Околу ваквото барање Фондот ќе се советува кога за „тоа ќе дојде време“, се вели во...

Continue reading

Среда е крајниот рок фирмите да издадат пресметки за исплатени плати

Post Views: 6 Среда е крајниот рок кога фирмите на своите вработени треба да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, персонален данок и придонеси. Ако не го сторат тоа- ќе плаќаат глоба од 3,000 евра, а за одговорното лице казната изнесува 30% од одмерената глобата, информира Управата за јавни приходи. Овие пресметки се неопходни за граѓаните да можат да поднесат Годишна даночна пријава. Задолжително пријава се поднесува ако во изминатата 2016 та лицата освен плата или пензија или приходи од земјоделска дејност, имале и други, дополнителни , како приходи од кирии, авторски...

Continue reading

kutanoski

Плата ќе има за да не дојде до штрајк

Post Views: 1 Од синдикатот на ЈП „Комунално“, Струга деновиве најавуваат штрајк, поради неколкуте неисплатени плати на вработените. Ваквата реакција на вработените во ЈП „Комунално“, Струга, не е прв пат да се случи, посебно откако во фотељата седи актуелниот директор. Од истиот синдикат има информација дека општина Струга на ЈП „Комунално му должи 300 000 евра. Овој податок пак го негира градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и вети дека и овој пат ќе го извлечка од кал претпријатието и дека нема да дозволи да се случи штрајк. {loadposition content9}

Continue reading

ЕУ е уморна од Google и покренува обвинение

Post Views: 2 Европската унија, како што пишува The Wall Street Journal, наскоро ќе подигне обвинение против Google поради злоупотреба на положбата на пазарот, а ако тој процес заврши со казна за американската компанија таа би можела да плати повеќе од 6 милијарди долари. Имено, спрема прописите на ЕУ во такви случаеви компанијата може да се казни со најмногу 10% од годишните приходи. Истрагата на ЕУ над Google трае 5 години, а освен тоа што била попречувана три пати, предизвикала и политичка бура. Меѓутоа комисијата на Juncker овој пат одлучила да оди до крај и побарала од компаниите...

Continue reading

Општината повторно ќе го плати долгот за струја на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 15 Основното училиште „Григор Прличев“ повторно со општинска помош ќе го регулира  заостанатиот долг кон ЕВН, бидејќи е во неможност да го плати поради блокираната сметка за нерешени имотно правни односи. Охридските советници досега неколку пати се најдоа во ситуација да изгласуваат ваква предлог одлука, а барем засега долгорочно решение за проблемот не е постигнато. Советниците од опозицијата велат дека иако даваат поддршка на одлуката за излегување во пресрет на ова основно училиште, сепак сметаат дека проблемот суштински не се решава. Признаваат дека станува збор за...

Continue reading

avtobuski postojki

Автобуски постојки по светски терк

Post Views: 1 Мала но значајна инвестиција. Во Струга се реновираат автобуските постојки. Теретот за средствата на инвестицијата е поделен на два дела. Еден дел ќе плати Локалната, а друг Прокредит Банка. Нов изглед на автобуските постојки во Струга. На осум локации во општината, се реновираат автобуските постојки. Иницијативата е на Прокредит Банка, а реализацијата заедничка, на Локалната и на Банката, вели Владислав Жупан, советник за проекти при Општина Струга. „ Веќе подолго време имавме проблем со автобуските постојки во општина Струга. Истите беа комплетно девастирани и требаше...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top