Ознака: партија

OO SDSM

ОО СДСМ ќе ги отвора вратите на иднинатата и кај Охридѓани

Post Views: 6 Од 01 октомви 2012 год. започнува реализацијата на „Отвори врата за иднината“. Од ОО на СДСМ велат дека ова е оргинален проект на СДСМ во 21 годишното повеќе партиско искуство на Р Македонија преку кој за прв пат активистите на СДСМ во периодот од 18 до 21.00 часот  ќе ги посетат сите домови ќе чукнат на секоја врата и ќе поразговараат со граѓаните.   „Ќе поразговаат поточно ќе ги слушнат нивните ставови и нивните мислења, нивните предлози.  Што е она што треба да се направи за нив, што е она што треба да се направи за нивната улица што е најважното што треба да се направи...

Continue reading

politicka akademija

Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“

Post Views: 3 Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“,  Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на...

Continue reading

kostoski i blazeski

Соработка помеѓу ВМРО-Нарoдна и ЛДП на локално ниво

Post Views: 2 Веќе 2-3 месеци наназад во завршна фаза се напорите за формирање на трет блок, составен од  ВМРО-Нардона и Либерално демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинство, објасни претседателот на ОК на ВМРО-Народна Ванчо Костоски. „Соработката помеѓу овие четири политички партии е во завршна фаза и една од активностите која беше соопштена на прес конференција на државно ниво ќе биде одржувањето на трибината во Охрид на 29.мај“ вели Костоски. Претседателот на О.О на ЛДП од Охрид, Дејан Блажески информира дека  жално е што треба да се става акцент на тоа дали партија...

Continue reading

brod

Бродарите изненадени од смената на Настовски

Post Views: 5 Охридските бродари изненадени од разрешувањето на капетанот Љупчо Настовски од функцијата раководител на капетанија на пристаништата на Македонија.  Велат дека веста за разрешувањето на Настовски ја дознале од медиумите. И покрај тоа што во минатото бродарите реагираа на лошата комуникација со капетанот и на неговото непознавање на работите, сепак денес тие велат дека во последно време работите видно се променале. „После она што беше пред две години односите се подобруваа и станаа навистина добри во последно време во било кој план. Претпоставуваме дека увидоа дека во...

Continue reading

wave

Новиот бран на ВМРО – ДПМНЕ ќе го заплисне и Охрид

Post Views: 16   Владејачката партија реши да ги проветри сопствените редови и најави кадровски промени и освежувања во општинските комитети и државните институции. Оттаму и насловот „Нов бран“ кој треба да асоцира  на нови личности и на свежината што се очекува да ја донесат.Пратениците од Охрид, Александар Николовски и Харалампие Шокаровски викендов во родниот град. Дали се тука да отворат пенџере и да проветрат? Николовски појасни дека дел од функционерите се долги години на иста функција и нивното работење се скенира, колку се успешни и колку граѓаните се задоволни од нив. „Со...

Continue reading

mihailov

Михаилов во домот на Размоски

Post Views: 7 Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена. Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош. „Тоа го правиме навистина...

Continue reading

Dejan Blazeski

ЛДП-Охрид доби нов претседател

Post Views: 21 Дејан Блажески е новиот претседател на општинската организација на Либерално-демократската партија од Охрид. Шестото по ред годишно собрание на партијата донесе промени во раководните структури, и ги постави целите на ЛДП за претстојниот период. Сите 100 делегати гласаа ЗА, за единствената поднесена кандидатура, со која Дејан Блажески стана нов претседател на охридската ЛДП. „Јас се надевам и ветив пред делегатите и присутните дека чесно и одговорно ќе ја вршам оваа функција и дека ЛДП се наоѓа повторно на стазите на кои што беше порано. А, доказ дека постоиме после...

Continue reading

Избори 2011

Post Views: 9 ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше проектите за развој на Охрид. Овие проекти се дел од Манифестот за реформи и развој за кој од ДПМНЕ велат дека е носител на нивната кампања. Автопатско поврзување на Охрид со Гостивар во должина од 128 километри, железничка пруга Кичево-Струга и 126 нови куќи и станови за социјални случаи и самохрани мајки до 2013 година. Фокусот на реформите од ВМРО-ДПМНЕ велат е на инфраструктурната изградба. Враќање на дигнитетот на образовните институции. Тоа е мисијата која Либерално демократската партија ја постави како своја основна идеја за претстојните...

Continue reading

vmro-np

ВМРО- НАРОДНА нема да згасне

Post Views: 9 „ВМРО- НАРОДНА нема да згасне. Сега ќе имате работа со вистинското ВМРО“, порача на денешната прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-Народна, Ванчо Костоски. „Апсолутно не е вистина дека ВМРО-НП згаснува“, информира на денешната прес конференција Ванчо Костоски, претседателот на О.К. на ВМРО-НП. Костоски додаде дека една политичка партија може да престане да постои да дејствува, само со одлука на највисокото тело, односно Централниот Комитет. Само ова тело може да донесе таква одлука, никој друг па, ни претседател на политичка партија. Костоски...

Continue reading

marjan Dodovski

Додовски од ВМРО-НП премина во ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 4 Досегашниот лидер на ВМРО – Народна Партија, Маријан Додовски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ. Според Додовски атмосферата во партијата била неподнослива па морал да преземе чекор со кој радикално би ги променил состојбите. ВМРО Народна повторно ја превзема Љупчо Георгиевски. Состанокот на извршниот комитет кој првично беше најавен за во сабота, поради итноста е презакажан за вечерва. Членот на Извршниот комитет на ВМРО НП и претседател на ОК, Ванчо Костоски вели дека подолго време биле запознаени со активностите на Додовски и неговите тајни контакти со ВМРО ДПМНЕ и додава ...

Continue reading

Petreski

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ му зедоа мужде на Петрески

Post Views: 2 Владата попушти. Даде зелено светло за влез на Охрид во долгоочекуваната втора фаза на децентрализација. Муждето на градоначалникот му го зедоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е добро вели Петрески, но начинот на кој Владата се пофали најпрво пред своите симпатизери е чиста политика. Градоначалникот е зачуден од начинот на комуникација на Владата. Според него претходно не биле информирани ниту тој, ниту општината, ниту советот иако оваа информација е од интерес на охриѓани. Владата треба да работи за сите граѓани во државава, потенцира Петрески. „Mене ме чуди, а не е...

Continue reading

vmro-np

ВМРО НП обвини: Власта примени невидени методи врз нашите членови

Post Views: 9 Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече  делумно се задоволни  од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски  тоа го објаснува како резултат од методите кои  ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани  и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top