Ознака: организацијата

Хуманоста не старее, 70 години Црвен крст Охрид

Post Views: 3 На денешен ден, пред 70 години, Црвен крст Охрид организирано ја започна својата хуманитарна мисија. Во создавањето и развојот на Црвен крст Охрид биле вклучени безброј имени и безимени активисти кои оставиле свои траги во делувањето и растежот на организацијата. Овој седумдесет годишен период на грижа за човекот и достоинството на човечкиот живот, бележи голем број активности од социјално-хуманитарната програма, здравственото воспитување и превенцијата на болести на срцето и крвните садови, превенција на туберкулозата, ХИВ-СИДА, превенција на ракот, превенција на болестите...

Continue reading

somelier

Секој угостителски објект кој служи вино треба да има сомелиер

Post Views: 1 Угостителите од градов и малите винарии учат како подобро да го презентираат виното, да го разберат виното, од каде потекнува, кои сорти се соодветни за нашата земја, како подобро да го продадат но и да го спојат со храната која ја нудат на своите гости. Денес и утре Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации заедно со тренинг центарот на винаријата Камник организираат обука за лозарство и енологија во градов. Според Ана Амбаркова, консултант за развој на кластери при оваа организација, смета дека со ваквата обука ќе се влијае на развивање и подобрување...

Continue reading

donacija

Со донација до нови инструменти

Post Views: 3 Основното музичко училиште „Методи Патче“ доби донација во висина од 5 300 американски долари, со кои ќе се набават инструменти за училишето. Средствата ги подари oрганизацијата „Македонија 2025“ која во Охрид го организира Глобалниот инвестициски самит. Парите беа собрани од концертот што оваа организација го организира во октомври минатата година во црквата „Света Софија“ за учесниците на самитот. Донацијата ја врачи Зоран Мартиновски, член на Бордот на директори на „Македонија 2025“. Тој рече дека оваа организација и во иднина ќе инвестира во културата во Македонија....

Continue reading

На повидок скандал

Post Views: 3 ФБИ во тајни следења, планирани по 11 септември 2001, ги охрабрувал, поттикнувал а понекогаш и ги плаќал американските муслимани да прават атентати, се заклучува во известувањето на HRW (Human Right Watch) објавено во петокот. Во голем број од повеќе од 500 случаи, поврзани со тероризам кои се водат во американските судови по 11 септември 2001 година, американското министерство за правосудство и ФБИ ги поттикнувале американските муслимани во незаконски терористички операции втемелени на верска и етничка припадност, се предупредува во соопштението на организацијата Human...

Continue reading

mise

Бесплатен паркинг за Богојавление-Водици

Post Views: 2 Првиот човек на ЈП „Билјанини изври“, Ристе Мише, за нецел месец на охриѓани и бројните гости што го посетуваат градот за време на големите верски празници им овозможи бесплатен паркинг. Тој смета дека на тој начи допринесуваат организацијата на верските празници да биде полесна и беспрекорнаа воедно тој гест да остави добар впечаток кај гостите. „Како за големиот христијански празник Божиќ така и за престојниот празник Богојавление  – Водици ЈП „Билјанини извори“ одлучи на нашите сограѓани и гостите кои престојуваат во Охрид за овој празник користењето на паркинг...

Continue reading

hristo uzunov

Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии

Post Views: 11 Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии за кои мал дел од граѓаните знаат. Тоа се брадата и ќесето на овој наш голем револуционер и визионер. И двете се стигнати во Охрид после макотрпни залагања на сега веќе покојниот кустос Никола Целакоски. Приказната за брадата на Христо Узунов започнува на денот на неговото загинување кога тој со своја рака си го одзел животот со цел жив да не му се предаде на непријателот. Пред да биде погребан некоја жена му ја отсекла брадата за да и ја испрати на неговата мајка на која Христо и бил син единец и неизмерно...

Continue reading

krediti brisuri

Корисниците на кредити за своите права ќе се едуцираат преку брошури

Post Views: 8 Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити? Кој е кредиторот, што е договор за потрошувачки кредит, на што најчесто треба да внимаваат граѓаните,  кој е рокот за откажување на кредитот и кои се надлежни институции кога конкретен потрошувач би се нашол со конкретен проблем и на кои може да се обрат? Одговорите на овие прашања граѓаните од сега ќе можат да ги пронајдат во брошурата издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, а подржана од министерството за економија. Од ОПМ велат дека брошурата е изработена според претставки на кои...

Continue reading

maraton

Скопјанецот Илиевски прв на целта на Илинденскиот маратон

Post Views: 3 Александар Илиевски од ПК Студент од Скопје стигна прв на целта на малиот илинденски маратон во пливање. Со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки тој ја преплива два и пол километарската патека, на потегот Горица – Охрид и тоа за прв пат го направи победник во сениорска категорија. Додека пак од женските пливачки најдобро се покажа Теа Калајлиева. „Не беше толку лесно ова ми е 11 пат како го пливам Охрид под 16 години три пати по ред го освоив маратонот а сега над 16 години прв пат го освојувам маратонот. Цела година се подготвувам ова ми беше како контрола пред...

Continue reading

mleko

Граѓаните бараат државата да ги заштити од прехрамбените производи со сомнителен квалитет

Post Views: 1 Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“  сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди  дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет.  Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак  се скептични кон квалитетот и голем  број од нив кои го конзумираа...

Continue reading

evn Ohrid

Граѓаните гневни поради поскапувањето на струјата

Post Views: 13 9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија  да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и неверување....

Continue reading

tekwondo deca

Започна Охрид Опен 2012

Post Views: 0 Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот...

Continue reading

donacija

30 училишни комплети за основците од „Братство единство“

Post Views: 7 Комплети училишен прибор за потреби на учениците од ОУ Братство Единство од Охрид. Целата идеја потекнала од дефектологот во училиштето Наташа Илоска, која објасни дека нивното училиште е едно од ретките во Охрид, кое овие дечиња ги има вклучено во редовната настава. А истите тие дечиња потекнуваат од социјално загрозени семејства, па ваквата помош им беше повеќе од потребна, додава Илоска. „Така и овој пат бидејќи во нашето училиште опфатени се голем број ученици со посебни образовни потреби, а дел од нив се социјално и воспитно загрозени, ни беше потребна помош за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top