Ознака: овој

star grad

Секој може ама не руши

Post Views: 8 Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат  мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид.  Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт...

Continue reading

pozarna

Бадијала пожарна ако доцни ЕВН

Post Views: 5 Охридската и струшката  противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн. При  интервенции врз опожарени објекти службите на ЕВН стигнуваат со задоцнување за да ја исклучат струјата за потоа  пожарникарите да го гаснат оганот, вели командирот на противпожарната единица од Струга, Урим Каба. Дежурните служби на ЕВН многу пати не се одзиваат или пак доаѓаат со задоцнување  по нашиот повик, објаснува Каба. „ Ние  имаме водено усмени разговори  со раководителот на подрачната единица во Струга за проблемите кои ние ги имаме....

Continue reading

sahti

Посебна миризба ги заплиснува грѓаните на Охрид

Post Views: 12 Граѓаните се жалат на неподнослива реа која доаѓа од шахтите. Оваа појава посебно е застапена во централното градско подрачје. На овие афрички горештини распаѓањето на фекалиите е побрзо па затоа и миризбата е поинтензивна, објаснуваат од ЈП Нискоградба. Од таму знаат за овој проблем, но немаат што многу да направат. Илче Каневчев, раководителот на административниот сектор во Нискоградба вели дека за да не доаѓа до овој проблем треба да се смени целосно цевководот и да се заменат шахтите, а тоа може да се направи само со  целосно нов проект. Најголем проблем преставуваат...

Continue reading

овоски Трпејца

Уништен овоштарник во Трпејца

Post Views: 0 Инцидент во Трпејца. Ристо Климоски остана без својот овоштарник, откако непознати сторители во саботата навечер ги исeкле стеблата од овоштарникот и го отруле кучето кое го чувало  имотот. „Дојдав да ги повадам овошките. Кога видов што ми е направени ми падна токлу тешко по што ги известив одма надлежните. Се јавив во полиција. Штетатат замене е огромна. Милион да ми дадете е малку. Мене не ми беше за пари туку за рекреација. Но тоа што се стори се стори, сега нема што да се прави.Имав и едно куче, убаво големо  и тоа денеска е пцовисано, германски овчар, отруено е“,...

Continue reading

restoran

Српската ловечка кујна во Охрид

Post Views: 15 Размената на гасторномските богатства на Македонија и Србија средство за промоција на турзмот од овие региони. Куварите од белградскиот ресторан „Ловец“ деновиве ќе им пружат можност на охриѓани во ресторанот „Биљанини извори“, да уживаат во специјалитетите на ловечката кујна. Ова нивно гостување во Охрид како и гостувањето на нашите готвачи потоа во Белград, овозможува покрај промоцијата на гастрономските богатства и размена на искуства, вели Ненад Јовановиќ, кувар во белградскиот ресторан „Ловец“. Јовановиќ се надева дека за охриѓани ова ќе биде вистинско изненадување. „Па...

Continue reading

бродови

Бродовите подготвени за туристичката сезона

Post Views: 5 Охридската бела флота подготвена за крстарење по езерото. Трите бродови Кристина, Александрија и Галеб ги имаат сите потребни документи за пловење по езерските води. СЕ очекува деновиве лиценца да добие и новиот брод Александрија 2 кој има капацитет за 150 патници. Драган Наумовски, заповедмик на бродот Александрија вели дека најбарана релација е Охрид Св наум . Од почетокот на овој месец има редовна линија за овој наш познат локалитет. Билетот по се изгледа ќе чини исто како и ланското лето, а тоа е 10 евра по патник. Поаѓањето е во 10 часот а враќањето во 17 или 18...

Continue reading

skrebatno

Нов асфалт до Скребатно

Post Views: 2 Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства. „Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка...

Continue reading

pastrmcinja

Охридското Eзеро доби концесионер

Post Views: 24 Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник. На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ велат  дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто  не се сложуваат со одлуката...

Continue reading

ау

Стационарот за бездомни кучиња само на хартија

Post Views: 6 Истекува рокот на општините да ги згрижат кучињата скитници. Ветеринарниот инспекторат уште во април им издал решенија на општините  да  отпочнат со подготовки. Задолженијата се изготвени по Законот за ветеринарно здравство и Законот за благостотојба на животните. Во склад со законските прописи за 60 дена Локалните самоуправи  мора да најдат начин кучињата скитници да добијат похуман третман од институциите. Од ветеринарниот инспекторат наскоро најавуваат и проверка како општините во пракса се справуваат  со овој сериозен проблем. Градоначалниците на четири Локални самоуправи, ...

Continue reading

izlozba crven krst

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Post Views: 7 Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во...

Continue reading

gomleze

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Post Views: 1 Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска. „За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“. Ѓомлезето добро оди со сирење....

Continue reading

alga pristaniste

Расцвета зелената кончеста алга

Post Views: 0 Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци.  Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top