Ознака: Обама

znaminja

Обама укина дел од трговското ембарго кон Куба

Post Views: 0 Претседателот на САД Барак Обама укина дел од ограничувањата за патување на американските граѓани со кубанско потекло во Куба, а исто така им дозволи тие да можат да испраќаат пари на своите семејства.Обама ја укина и забраната за американските телекомуникациски компании, кои досега не можеа да добијат лиценци во Куба. Тоа се први чекори на олеснување на трговското ембарго на САД кон Куба, но сепак Обама не го укина во целост. Тој во предизборната кампања истакна дека трговското ембарго ќе остане на сила се додека Куба не се демократизира. {loadposition content9}

Continue reading

Barak Obama

Обама во посета на Турција

Post Views: 0 Американскиот претседател Барак Обама синоќа допатува во Турција, која што е последната станица од неговата турнеја низ Европа, јавија агенциите. Обама заедно со неговата сопруга Мишел, во Турција ќе престојува два дена. Според најавите, Обама денеска во Анкара ќе се сретне со турските лидери, по што ќе одржи говор пред пратениците во турскиот парламент. Тој утре ќе го посети и Истанбул. Една од главните причини за изненадувачки раната посета на Обама на Турција е да ги освои турските граѓани, чие што јавно мислење за САД во последниот период достигнало рекордни ниски...

Continue reading

Ugo Chavez

Чавес го нарече својот колега Обама -„необразован“

Post Views: 3 Претседателот на Венецуела Уго Чавес, вчера изјави дека неговиот американски колега Барак Обама е „необразован“, затоа што тврди дека лидерот на оваа латиноамериканска држава шири тероризам и го запира развојот на Јужна Америка, пренесоа агенциите. „Тој ме обвинува дека извезувам тероризам. Можам само да кажам дека е необразован, би требало малку повеќе да чита и да учи за да го разбере мојот ангажамн“, рече Чавес, водач на групата левичарски латиноамерикански лидери, противници на влијанието на САД во регионот. Обама ова го изјави во интервју за американската мрежа...

Continue reading

logo

Обама предложил таен договор со Русија

Post Views: 8 Американскиот претседател Барак Обама испратил тајно писмо до рускиот претседател во кое вели дека ќе отстапи од распоредувањето на новиот систем за ПРО во Источна Европа, ако Москва помогне да биде запрен Иран во намерите да изработи оружје со голем дострел, објави Њујорк Тајмс. Весникот цитира анонимни извори кои велат дека писмото било предадено лично од американски претсатвници пред три недели во Москва. Во него се додава дека САД нема да имаат потреба за остварување на тој план предложен од администрацијата на Буш, ако Иран прекине со напорите за нуклеарни боеви...

Continue reading

vojnik

Обама за 19 месеци ќе ја повлече војската од Ирак

Post Views: 1 САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност. Планот за повлекување ќе исполни едно од основните ветувања на Обама од неговата предизборна кампања, иако малку побавно од предвиденото. Обама имаше изјавено дека ќе ја повлече војската од Ирак за 16 месеци или по околу една бригада месечно по полагањето на заклетвата, на 20 јануари. Изворите прецизираат дека очекуваат Обама да го соопшти планот оваа недела. Тие додадоа...

Continue reading

Martin Schlezinger

Можен e поинаков став на администрацијата на Обама кон Балканот

Post Views: 4 Администрацијата на претседателот Барак Обама би можела да заземе нешто поинаков став кон Балканот, но за тоа ќе биде потребно време, изјави директорот на Програмата за источноевропски студии во Центарот „Вудро Вилсон“ Мартин Шлезингер. Тој оцени дека политиката на Обама кон Балканот би „можела да поприми некои контури на политиката на Клинтон во позитивна смисла“. Клинтоновата администрација отсекогаш веруваше дека еден од нејзините најголеми надворешно-политички успеси е завршување на војната во БиХ. Мислам дека Обама би сакал таа ситуација да ја унапреди, особено...

Continue reading

logo

Обама дозволи продолжување на тајните летови на ЦИА

Post Views: 7 Американскиот претседател Барак Обама дозволи продолжување на „тајните летови“ на Централаната разузнавачка агенција (ЦИА) за префрлање на лица осомничени за тероризам и за терористичка активност на сослушување во трети земји, каде човековите права не се доволно почитувани и каде е можна тортура за изнудување признание, пишува лондонски „Тајмс“. Според весник, како што јави дописникот на МИА од Лондон, налогот кој е потпишан на 22 јануари е продолжување на правото што ЦИА го доби за време на претходната администрација на доскорешниот претседател Џорџ Буш и во САД и во...

Continue reading

Obama Favro

Говорот на Обама го напишало 27-годишно момче

Post Views: 14 Џон Фавро, 27-годишен „вундеркинд“ најверојатно ќе влезе во историјата како најмлада личност што напишала инаугурициски говор за некој претседател, во овој случај за Барак Обама, јавуваат американските медиуми. Фавро во последните два месеци работел 16 часа на ден на говорот на Обама на повеќе места во Вашингтон, од кафулињата Старбукс до неговиот нов, уште неуреден стан во главниот град на САД. Момчето пишувало до 2 или 3 часот по полноќ, останувајќи будно со дупло еспресо и ред бул. На располагање имал екипа помошници што го снабдувале со потребниот материјал, вклучувајќи...

Continue reading

Barak Obama

Инаугурација на Барак Обама

Post Views: 5 Барак Обама денеска ќе положи заклетва како 44. претседател на САД и се очекува да сврти нов лист во историјата на државата. На инаугурацијата на Обама, според проценките ќе присуствуваат околу два милиони луѓе, под многу силни мерки за безбедност. Обама, заклетвата ќе ја положи на Библијата, која што во 1861 година за време на инаугурацијата ја држел Абрахам Линколн. Церемонијата на инаугурација ќе почне во 10.00 часот по локално или 16.00 часот по средноевропско време, пред зградата на Конгресот со звуците на оркестарот на американската морнарица. Заклетва прво ќе...

Continue reading

Barak Obama

Обама подготвен за разговори со Хамас

Post Views: 3 Администрацијата на новиот американски претседател Барак Обама е подготвена да ја напушти доктрината на Џорџ Буш за изолација на Хамас и да отвори канал за комуникација со исламистичката група. Потегот да се воспостави контакт со Хамас, кој што може да се иницира преку американските тајни служби, би претставувал дефинитивен прекин со политиката на Буш да се изолира палестинската група. Стејт департментот ја смета Хамас за терористичка група, а во 2006 Конгресот на САД го забрани финансирањето на групата. „Гардијан“ разговарал со тројца упатени во разговорите во кампот...

Continue reading

Hu Jintao

Највлијателни луѓе во светот се Обама, Ху и Саркози

Post Views: 4 Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“. Во листата на американското списание вкучени се 50 познати политичари, економисти и други познати личности. Во првите десетмина највлијателни луѓе се и претседателот на Федералните резерци на САД Бен Бернанке, претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише и шефот на јапонската Централна банка Масаки Ширакаца. На седмото и осмото место се британскиот премиер Гордон...

Continue reading

LOI 2016

Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за ЛОИ 2016. година

Post Views: 1 Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Олимписките игри во 2016. година. Функционерите кои ја претставуваа кандидатурата на Чикаго на состанокот на Европскиот олимписки комитет во Истанбул, вчера емитирале видео снимка на кој Обама ја поддржал кандидатурата на американскиот град за Игрите во 2016. година. Обама рекол дека неговата администрација ќе внесе „свежина” со која Америка ќе ги решава светските проблеми, додавајќи дека Олимписките игри се „шанса Америка да го нагости светот, но и да го зајакне пријателството на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top