Ознака: нов

Vlado Cvetkoski

Нов генерален урбанистички план за градот

Post Views: 12 Советничката листа  од групата избирачи под реден број 13 бараат од охридските архитекти да се изборат да ги подготовуваат  урбанистичките планови во Охрид. Заложба на оваа советничка листа ќе биде Советот на град Охрид  да донесе нов генерален урбанистички план со кој градот ќе стане модерен туристички центар ,вели Соња Томаноска , кандидат за советник. Тоа ќе повлече и донесување на  нови детални  урбанистички планови. Од оваа советничка група ги подржуват жителите од стариот дел на градот, кои не се соглауваат со нацрт дeталниот урбанистички план за 1-ва урбана единица,...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Охрид побогат за уште еден универзитет

Post Views: 7 Кирил Трендафилов Нанче најавува отворање на нов универзитет во Охрид. За новиот универзитет веќе се издвоени средствата, но сеуште не е утврдено неговото име. На денешниот прес, кој се одржа во хотелот Ривиера, кандидатот за градоначалник од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче, најави отварање на нов универзитет за Информатички технологии во Охрид. Во универзитетот се предвидува да предаваат професори од неколку странски држави.  Со ваквиот чекор се отвора можноста Охрид да прерасне во универзитетски град. „Од вчера универзитетот за информатички...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Во Охрид ке никне нов универзиет

Post Views: 7 На денешниот прес, кој се одржа во хотелот Ривиера, кандидатот за градоначалник од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче, најави отварање на нов Универзитет за Информатички технологии во Охрид. Во универзитетот се предвидува да предаваат професори од неколку странски држави.  Со ваквиот чекор, се отвора можноста Охрид да прерасне во универзитетски град. „Од вчера универзитетот за информатички технологии со силна подршка од премиерот го доби својот дом, а тоа е нашиот град Охрид“- изјави Кирил Трендафилов – Нанче. Во рамките на униврзитетот се...

Continue reading

lemilica

Охридските занаетчии исплашени од новиот закон за бруто плата

Post Views: 15 Висината од 27.500 денари која со новиот закон за бруто плати, месечно треба да ја плаќаат занаетчиите внесе немир и неизвесност за нивниот опстанок. Ставката за сите нас е премногу  висока категорични се занаетчиите. Чевларот Сашо Богојески вели  платил 27.500 со пари од дома, што ги заштедил. „Овој износ е превисок за сите занаетчии,  не можеме да  оствариме месечен промет од 27.500 денари, а каде се останатите трошоци за кирија, струја репроматеријал вели Богојески. Следниот месец треба да ставиме клуч на дуќаните”- додава тој. На  законската одлука која  започна...

Continue reading

natpis

„Христо Узунов“ со нов двор

Post Views: 32 По реализацијата на инвестицијата во вредност од преку 4 милиони денари со која се замени комплетната надворешна дограма на охридската Гимназија, деновиве заврши  уредувањето на училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“ во населбата Горна Влашка Маала. „Со уредувањето на училишниот двор, подобрена е целосната слика за училиштето. Во иднина ќе се намалат инцидентите, во кои учениците се здобиваа со повреди“-коментар на директорката Оливера Пирузеска Јанева. Комплетното уредување на дворот и патеките значеше и комплетно поплочување  со   бехатон-плочки во површина од 1.500...

Continue reading

apoteka

Фармацевтите и ФЗОМ се договорија

Post Views: 4 Фармацевтите се сретнаа со раководството на фондот за здравствено осигурување. Разговараа за позитивните и негативните страни  на новите договори. Група преговарачи фармацевти по вчерашните мирни протести пред фондот за здравствено осигурување, денес два пати се состанаа со раководството на истиот „На средбата беше искажано личното незадоволство, а не незадоволството на целата нивна фела, вели за Тв М портпаролот на фондот за здравствено осигурување Катерина Димовска“. Заклучно со денешниот ден ФЗОМ има потпишано договори со значаен број аптеки преку кои на осигурениците,...

Continue reading

Borce Stefanovski

Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ се претстави на јавноста

Post Views: 2 Новиот претседател на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Борче Стефаноски, и се претстави на јавноста. Стефаноски е дипломиран машински инжинер и актуелен директор на аеродромот Св. Апостол Павле. Во партијата ВМРО- ДПМНЕ членува од самото основање во 1990 година. Како што изјави, Стефаноски, за него новата функција претставува голема чест, но истовремено и обврска. „Партијата ќе ја водам на најдобар можен начин со подршка на другите членови, претседателството и месните комитети со цел да оствариме победа на претстојните локални и претседателски избори“, рече новиот претседател...

Continue reading

LDP

Општинската организација на ЛДП со нов претседател

Post Views: 1 Денес се избира новиот претседател на охридската ЛДП. По се изгледа  актуелниот директор на ЈП „Комуналец“, Боро Павлоски ќе биде новиот лидер на овааа партија во Охрид. Павлоски вели дека има повеќе кандидати и сите поседуваат високи квалитети па ниту еден избор нема да биде погрешен. Досегашниот претседател на ОО на ЛДП, Јордан Трца, кој оваа функција ја извршуваше во текот на два мандати не е еден од кандидатите. На изборното собрание најавено е да пристигне и претседателот на партијата, Јован Манасиевски. Од партијата најавуваат новини во нејзиното работење, и додаваат...

Continue reading

Krst dzamija

Верските заедници не се согласуваат со делови од новиот Закон за гробишта

Post Views: 2 Особено погодена е Муслиманската верска заедница. Ќе реагираат од кога ќе помине празникот Курбан- бајрам. Од МПЦ, пак чекаат да помине Митровден. Верските заедници во земјава не се согласуваат со одредени делови  од новиот Закон за гробишта. Особено е погодена муслиманската верска заедница. Oд таму велат- членот од законот според кој покојниот, минимум 24 часа не смее да се погреба, се коси со нашите верски определби. Според нашата вера, покојните се закопуваат уште истиот ден кога настанала смртта. Нашата вера не дозволува било какво менување на ваквите обичаи. Со...

Continue reading

Zavod za kardioligija

Борците сеуште чекаат нов Договор за закуп со Заводот за кардиолошки заболувања

Post Views: 13 Девет месеци поминаа од истекувањето на договорот за закуп склучен пред 15 години  помеѓу заводот за кардиологија и Општинската организација на Сојузот за борци . Сеуште нема изгледи за склучување нов. Изминаа девет месеци од истекувањето на Договорот за закуп помеѓу  тогашната управа на Заводот за кардиологија и Сојузот на борци на Македонија, а сеуште не е потпишан нов. Општинската организација на Сојузот на борци како сопстевник на објектот, уште во мај минатата година се обидела да го обнови  договорот, но не наишле на разбирање кај ресорното министерството, вели...

Continue reading

statua

„Билјанини извори“ ќе добијат нов лик

Post Views: 10 Во тек е конкурсот за проект за идејно решение на  комплексот „Билјанини извори“. „Со неговото уредување ќе добиеме уште едно место со кое ќе можиме да се пофалиме пред странците“, вели градоначалникот Петрески. Граѓаните ќе одлучат како во иднина ќе изгледа комплексот „Билјанини извори“. Во тек е конкурсот на кој може да се пријави секој кој има изработено проект за идејно решение на ова препознатливо место за Охрид. Градоначалникот Петрески вели дека крајно време е „Билјанини извори“ да си го добијат ликот кој го заслужуваат. Тој објаснува дека во неколку наврати...

Continue reading

Zoran Strezovski

Општинаската организација на „ДОМ“ од Охрид, доби нов претседател

Post Views: 7 Вчера на  изборното собрание се одлучи за прв човек на партијата да биде поставен Зоран Стрезоски, магистар на науки од областа на туризмот, регионален менаџер на Скопски саем. За потпретседатели се избрани се избрани Емилија Колевска, Рада Арнаудова и Зоран Паскали. За секретар е избран Драги Танески, а организационен секретар, Летка Филипова. Од партијата најавија поголема отвореност кон граѓаните и решавање на секојдневните проблеми.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top