Општинската организација на ЛДП со нов претседател

Вечерва се одржува изборното собрание на општинската организација на ЛДП. На првата фотеља по се изгледа ќе седне актуелниот директор на ЈП „Комуналец“.

 |  Лионела Јаковлева  | 
LDP
ЛДП

Денес се избира новиот претседател на охридската ЛДП. По се изгледа  актуелниот директор на ЈП „Комуналец“, Боро Павлоски ќе биде новиот лидер на овааа партија во Охрид. Павлоски вели дека има повеќе кандидати и сите поседуваат високи квалитети па ниту еден избор нема да биде погрешен.

Досегашниот претседател на ОО на ЛДП, Јордан Трца, кој оваа функција ја извршуваше во текот на два мандати не е еден од кандидатите. На изборното собрание најавено е да пристигне и претседателот на партијата, Јован Манасиевски.

Boro PavloskiОд партијата најавуваат новини во нејзиното работење, и додаваат дека на нареднит локални избори дефинитивно ќе настапат самостојно, а не како што досега беше пракса во коалиција со некоја друга политичка партија. Павлоски вели дека сеуште не се знаат имињата на можните кандидати за градоначалник. Тој појаснува дека штом ќе завршат со изборот на нов претседател веднаш ќе почната да работаат на ова поле.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top