Ознака: нивната

sednica

Охрид е безбеден

Post Views: 2   Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа  тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот.  Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување на...

Continue reading

secaci

Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата

Post Views: 17 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку. „Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени,...

Continue reading

pesak

Рекреативците кон Горица „голтаат“ прашина

Post Views: 0  На рекреативниот потег кон Горица, Локалната самоуправа започна да гради, според  најавите, современ парк и пешачка патека. Почнатите зафати со нанесување на земја, го отежнуваат спортувањето на рекреативците. Постојната асфалтна патека е покриена со земја и ситен шлунак кои го остваат зад себе камионите. Рекреативците место чист воздух вдишуваат облаци од прашина. Тие погодени од ваквата состојба со негодување гледаат на градежните зафати кој ја уништуваат нивната омилена патека за рекреација. Од Локалната самоуправа, пак повикуваат рекреативците да имаат разбирање,...

Continue reading

MCO

Младитие го подигнаа гласот за охридското здравство

Post Views: 0 Прво па машко. Во Охрид никна нова невладина организација, „Младински центар Охрид“. Тие го кренаа гласот против сите оние фактори, кои според нив, допринесоа за да се уништи охридското здравство. Членовите на Младински центар Охрид, поради нивната загриженост за состојбите во здравството најавија мирен граѓански протест пред Општа болница во Охрид, утре во 5 минути до 12 часот.„Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највителниот дел на Општата болница,...

Continue reading

bankari

Клириншките куќи од Европа, на конференција во Охрид

Post Views: 0 Исклучително значајна конференција на клириншките куќи  од Централна и Источна Европа во Македонија. Теми за кои најмногу ќе се дискутира на конференцијата се влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво, значењето на платните системи и нивната ефикасноста за монетарната политика и финансиската стабилност на земјата и друго. Во врска со влијанието на новите технологии во банкарството и нивната употреба, првиот човек на НБРМ Димитар Богов истакна дека нашите...

Continue reading

zgardi

Легализацијата на дивоградбите, оди многу бавно

Post Views: 3 Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да  достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба. -Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември...

Continue reading

vodici

На терен се повеќе неквалитетни водичи со очајно познавање на странски јазик

Post Views: 1 Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за...

Continue reading

regionalna konferencija na ombudsmani

Омбудсманот против тортурата и дискриминацијата

Post Views: 5 Со години, омбудсманот во нашата земја, детектира нечовечни услови за жиеење во затворите, казнено поправните домови како и психијатриските болници. Што се однесува до полициските станици пак и покрај веќе преземените мерки за подобрување на условите во нивните одделениа за притвор, треба уште многу да се преземе. И тоа покрај во решавањето на инфраструктурните проблеми во овие установи, соодветни акции треба да се превземат посебно уште и во насоката на подобрување на однесувањето на полициските службеници, нивната доедукација или реедукација. Нашите извештаи говорат...

Continue reading

podem

Граѓаните се личности, а не само бројки на избирачките списоци

Post Views: 5 „Гласовите за малите политички партии, не се изгубени гласови“, велат од Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. Кандидатот за пратеник за 5-тата ИЕ од оваа партија, Горан Лекоски, укажа на се позачестените апели на двете најголеми политички партии до неопределените гласачи, да не ја даваат својата доверба на малите партии. „Апелираме до граѓаните, да не подлегнуваат на таквите гласини, зошто тие не ги поседуваат вашите гласови. На 5-ти јуни граѓаните да гласаат по свое убедување и да покажат дека се личности, а не само бројки во избирачките списоци“,...

Continue reading

d-r Sasho Vasilevski

„Предизвик е да се служи“

Post Views: 2 „Chаllenge to Serve“ или „Предизвик е да се служи“ ќе биде мотото на новоизбраниот гувернер на Лајонс клубовите Дистрикт 132 Македонија, за фискалната 2011-2012 год.  д-р. Сашо Василевски, кој денеска едногласно беше избран со акламација. Василески кој во Лајонс клубот охрид е од 2007 год, поточно од формирањето на првиот лајонс клуб во внатрешноста на Р македонија, негов основач и негов прв претседател. Тој помеѓу лајонсите важи за активен и исплонителен секогаш во кабинетот на гувернери на дистрикт 132 од 2008 год. до денеска. Досега организирал и учествувал во многу...

Continue reading

dostoinstvo

„Достоинство“ се поклона пред споменикот на Св. Кирил и Методиј

Post Views: 8 Дел од членството на Достоинство се поклона пред споменикот на Светите Кирил и Методи. „Нас како партија главна задача ни е одбраната на македонските национални достоинства, бидејќи македонскиот народ е загрозен од сите страни, поточно тоа е името, идентитетот, историјата и територијата“, истакна претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов. Ангелов реагираше и на досегашниот тек на кампањата која ја водат двете нејголеми политички партии кои како што кажа за патувачкиот циркус кој го прават, фрлаат огромни средства. Претседаелот на Достоинство проговори и за притисоците...

Continue reading

Mitrevi

Сиромаштија до гола кожа

Post Views: 3 Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top