Ознака: Нестор

Струшките гимназијалци подготвени за матурската гала

Post Views: 1 После четири години поминати во училишната клупа струшките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Двете струшки гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, потполно подготвени за исполнување на годинешната програма на генерацијата матуранти. Директорот на „Нико Нестор“, Васил Максимоски, вели дека за годинешнава генерација матуранти максимално се ангажирал со се што било во негова надлежност. Директорот на „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека годинава ќе се збогува со една примерна генерација матуранти. И во нивната гимназија се е во знак на реализациаја...

Continue reading

Niko Nestor

Нови училници наместо нова зграда

Post Views: 3 Наместо нова училишна зграда, во постоечките објекти на средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо се градат нови училници. Вака се решава  просторниот проблем во Струга.Оваа ненадејно решение малку ги изненади граѓаните затоа што уште пред две години владата и градските власти во Струга писмено се обврзаа дека во дворот на центарот ќе се изгради нова училишна зграда. Очигледно ни едните ни другите не се во можност да го спроведат ова ветување па поради тоа ќе се реализира сосема нов план, со кој ќе се доградат нови училници. „До 5 септември завршивме со доградба на...

Continue reading

OSU Niko Nesetor

Образовниот процес во Струга под конец

Post Views: 0 Првиот рапорт на директорите на образовните установи во Струга солиден. Раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини за ТВМ изјави дека стартот на новата учебна година во 11 те основни училишта во општина Струга, заедно со 26 те подружни единици како и 2 те гимназии и градинката, бил добро подготвен и координиран. Тој истакна дека воочени биле мали пропусти и верува оти за брзо време истите ќе ги надминат.Според Хајредини неочекувана и нагла била оставката на директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, кој заради притисок на антикоруциската комисја...

Continue reading

OSU Niko Nesetor

Дали ќе се исполнат дадените ветувања

Post Views: 5 Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, години наназад беа мета на немили настани и бројни тепачки. Еден од начините за  надминување на проблемите во овие гимназии беше решавање на просторното прашање или обезбедување нова училишна зграда. На тоа пред една година се обврзаа и Локалната од Струга и централната власт, но по се изгледа збор дадоа само кога им гореше под нозе. Сеуште нема никаква реализација на многубројните ветувања. Министерот за образование, Никола Тодоров пред неколку дена изјави дека нема што да се договара со градоначалникот на Струга Рамиз...

Continue reading

ucenici

Нема место за паника

Post Views: 2 Во СОУ „Нико Нестор“-Струга, доволно е топло за изведување настава, тврди директорот на училиштето. Оваа изјава следува по реакцијата на родители на деца од ова училиште кои се пожалиле дека после 15 часот попладне, парното греење се исклучува. Нов проблем во Струшките гимназии. Системот за парно греење е единственото заедничко нешто што го имаат двата струшки средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“. Деновиве до нашата редакција група родители се пожалија на проблем. „Последните два часа од втората смена во СОУ „Нико Нестор“, нашите деца дома доаѓаат премрзнати,...

Continue reading

Nikola Zaturoski

„Нико Нестор“ нема да ги дели учениците

Post Views: 3 Најдовме решение прифатливо за двете страни, вели директорот. Наставата ќе се следи во мешан состав. Дефинитивно нема етнички делби во „Нико Нестро“. Средношколците од утре настава ќе следат во мешан состав, потврди директорот Никола Затуроски. Учениците албанци од медицинската и економската струка, од прва, втора, трета и четврта година, ќе бидат во иста смена со учениците македонци од сите насоки. Истиот начин на следење настава важи и за учениците македонци од двете струки. И тие ќе бидат во иста смена со албанците од останатите насоки. Вака е организирана наставата...

Continue reading

Ќе има ли етнички делби во „Нико Нестор“?

Post Views: 1 Ќе има ли повторно етнички делби во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга? Ова прашање повторно ја разбранува струшката јавност. Очекувањата на Локалната самопуправа од Струга се дека новата учебна година во стручното училиште ќе ги зближи  учениците Албанци и Македонци.„На кој начин од септември ќе се реализира наставата во „Нико Нестор“ – тема на која вчера подолго време се дискутираше во Струга. Министерот за образование и наука Никола Тодоров се сретна со градоначалникот на Струга, директорот на училиштетото и претставници од истото. Иако сеуште неофицијално,...

Continue reading

Nikola Zaturoski

Трета среќа за „Нико Нестор“

Post Views: 3 Нов директор во средното стручно училиште „Нико Нестор“. На челната функција во ова училиште е поставен Никола Затуроски,  професор по математика и актуелен советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Иако тој на ова место е само три дена, вели од старт, приоритет му е во „Нико Нестро“ целосно да се надминат меѓуетнички препукувања помеѓу учениците. „За скоро време ќе побарам средба со градоначалникот на Струга и министерот за образование, за на тој начин да увидиме до каде е состојбата со ова училиште и кои се плановите за во иднина“-вели в.д директорот Никола Затуроски. Тој...

Continue reading

Niko Nestor

Од денес стартуваат јазичните смени во „Нико Нестор

Post Views: 2 Од денес официјално во „Нико Нестор“ се воведоа јазични смени. Со тоа се задоволија непопустливите барања  на учениците македонци.Тие  упорно тврдеа  дека вакви делби се неопходни.  По  неколку дневното следење на настава по мешан состав, компромисното решение започна да се применува од денес . Од училиштето не информираа дека утринава учениците албанци на настава дојдоа во полн состав, и во  попладневната смена во училишните клупи седнаа и учениците македонци. Не радува  фактот што успеавм да  ги вратиме на настава сите учници, важно е тие да се безбедни,   велат од...

Continue reading

Niko Nestor

Конечно „решение“ за „Нико Нестор“

Post Views: 5 Се најде решение за горливиот проблем во „Нико Нестор“. Од утре, учениците македонци кои веќе три недели ја бојкотираа наставата, се враќаат во училишните клупи. Во периодот до 11-ти овој месец, наставата ќе се следи во мешан состав, додека потоа  ќе се воведат јазични смени. Оваа е компромисното решение кое синоќа е донесено и истото прифатено од страна на инволвираните во случајот со „Нико Нестор“. „Во училиштетото имаше состанок по барање на градоначалникот. На него присуствуваа родители, професори македонци и албанци, училишниот одбор и директорот на „Нико Нестор“...

Continue reading

tabla

Се наѕира ли решение на проблемот?

Post Views: 0 Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ во понеделник заедно со децата ќе одат во етнички смени. Ова е едеинстевниот начин нашите деца да се безбедни, велат родителите кои  синоќа уште еднаш се соединиа и ја подржуваат одлуката на министерот за образование. Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ го губат трпението. Одлуката  на министерот за образовани Перо Стојаноски, проблемот да се реши мирен начин со јазични смени, родителите велат дека крајно време е истата да се спроведе. „На синоќешната средба, сите родители одлучивем во понеделник заедно...

Continue reading

tabla

Укадени 16 LCD монитори од училиштето „Нико Нестор“

Post Views: 6 Украдени 16 лцд  монитори од средното стручно училиште „Нико Нестор“. Кражбата се случи во текот на ноќта помеѓу 16-ети и 17-есети февруари, со што е направена материјална штета од 80 илјади денари. Неофицијално дознаваме дека сторителите на ова кривично дело се  група ученици. Лцд мониторите се сукрадени од кабинетот по хемија, кој се наоѓа на приземниот дел на училишната зграда. Случајот за украдените 16 лцд монитори во полициската станица  го пријавила директорката на училиштето „Нико Нестор“. Веднаш по тоа надлежните превзеле мерки за откривање на сторителите, и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top