Ознака: незгода

nesreka

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“

Post Views: 1 Сега починатиот во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена...

Continue reading

soobrakajka

Тешка сообраќајка кај Подмоље

Post Views: 5 Младо момче од Охрид го загуби животот во сообраќајна незгода. Тешката сообраќајна незгода се случила синоќа во 1 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид -Кичево кај надвозникот кај с. Подмоље. На лице место почина дваесет годишниот Жарко Цепенкароски од Охрид. Според извештајот на МВР сообраќајната незгода се случила кога патничкото возило марка „шкода фелиција“, удрило во еден од бетонските столбови од надвозникот, при што настанал пожар, а потоа и експлозија. {loadposition content9}  

Continue reading

soobrakajka

Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа

Post Views: 0 Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.  Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило...

Continue reading

svr

Тешка сообраќајка кај Ново село

Post Views: 3 Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново село, инофрмираат од СВР-Охрид. Поради сериозноста на повредите, по првично пружената неопходна медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“, доцна синоќа во ургентниот центар во Скопје испратени се П. К. (48) и С.П. (46) двајцата од Охрид. Во болницата „Св.Еразмо“ задржан е И.П. (24) од Охрид кај кого биле констатирани скршеници во левата натколеница. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода

Post Views: 13 Вчера се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Струга. Во неа учествуваа четири возила заради кои синоќа тој дел на патот цели 5 часа беше затворен за сообраќај. Од СВР Охрид портпаролот Стефан Димовски, вели дека направен е увид од страна на стручни лица, и за брзо време ќе се знаат причините до кои дошло до несреќата. Во несреќата 3 лица се здобиле со тешки телесни повреди, при што задржани се во болницата Св Еразмо-Охрид  на понатамошно лекување. Шест лица се полесно повредени од кои само едно било пренесено во општа болница Охрид, врз кое веднаш...

Continue reading

soobrakajka

Три лица загинаа во сообраќајна незгода кај Елешец

Post Views: 1 Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден. „Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две...

Continue reading

лого

Охриѓанец загина во сообраќајка на ул.„15-ти Корпус“

Post Views: 4 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 05 часот и 30 минути се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Ранко М. (51) од Охрид на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „Опел калибра“ со швајцарски   регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно со десниот преден дел удрило во сега починатиот кој управувал моторцикл марка „Џилера“. Сударот се случил кога сега починатиот се обидел со моторциклот оставен на левата страна од коловозот да се приклучи во правец кон селото Лескоец. ...

Continue reading

Evropski izveshtaj

Во Македонија при сообраќајки се користи Европскиот извештај

Post Views: 19 Во Македонија подолг период се применува Европскиот извештај за сообраќајни незгоди. Овој формулар се пополнува при сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Формуларот се пополнува во согласност на двете страни без да се повика полиција на увид. Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина. Иако законски формуларот се применува подолг период возачите делумно се запознаени со истиот. Формуларот се добива при регистрација...

Continue reading

gliser

Одолговлекување на постапката за глисерската несреќа

Post Views: 2 Денеска во основниот суд Охрид се одржа нов претрес за глисерската несреќа. И после повеќе од година и половина од овој немил настан, кој што се случи на 22.08. 2009 година, кога настрада Ирина Романова Муцински, нема виновник. А и откривањето на причините за тоа се наоѓаат во ќор сокак, барем досега. Судскиот процес за глисерската незгода се одолговлекува. Адвокатот на оштетениот Зоран Муцунски, Никола Поленак, вели дека причините за тоа се субјективни и потекнуваат од страна на одбраната, поради отсуство на обвинетиот или главните сведоци. Тој рече оти Охридскиот...

Continue reading

Osnoven sud Ohrid

Судењето на Шапкар одложено, по трет пат

Post Views: 17 Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро,  во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top