Ознака: незгода

Насилство, возење под дејство на алкохол, сообраќајка-СВР Билтен

Post Views: 3 На 19.01.2022 година во 19.40 часот во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, А.Ф.(41) физички го нападнал Г.Б.(58), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 18/19.01.2022 година од 21 до 02 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, при сообраќајни контроли на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, констатирале 3 прекршоци. Возачите се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. На 19.01.2022 година...

Continue reading

soobrakajka

Tешка сообраќајна несреќа во близина на Велешта

Post Views: 6 Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта. Сообраќајната несреќа се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и  скршнал на спротивната лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици. Осум патници се префрлени во општата болница во Струга...

Continue reading

soobrakajka

Тешка сообраќајна несреќа кај струшкото село Велешта

Post Views: 1 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта. Ветон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на лице место им под- легнал на повредите додека со телесни повреди се здобил сопатникот Б.А.(18) од истото село. Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот, а откако го вратил возилото на коловоз...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода кај црквата „Св Еразмо“

Post Views: 1 Тешка сообраќајна незгода се случи утрово околу 8 часот и 30 мин, на магистралниот пат, Охрид – Кичево, во близина на црквата Св Еразмо. Во незгодата се повредени три лица У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. „Овие возила се движеле во спротивен паравец на магистралниот пат и при нивното меѓусебно разминување случена е сообраќајната незгода при тоа двете возила...

Continue reading

Загина 26 годишен охриѓанец во сообрќајна незгода

Post Views: 0 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што утрово во 05 часот и 25 минути се случи на улицата „Питу Гули“ во Охрид.  На местото на сообраќајната незгода, животот го загуби Д.Ј. (26) од охридското село Велгошти кој, по улицата управувал патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки и се движел од „Стара бензиска“ во правец кон кружната крстосница кај Општата болница. Во критичниот момент, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната-лева сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил...

Continue reading

Уште една сообракајна незгода со трагичен крај на патот Охрид – Кичево

Post Views: 3   Неотстапување на првенство на минување, причина за уште една сообраќајна незгода со трагичен крај на патот кој е во изградба Охрид – Кичево. Згасна животот на 74 годишна жена на оваа делница во тешката сообраќајна незгода која се случи вчера во 14 часот и 35 минути, кај крстосницата со локалниот пат за селото Издеглавје. Во истата незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица од селото Велмеј општина Дебарца кои се задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со полесни повреди се здобил 37 годишен маж од Пробиштип кој, по укажаната медицинска...

Continue reading

Сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода

Post Views: 1   Употребата на сигурносните појаси е законска обврска, не само за возачите, туку и за сопатниците. Оваа обврска и покрај тоа што е задолжителна, сеуште е голем бројот на возачи кои немаат навика да ги користат сигурносните појаси кога седнуват во автомобил, посебно на кратките релации или кога возат низ град. Полицијата делува превентивно, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Додава дека нивната цел е да се применуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, да се внимава, да се подигне степенот на безбедносната култура, а пред се да...

Continue reading

Уште една сообраќајна незгода на патот Охрид – Кичево

Post Views: 0   Уште една тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на бензиската пумпа „Петрол“. Сообраќајката се случила синоќа околу 19 часот, во која повредени се четири лица. Со тешки телесни повреди-скршеници на лева надколеница се здобил А.Ј.(46) од Охрид додека со лесни повреди се здобиле Д.Ш. (44) од гостиварското село Горна Баница, Г.Т. (49) и Н.Т. (20) двајцата од охридското село Елшани. „Сообраќајната незгода се случила во момент кога патнички автомобил Мерцедес со гостиварски регистарски ознаки кој се движел од Охрид кон Кичево во критичниот...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид Струга, едно лице загина

Post Views: 0 Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода која изутрина нешто после 6 часот се случи на патниот правец Охрид – Струга во близина на бензиската пумпа „Бесијани“. Ова е втора страотна несреќа за нецела недела со трагичен крај во која згасна уште еден млад живот. Несреќата се случила кога автомобил „пежо“кој што го управувал сега загинатиот, од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возилото марка „Хјундаи“ Возачот на Пежото, 39 годишен жител на Оровник, им подлегна на здобиените повреди.Неофицијално, во сообраќајната незгода...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода кај Требеништа

Post Views: 0   Три лица тешко повредени во сообраќајна незгода во Требеништа, охридско. Незгодата се случила утрово во 07 часот и 50 мин на магистралниот пат Охрид – Кичево. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, причините за сообраќајната незгода сеуште се утврдуваат. „Во моментов се вршат интензивни активности со цел утврдување на причините за сообраќајната незгода. Акцентот е ставен на информацијата дали причина за сообраќајната незгода е невнимателното претекнување на колона возила во која што бил и џипот марка Порше, односно претекнувањето извршено од...

Continue reading

svr

Тешка сообраќајна незгода кај Хидробиолошки Завод

Post Views: 4 Едно лицe се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Св.Наум – Охрид кај Хидробиолошки Завод. Во сообраќајната незгодата со тешки телесни повреди односно повеќе фрактури и повреда на внатрешни органи, се здобила М.П. (27) од Охрид која на регионалниот пат, од правец на Пештани кон Охрид управувала патничко моторно возило марка „Шкода-Фелиција“ со охридски регистарски ознаки. Таа, со возило на брза помош е пренесена во медицински центар Охрид оддел за хирургија каде и е укажана неопходна...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода кај Подмоље

Post Views: 8 Утово некаде околу 7 часот и 35 минути на патниот правец Охрид – Кичево, се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрада едно лице, К.К. 58 год, а возачот М.К. е во животна опасност. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до сообраќајката дошло кога тешко повредениот М.К. управувајќи го своето патничко моторно возило „Ауди“, со охридски регистарски таблички кое се движело во правец према Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде во правец на Кичево, се движел автобус со ученици  на Јахја Кемал. Лицата веднаш биле...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top