Ознака: нво

nasilstvo

Зголемен бројот на пријавени случаи на насилство врз жената

Post Views: 2 Во борбата против семејното насилство треба да се работи на економското зајакнување на жената, бидејќи економски јака жена помалку ќе го трпи насилството и ќе каже не на торетурата, вели  Драгица павлеска Попеска претседателот на НВО Езерка од Струга.  Податоците на државно ниво кои говорат дека за 25% е зголемен бројот на пријавени случаи на семејно насилство од почетокот на годината до септември, споредено со истиот период лани, се бележат и во општина Струга, потенцира Попеска. Додава  дека тоа се должи на фактот што добар дел од предрасудите се надминати и жртвите...

Continue reading

Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа : Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион

Post Views: 0 Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа: „Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион“. Александра Бујароска од Фронт 21/42, која беше дел од работната група на предлог измените во Законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион од 2010 година, напоменува дека се разoчaрани што во последен момент биле тргнати важни одредби за реална имплементација на мораториумот за градба, па потоа во последен момент вратени по обелоденување на намерата на Комисијата на Унеско да го стави Охридскиот регион на листа на загрозени...

Continue reading

dragica

Струга знае сама да го зачува мирот

Post Views: 1 Струга е град кој што самиот знае да си го зачува мирот, велат од НВО „Езерка од Струга. Оваа организација и годинава во својата програма има зацртано низа активности, главно концентрирани на зачувување на соживотот во Струга, како една сензибилна мултиетничка средина. Претседателот, Драгица Павлеска Попеска задоволна е од нивните залагања во таа насока и потенцира дека годинава со уште поголем елан ќе работат кон остварување на зацртаните цели, нормално во соработка и поддршка со релевантните институции. „Годинава најповеќе ќе ставиме акцент на асоцијалното однесување...

Continue reading

Средба на претставници од ЕУ со НВО од Охрид

Post Views: 2 Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ги поканува претставниците на невладиниот и граѓански сектор од Охрид на консултативна средба со раководителот на Секторот за соработка, Никола Бертолини. На средбата ќе се разговара за развојот на граѓанското општетство и актуелни прашања кои ги третираат граѓанските организации од регионот. Средбата ќе се одржи на 24  јули 2018 од 15:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Охрид. Попрецизни информации за средбата можат да се добијат во Секторот за ТЛЕР или на тел: 046/ 262-492 и 262-493 лок.166.

Continue reading

НВО „Опција“ ги презентира програмите со кои делуваат во превенцијата од Хив/Сида

Post Views: 4 Одржана работна средба на НВО Опција со советниците од општините Охрид и Струга и претставниците од јавните и државните институции кои имаат допирни точки со превенцијата од ХИВ СИДА . Од Опција со видео запис ја презентираа нивната активност и програмите со кои делуваат. Денешната работна тема е „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на Програмата за превенција на ХИВ СИДА од Националниот буџет“. Од Опција ја доближија својата мисија до останатите институции. „Денес ќе се обидеме да допреме и до Локалните самоуправи...

Continue reading

trgovija so luge

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 8 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата. „Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...

Continue reading

Struga nevladini

Струга заложник на еден човек

Post Views: 0 Цел град заложник на насилието на еден човек. Вака претставниците на дел од струшкиот невладин сектор го окарактеризира последниот инцидент кој минатата недела се случи во Струга, каде беше инволвирана поголема група на учесници во вооружена престрелка. Помалку зачудувачки од нивна страна е тоа што сите тие како главен виновник за нарушувањето на јавниот ред и мир го посочија Александар Верушески, при тоа неиспуштајќи да ја вмешаат и политиката во целиот настан. Драгица Павлеска Попеска, од НВО Езерка вели дека крајно време е органите на прогонот  да заземат вистински...

Continue reading

Судбината на Галичица се решава на празници!

Post Views: 0   Судбината на Нкционалниот парт „Галичица“, да се решава меѓу Новогодишните и Божиќните празници претставува провокација. Ваквата критика доаѓа од граѓанската иницијатива СОС од Охрид, и воопшто од невладиниот сектор, кои на денешната јавна расправа околу измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица и реализацијата на 5-те проекти во рамки на строго заштитената зона во националниот парк, се одзваа во голем број. Борка Ковачевиќ, консултант на НП Галичица, пренесе дека стратешката оцена е изработена од ГИМ и ревидираниот извештај кој денес беше презентиран...

Continue reading

Popeska

Трговијата со луѓе зема голем замав

Post Views: 12 Трговијата со луѓе се случува насекаде и во секој момент. Македонија од транзитна зона, стана земја на потекло на трговијата со луѓе. Се тргува со младите од источниот дел на земјава во западниот. Најсуровото кршење на човековите права, трговијата со луѓе, е еден од најпрофитните организирани криминали кој зема се поголем замав и трговците со луѓе не бираат средства и начин да го спроведат тоа, вели Драгица Павлеска Попеска од НВО „Езерка“, Струга. Тие во континуитет ја следат оваа проблематика, посебно во делот на превенција и едукација, за што и официјално добија...

Continue reading

Oпозицијата предлага повеќе пари за развој на спортот во Охрид и поддршка на НВО „Опција“ во буџетот за 2017

Post Views: 0 Советот на општина Охрид  ја одржа 65 седница. Советниците од позицијата за 2017 година усвоија 27 точки со предлог одлуки за нацрт развојни програми од бројни општествени  сфери, а 38 точки се донесоа од областа на  урбанизмот.  Советниците од опозицијата по денешните точки на дневен ред гласаа воздржано или пак се изјаснаа против. Јован Стојаноски, координатор на советничката група од СДСМ кажа дека се сведоци на безидејна нацрт програма  за буџетот во 2017 година. Нема ништо ново и развојно за градот и еден обичен список на желби , истакна Стојаноски. „Се гледа од...

Continue reading

trgovija so luge

Европски ден против трговија со луѓе

Post Views: 4 Трговијата со луѓе постои. Секоја година повеќе од 700 000 илјади жени се жртви на трговците со луѓе. Без пари, тепана, измачувана, без документи, затворена и изолирана, без идентитет, купувана и продавана. Најчесто со ваков кошмар завршува еден сон на млада девојка која сака да успее во животот, несвесно влегувајќи во синџирот на едно од најголемите зла на денешницата, трговијата со луѓе. Застрашувачка е состојбата и во нашата земја. Ако Македонија некогаш беше транзит-земја низ која поминуваа жртвите на трговија со луѓе, денес нашата држава се претвори во земја на...

Continue reading

logo

НВО или шпионски дувла?

Post Views: 2 За да докажат дека проверките на финансиите и работата на невладините организации во Русија не се без причина, на амбасадорот на САД во Москва Мајкл Макфол домаќините му предочиле список на американски разузнавачи кои предводат невладини организации во Русија.Директорката на Институтот за надворешнополитички истражувања и иницијативи Вероника Крашениникова, за време на одржувањето на округлата маса на тема „За проблемите и перспективата на граѓанското општество на Русија и САД“, таа на амбасадорот Макфол му кажала „кој е кој“ меѓу Американците во невладините организации. „Одличен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top