Post Views: 0
Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава, по системот на лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат....
Post Views: 0
Секое лето и на почеток на есента, амброзијата создава проблеми кај лица кои се алергични на неа, а таа секоја година ја има се повеќе. Амброзијата цвета од јули до октомври, а концентрацијата на нејзиниот полен е најголема во август и септември. Само едно стебло од амброзија, произведува од 1-8 милјарди спори, кои може да патуваат и до 40 км, а за силна алергиска реакција се доволни од 8-20 спори на кубен метар воздух. Примариус Д-р Елпиника Марин од Медицинскиот центар од Охрид, која се бави со алергиски испутвања објаснува дека амброзијата е широко распространета...
Post Views: 7
Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека се...
Post Views: 9
Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, активен партнер во зачувување и унапредување на правата на работниците. Денес честитајќи го меѓународниот ден на трудот, жените од владеачката гарнитура се пофалија со нивните заложби во работењето како и за постигнатите резултати во социјалната сфера и унапредување на правата на жената.
„Наша идеолошка и програмска цел е да останеме активен партнер во борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тоа го правиме чесно искрено и посветено. Од нас нема да слушнете нереални ветувања, како она на опозицијата дека ќе вработат...
Post Views: 10
Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија.
„За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен...
Post Views: 7
Закон за спречување и заштита од дискриминација постои во Македонија. Но, сепак, потребно е сите ние да се ослободиме од стереотипите вкоренети кај нас, а дискриминацијата да ја оставиме некаде далеку на маргините од нашето општество.
Најмладите од Охрид покажаа како треба против дискриминацијата. Во согласност со Акциониот план „Заедно против дискриминација“, Општина Охрид и Црвениот Крст, на градскиот плоштад организираа културно уметничка манифестација. Ова е само мал обид во запознавањето на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација...
Post Views: 7
„Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска.
„Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината...
Post Views: 14
Никако да се реализира идејата за носење на барем еден од светските хотелски брендови во Охрид. Колку ваквата инвестиција е остварлива и дали истата би била еден вид адреналинска инекција за македонскиот туризам, останува како прашање околу кое експертите во туризмот сеуште со спротивставени мислења. Верица Хајба, претседателката на Комисијата за ЛЕР при Општина Охрид, вели дека за самиот влез на ваков вид инвестција, кај нас сеуште нема услови.
„Усилбите неколку години наназад, веќе помина и деценија, да се донеси еден брендиран хотел и недоаѓањето ни е еден индикатор...
Post Views: 3
Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид беше поставен пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот.
„Целата акција потекна кога започна сечењето на липите. Супер радио како медиум не го оспорува проектот...
Post Views: 5
АБР Револуционерната рехабилитациона терапија, полека го наоѓа своето место меѓу пациентите. Овој современ метод на рехабилитација, кој пред една година срамежливо беше претставен кај нас, со своите неоспорливи резултати, ја стекнува довербата и кај пациентите и кај нивните родители. Криста Биненс од Белгија која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката, повторно во Охрид како дел од тимот кој ќе зборува за трајноста на резултатите од оваа терапија.
„Никогаш не се привремени резултатите. Можете да ги постигнете дури...
Post Views: 6
Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски.
„ Од голема помош ќе биде за нас бидејќи ќе овозможи едноставно ние како креатори на ценовната политика, малку од малку да имаме поголема слобода во креирањето на цените, бидејќи сметам дека 18% предизвикуваше само едно партнерство со државата. Ние хотелите работевме, но рамноправно со државата. Сега ќе има поголема...
Post Views: 2
Целата училишна опрема која еден ученик во четврто одделение ја носи на својот грб, тежи повеќе од пет килограми. Кај основците само учебниците и тетратките тежат по околу 2кг, а дополнителни два-три килограми – работните тетратки, училишниот прибор и ранецот. Што значи дека десетгодишен ученик на својот грб носи повеќе од една петтина од својата телесна тежина. Кога на овој податок уште ќе ги додадеме и неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и...