Ознака: настанот

Одржан настанот “Родот во мојата професија”

Post Views: 4 По повод меѓународниот ден на жената во НУЦК „Григор Прличев” беше одржан мултимедијалниот настан „Родот во мојата професија”.  Под тезата дека борбата за женски права е секојдневна борба и дека еднаш зададените права се секогаш под ризик да бидат повторно одземени, како и тоа дека од позиција на привилегирани, имаме должност да се застапуваме за родовата еднаквост и за оние со помали привилегии, беше одржана трибина и интерактивна дискусија под истоимениот наслов, а како излагачи се претставија : Весна Ѓоршеска Кoцевска инфлуенсер; Мерсиха Исмајлоска, универзитетски...

Continue reading

Tuluz

Уапсено лицето осомничено за убиствата во Тулуз

Post Views: 4 Францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан потврди дека е уапсенo 24-годишно момче на прв кат на мала зграда во дистриктот Кот Паве, која важи за мирна станбена област во Тулуз. Во акцијата тројца полицајци биле повредени. „Тој тврди дека е муџахедин и дека е припадник на Ал Каеда“, изјави Геан на местото на настанот, додавајќи дека мотивот на напаѓачот била одмазда за убиени палестински деца и поради ангажирањето на француската армија во меѓународни воени интервенции. {loadposition content9}  

Continue reading

лого

Утре стартува „Гимназијадата“

Post Views: 2 Почитувани, во четврток со почеток во 20 часот на спортскиот стадион „Билјанини Извори“ со свечено отварање ќе започне „Гимнизајадата“ која во Охрид ќе се одржи од осми до десетти мај. На настанот, кој за прв пат ќе се одржи во нашиот град ќе продефелираат повеќе од 1000 ученици-учесници, а ќе се натпреваруваат во екипните спортови голем и мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и атлетика. Организациониот одбор ги повикува сите граѓани на Охрид да присуствуваат на настанот, кој ќе ја одбележи 2014 година. {loadposition content9}

Continue reading

pukanje struga

Едно лице рането при пукање во Струга

Post Views: 3 Денес на сред бел ден пукање во Струга. Едно лице е повредено со пукање од огнено оружје во спортската обложувалница „Спортлајф“ . Дел од стружани слушнале за настанот и се згрозени, тие  критикуваат дека во едно мало градче како Струга има премногу обложувалници и кладилници. „Рекла казала, само што кажаа луѓето дека е повредено едно лице но друго што е како е не не интересира толку. Полошо од вакви напади нема ниту пак ќе има и ќе го бараме комунизмот бидејќи демократијата е ваква и полошо ќе носи. Толку казина и обложувалници во еден мал град се отворени не е на арно. Не...

Continue reading

Претсрелка во струшко Велешта

Post Views: 3 Едно лице е повредено од огнено оружје ноќеска во струшкото село Велешта. А.С. (36) е тешко повреден откако кон него, засега непознато лице пукало со огнено оружје. Настанот се случил неколку минути по полнок пред домот на сега повредениот кога тој излегол од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ паркирано во близина на неговата куќа, излегле две лица од кои, едно од нив испукало повеќе куршуми кон А.С. по што веднаш избегале. А.С. итно е пренесен во општата болница во Струга каде се констатирани повеќе...

Continue reading

Напад врз фудбалски судија во Струга

Post Views: 0 Фудбалер на „Влазними“ нападнал фудбалски судија. На 02.11.2014 година околу 15,30 часот на Градскиот стадион во Струга, при одигрување фудбалски натпревар помеѓу ФК„Караорман“ и ФК„Влазними“, откако судијата досудил пенал за домашната екипа, Б.И. – играч од ФК„Влазними“, станал од клупата за резервни играчи и го нападнал судијата, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Во истиот момент, судијата го прекинал натпреварот. По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок. {loadposition content9}

Continue reading

vevcani

Крвава ноќ во Вевчани

Post Views: 7 Крвава ноќ во Вевчани. Вевчанци се во шок и неверување по двојното убиство кое се случи синоќа во 21 часот и 30 мин. Крвавиот инцидент на летната бавча во кафеаната Пјаца каде што беше убиен сопственикот на угостителскиот објект Владо Попески на 43 годишна возраст и неговиот дваесет години помлад пријател Матеј Ѓурчески, вевчанци, со огорченост го коментираат. Тие и денеска сеуште не можат да си дојдат на себе после синоќешниот злостор.  „Цело село го потресе настанот, има двајца мртви и двајца ранети. Нашето село е мирно  и досега не се памети таков злочин.  Ова што...

Continue reading

prezzentacija

Презентирана туристичката понуда на Охрид во Прага

Post Views: 2 Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за ТЛЕР  во Прага одржа презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни тур оператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа, и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На...

Continue reading

ubistvo

МВР: Расчистено грозоморното убиство во Ѓорче

Post Views: 1 Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше  грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје. До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство. Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот нешто по 17,00 часот, но истиот бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако, не успеал...

Continue reading

OU Sv Kliment Ohridski Drslajca

Два тони нафта исчезна преку ноќ

Post Views: 12 Два тони нафта исчезна преку ноќ. Во понеделникот 23 јануари годинава во О.У. „Св. Климент Охридски“, Драслајца, за потребите за греење на учениците пристигнале 4 тони нафта. Оваа количина за нецели 24 часа била преполовена од засега непознати сторители. И не само тоа, од училиштето фали апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви и др, за ТВМ во телефонски разговор кажа директорката, Жана Димоска. Таа рече дека настанот се случил ноќта помеѓу вторник и среда, за што е известена и полицијата. До сега од таму немале никаква повратна информација кој би можел да...

Continue reading

svr

Тепачка меѓу средношколци

Post Views: 0 Се степаа стружани и охриѓани. Денеска нешто после пладне околу 14 часот две групи на деца предизвикале тепачка. Во неа учествувале 14 деца од охридското средно училиште ЕМУЦ и неколку од сртушката гимназија Ибраим Темо. Настанот се случил на ул Маршал Тито во близина на ресторанот Т’га за Југ. Нарушувањето на јавниот ред и мир потврден е и од страна на СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски вели дека дел од учесниците се приведени во полициска станица и се врши распит заради утврдување на сите аспекти поради кои дошло до тепачката. После тоа ќе излезат и со детали за...

Continue reading

davenik

Плажата „Галеб“, кобна

Post Views: 7 Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи.  Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена. Од СВР...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top