Ознака: наесен

Пост на Фејсбук дезинформира дека сите вакцинирани ќе починат наесен

Post Views: 2 Оваа објава се повикува на антиваксерот Виктор Колман и ја дезинформира јавноста дека вакцинираните ќе почнат да умираат наесен, како и дека се заштитени само од првичната мутација на коронавирусот. Наспроти дезинформациите на Колман, според Центарот за контрола и превенција на болести од САД (ЦДЦ), ковид вакцините се безбедни и ефикасни и може да го спречат ширењето на коронавирусот. Истовремено се наведува дека тие што се вакцинирани, дури и да се заразат со коронавирусот, нема да имаат тешка клиничка слика и нема да бидат хоспитализирани во толку голем обем, споредено...

Continue reading

lisja

Зошто боите на есента се толку убави?

Post Views: 1 Можеби некогаш сте се запрашале кој е виновен за прекрасните есенски бои? Листовите во себе содржат хлорофил, а тоа е она што ги прави зелени. Но сите зелени растенија во себе имаат и група хемикалии наречени каротеноиди. Кога се сами, тие ја даваат жолтата или портокаловата боја на растенијата. Тие ја даваат бојата на пченката и морковот. Каротеноидите се невидливи под хлорофилската зелена боја на листот поголемиот дел од годината. Наесен, кога листовите се приближуваат кон крајот на својот животен циклус, хлорофилот се разложува и се разоткрива жолто-портокаловата...

Continue reading

Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен

Post Views: 7   Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен. Иако од секторот за комунален развој, сообраќај и патишта најавија дека семафорите кои се наоѓаа на раскрсницата кај некогашниот Мини маркет веднаш после нивното отстранување, поради кружниот тек кој се направи таму, ќе бидат поставени на Железничка, семафори на оваа сообраќајница сеуште нема. Од секторот објаснуваат дека чекале од Одделот за јавни набавки да распишат тендер за поставување на семафорите. Постапката за распишување на тендер е веќе во тек  ќе се бара најповолен понудувач. Таа постапка треба...

Continue reading

crkva

Грдата слика кај болничките цркви ќе чека есен

Post Views: 6 До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години. Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот. Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната...

Continue reading

den na drvoto

Пролетва нема „Ден на дрвото“

Post Views: 14 Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top