Ознака: Милошоски

Antonio Miloshoski

Милошоски на неформален состанок во Истанбул

Post Views: 3 Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Jугоисточна Европа(ПСЈИЕ). На Состанокот, што ќе се одржи во Истанбул, ќе се разгледуваат генералните линии на дејствување на турското претседателство со Процесот што Турција го презеде во јуни оваа година, по што се очекува да биде конципирана работната програма на ПСЈИЕ за наредниот период. Во рамките на работниот престој во Турција, министерот Милошоски ќе учествува и на 12–тата Конференција на Балканскиот...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Милошоски на неформален министерски состанок во Будимпешта

Post Views: 5 Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска  во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи. Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска  во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка,  земјите идни претседавачи со ЕУ – Белгија и Шпанија, како и земјите...

Continue reading

logo

Милошоски на „Кроација самит“

Post Views: 3 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска учествува на четвртиот „Кроација самит“ на тема „Стратешки императив на Европа – енергетика, инвестиции и развој”, што се одржува во Дубровник. Милошоски ќе има свое обраќање на панелот наречен “ЕУ и НАТО – Трансформација на Југоисточна Европа“, во кое ќе ги реафирмира стратешките определби на Македонија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ и членството во НАТО, како клучни прашања за политичкиот и демократски развој на земјата. Високи претставници на држави и на меѓународни...

Continue reading

Antonio Milososki

Милошоски и Коњановски на состанок на Северноатланскиот совет

Post Views: 1 Македонска делегација предводена од министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, денеска во Брисел, ќе одржи состанок со Северно-атлантскиот совет (НАЦ). На состанокот ќе учествуваат претставници и експерти од надлежните државни интитуции инволвирани во процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО. Во име на Алијансата, со состанокот ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО (НАЦ) со Република Македонија е редовна средба на НАТО со земјите аспиранти за...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Милошоски на состанок на ОБСЕ

Post Views: 7 Министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, се одржува денеска и утре на грчкиот остров Крф. Ова, како што пренесува Макфакс, ќе биде прв состанок од ваков тип во рамките на ОБСЕ и на истиот се очекува шефовите на дипломатиите и други претставници на 56 држави членки да дискутираат за прашања поврзани со современите безбедносни предизвици со кои се соочува Европа. Меѓу нив и за потребата од зајакнување и унапредување на постоечките европски безбедносни аранжмани и структури и изнаоѓање на...

Continue reading

Antonio Milososki

Министерот Милошоски на состанок на земјите на Јадранската повелба

Post Views: 8 Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски  денеска во Тирана ќе учествува на редовниот состанок на Партнерската Комисија на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Јадранската Повелба.  На состанокот ќе учествува и генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата ќе се дискутираат прашања поврзани со иднината на Јадранската група, а ќе биде усогласена и заедничка изјава на министрите за надворешни работи. На маргините на состанокот министерот Милошоски ќе оствари билатерални средби...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски во работна посета на Брисел

Post Views: 3 Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, при што ќе оствари средба со комесарот за проширување Оли Рен. На средбата ќе се разговара за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. Ќе се разговара и за укинувањето на визниот режим на Европската Унија кон Македонија,...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски на форум на Алијансата на цивилизации

Post Views: 5 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре во Истанбул ќе учествува на вториот годишен форум на Алијансата на цивилизации. На форумот, чиј домаќин е Владата на Турција, ќе партиципираат политички лидери на преку 50 земји, претставници на меѓународни и регионални тела, на донаторски организации, на фондации и граѓански здруженија. Најавено е и учеството на американскиот претседател Барак Обама, на вториот ден од конференцијата. Воведни обраќања ќе имаат турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Владата на Шпанија Хозе Луис Родригез Запатеро,...

Continue reading

zname

Министерот Милошоски во официјална посета на Литванија

Post Views: 5 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска престојува во официјална посета на Литванија каде ќе се сретне со највисокиот државен врв. Милошоски денеска во Вилнус ќе се сретне со литванскиот министер за надворешни работи Вајгаудас Усхакас, со кого ќе потпише протокол за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Литванија. Шефот на македонската дипломатија ќе се сретне и со литванскиот претседател Валдас Адамкус, а претходно ќе одржи говор во литванскиот Парламент кој утре одржува седница насловена „Пет години од членството на Литванија...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски во официјална посета на Естонија

Post Views: 0 Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска престојува во официјална посета на Естонија, каде ќе се сретне со шефот на естонската дипломатија Урмас Пает и премиерот Андрус Ансип.Министерот Милошоски синоќа пристигна во Талин каде имаше работна вечера со генералниот дирекотр на естонската Стопанска комора Сим Раие. Шефот на македонската дипломатија денеска во Талин ќе се сретне и со претседавачите на парламентарните комитети за прашања поврзани со ЕУ Марко Михкелсон, за надворешни работи Свен Миксер, како и со претседавачот на естонско-македонската...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски во посета на балтичките земји

Post Views: 2 Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски од денеска до 27 март ќе престојува во официјална посета на Латвија, Естонија и Литванија. Во разговорите со највисоките претставници на трите балтички земји ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и проширување на вкупната соработка, како и за продолжување на поддршката што овие земји континуирано ја даваат на напорите на Македонија за интегрирање во НАТО и ЕУ, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерот Милошоски ќе ги информира...

Continue reading

Shefer Milososvski

Милошоски и Коњановски во посета на Брисел

Post Views: 9 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел. Во рамките на посетата во седиштето на НАТО во Брисел, министрите денеска ќе имаат средби со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и повеќе амбасадори на земјите членки при НАТО, официјално е соопштено. Приоритетните теми кои ќе доминираат на средбите се актуелните случувања и ставови, поврзани со членството на Македонија во НАТО, учеството на државата во меѓународните мировни мисии и проекциите на реформите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top