Ознака: месо

pileshko

Шверц на 3 тони пилешко од Македонија

Post Views: 5 Неуспешен обид да се шверцува пилешко од Македонија во Бугарија. Откако бугарски државјанин легално од Струмица купил три тони пилешко месо, се обидел нелегално да го извезе. Со намера да ја избегне царинската контрола, на граничниот премин Ново село пријавил дека комбето е празно, а месото го сместил во посебна преграда. По контролата од страна на царинските служби констатирана е непријавена стока. Против возачот Царинската управа ќе поведе соодветна постапка за утврдување одговорност. Пилешкото месо е со потекло од Бразил и е увезено со сите потребни анализи и дозволи....

Continue reading

iznuda

Охриѓанец заработи кривична пријава за изнуда

Post Views: 8 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец. Пријавениот, на 25-ти минатиот месец, околу 21.20 часот на улицата „Македонски просветители“ пресретнал сограѓанин и со рака го удрил во пределот на лицето, нанесувајќи му црвенило и лесни повреди. При тоа, му упатил сериозна закана, барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра. Потоа повторно го  удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција. Пријавениот е лице познато на службата...

Continue reading

suvomesnati

Храна кој предизвикува рак

Post Views: 10 Според последните истражувања на Британскиот медицински институт, постојат прехрамбени продукти кои го зголемуваат ризикот од рак а луѓето секојдевно ги конзумираат. Досега се знаеше дека дебелите луѓе и оние кои конзумираат алкохол во големи количини се најзагрозени. Но според последните сознанија, во опасност се и  луѓето кои се во добра здравствена состојба, не конзумираат претерано алкохол и немаат проблем со тежината но секојдневно конзумираат месни преработки (сланина, шунка, колбаси, салами), црвено месо и сол. Стручњаците напоменуваат дека не постои безбедна...

Continue reading

meleno meso

Нема веќе рефус мелено месо по месарниците

Post Views: 1 Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина. „Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не смее...

Continue reading

piperki

Тегла ајвар колку килограм месо

Post Views: 4 Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до 40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето.Единствена олеснителна околност е што маслото за јадење поефтини...

Continue reading

Десет фасцинантни факти за Бразил

Post Views: 1 Од почетокот на Светското првенство во Бразил не делат неколку дена. По овој повод издвојуваме десет фасцинантни факти за оваа земја, со помош на податоците кои ги објавија Telegraph и Business Insider. Бразил е трет потрошувач во светот на козметика, веднаш по САД и Јапонија. Половина од светското производство на сок од портокал и петтина на производството на шеќер отпаѓа на Бразил. Бразил е седмо стопанство во светот, со БДП од 2,3 билиони долари. Толку изнесуваат стопанствата на Јужна Африка, Австралија и Аргентина, заедно. Во Бразил е потребно повеќе од една година...

Continue reading

ishrana skoli

Како се хранат вашите деца додека се на училиште?

Post Views: 1 Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште. Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот. Директорката...

Continue reading

jagneshko

„Солено“ јагнешкото ама и зеленчукот

Post Views: 1 Јагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм. Неговата малопродажна цена од ден на ден се зголемува, а само пред една недела можеше да се набави по цена од  360 до 380 денари. На пазарот покрај јагнешкото месо се продаваат бели и црни дробчиња по цена од 170 денари, јагнешки глави за 60 денари, а шкембето се продава по 120 денри. На пазарот се чувствува  недостиг од јагнешко, а побарувачката од страна на граѓаните расне,  нагласуваат трговците. Високата цена на јагнешкото месо  трговците ја...

Continue reading

Kurban Bajram

Граѓаните од муслиманска вероисповед денес го празнуваат Курбан Бајрам

Post Views: 6 Околу 800 семејства од Охрид кои се евидентирани  во Центарот за социјални грижи ќе добија по 5 кг месо по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Годинава се донираа околу 4 тони месо или 17 грла, а бројот на донатори од година на  година расте вели Зиба Муштеба преставник на фондацијата  Шафак за Охрид. На денешниот верски чин, каде што се колеше Курбан традиционално своите сограѓани од муслиманска вероисповед ги посети и празникот им го честита  градоначалникот Александар Петрески. Тој ги поздрави и верниците кои заминаа на аџилак. Градоначалникот Петрски...

Continue reading

meso

Охриѓани, најчесто на трпеза имаат свинско месо

Post Views: 4 Во моментов охридските месарници се снабдени со квалитетно месо, а граѓаните и покрај високата цена  не се откажуваат од него. Велат, купуваме најчесто свежо, свинско месо. За појадок и за мезе со ракија на трпеза имаат и сувомеснати производи. Економската криза не ги одмина охридските  месарници. Продавачите на месо кажуваат дека за разлика од лани продажбата на месо  има блага надолна линија. Иако кризата има влијание врз неговата продажба, сепак граѓаните го купуваат вели Марија Петкоска од месарницата Римес.Засега ни месарниците, ни продавниците не размислуваат да...

Continue reading

meso

Какво месо на велигденската трпеза?

Post Views: 3 За Велигденските празници граѓаните не се откажуваат од традиционалното јагнешко месо. Покрај јунешкото, свинското и пилешкото  месо на престојните Велигденски празници, на трпезата граѓаните ќе го имаат и традиционалното јагнешко месо. Граѓаните, и покрај високата  цена го бараат јагнешкото месо и го купуваат секој според своите финансиски можности. Во охридските месарници  има квалитетна понуда на јагнешко месо кое се продава по цена од 280 до 300 денари по килограм. Цената на јагнешкото месо  зависи од поднебјето од каде што се набавува, вели Марија Петкоска, од...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top