Ознака: медал

Анстасија Чутрова од охридското угостителско училиште во Србија освои сребрен и бронзен медал

Post Views: 2 Анастасија Чутрова е ученичка во трета година угостителски техничар смер готвач и келнер. Од мали нозе сака да готви и вели среќна е што и се оставрува желбата и професионално да готви. Таа беше дел од тимот на Гастромак што учествуваше на натпревар „Шумадија Саем“ во Крагуевац, Србија. Од таму се врати со бронзен и сребрен медал. Се натпреварувала во индивидуална и екипна категорија. Наградата и припаднала за подготовка на чоколаден десерт од јаболко во сос од бело чоколадо и ананас. „ Ова ми е втора награда. Бев и во Турција на светски натпревар за готвачи. Спремав...

Continue reading

математика

Бронзен медал и пофалница за охридските олимпијки по математика во Минск

Post Views: 0 Успешно претставување на охридските математичарки на женската олимпијада во Минск.  Теодора Бујароска се врати со бронзен медал, а Сања Симоновиќ  со пофалница.  Двете беа дел од четиричлената македонска  репрезентација на овој меѓународен математички натпревар. На Бујароска и Симоновиќ  ова не им е прв пат да ги бранат националните бои при одмерување на знаењата во математиката.  Тие се задоволни  од  успехот постигнат во Минск во мошне силна конкуренција. Задоволството е уште поголемо  затоа што  успехот се должи само на нивната самостојна работа и посветеност кон...

Continue reading

извидници

Извидништвото е начин на живот и филозофија, откриваат охридските „бронзени“ извидници

Post Views: 6 Филип Ѓорѓиески, Николче Костоски, Петар Танаскоски и Дарко Митаноски освоија бронзена медалја на републичкиот натпревар  за извидници. Ова е прв медал за извидничкиот одред Пионер и голема мотивација за понатамошната работа. Во конкуренција од 14 екипи во машка категорија екипно, во Македонија охриѓаните го освоија третото место. За нив тоа е голем успех затоа што во силна категоријаи само со 2 години работа во извидничкиот одред  покажаа одлични знаење во прва помош и заштита, ориентација и бивак- градење на засолништа.„ Вложивме многу напор, искрено не го очекуваме...

Continue reading

medal

Медал за заслуги за шест спортисти

Post Views: 4 Македонскиот претседател Бранко Црвенковски со „Медал за заслуги за Македонија” одликува шест македонски репрезентативци. Медал ќе добијат ракометарот Кирил Лазаров, фудбалерот Горан Пандев, боксерот Вели Мумин, ракометарките Наталија Тодоровска и Драгана Пецевска и кошаркарот Врбица Стефанов. Одличјето на спортистите им се доделува „за постигнатите врвни резултати во спортот, со што дадоа значителен придонес за неговиот развој и популаризација во земјата, како и за афирмација на Република Македонија на меѓународен план“ Претседателот Црвенковски ќе им ги врачи одликувањата...

Continue reading

logo

Едно злато и три бронзи за охридските веслачи

Post Views: 4 Веслачите на Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид на 04.10.2014 год (Сабота) настапија на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ во Пловдив, Република Бугарија. На регатата освоија еден златен и три бронзени медаљи. Во дисциплината ергометар за кадетки Анастазија Паскали го освои првот место – златен медал.Во дисциплината скиф за кадетки Анастазија Паскали го освои третото место – бронзен медал.Во дисциплината скиф за сениорки за лесни веслачки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал.Во дисциплината ергометар за сениорки Александра Ивановска го освои третото...

Continue reading

izlozba

„Cool bridges“ му донесе златен медал на Зоран Вељаноски- Летра

Post Views: 4 Меѓународното жири на 14 то биенале на фотографската уметност, Фотомедиа 2014 година, кое неодамна се одржа во Скопје  на охридскиот фотограф Зоран Вељаноски Летра му додели златен медал од Фото сојузот на Македонија за  колекцијата од три фотографии насловена како „Cool bridges 1. 2, 3“.   Годинава се претставија 175 автори од 35 земји од светот а изложбата на фотографии кои беа во конкуренција за награда ќе биде отворена на 13 ноември. Меѓународната изложба на фотографската уметност  “Фотомедиа” се организира секоја втора година од 1988 година од страна...

Continue reading

Blanka Vlasic

Бланка без медал во Торино

Post Views: 0 Најголемото изненадување на 30. Европско првенство во атлетика во сала што минатиов викенд се одржа во Торино е останувањето без медал на светската првенка и олимписка вицешампионка во скок во височина, Хрватката Бланка Влашиќ. Влашиќ заврши на петтото место со мизерен резултат за своето реноме од 192 см, откако три пати ја уриваше летвичката на 196 см. Златото и’ припадна на Аријане Фридрих од Германија со 2,01 м. „Не можев да ја најдам техниката во моите нозе. Не знам што се случи“, изјави Влашиќ. „Не размислував многу. Ја загубив концентрацијата. Се случува“. Германецот...

Continue reading

genious olympiad

Младиот охриѓанец Зекир Ајруш бронзен на олимпијадата за екологија во Њу Јорк

Post Views: 3 Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД. Зекир, бронзениот медал го освои  претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно прикривање. Пред...

Continue reading

стрелци

Одлични резултати на Балабан и Алексовска во Бугарија

Post Views: 6 Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија. За првпат оваа година стрелците од СК,,Охрид“ не се закитија со златен медал на турнирот, односно со сребрен медал се закити Нина Балабан, во јуниорска конкуренција со резултат од 403 кругови. Голем успех на Ангела Алексовска, која постигна резултат за 7 кругови поголем од минималната олимписка норма. И покрај ваквите резултати кои константно растат од натпревар на натпревар, надлежната институција...

Continue reading

aero klub ohrid

Успех на охридските аеро-моделарци

Post Views: 3 На 11 мај 2014 година на спортскиот аеродром во Прилеп се одржа 62-ро дрзжавно првенство во воздухопловно моделарство каде што во силна конкуренција во  категоријата Ф1Б – модели на гумен погон победник беше „Аеро Клуб“ Охрид – прво место- златен медал го освои Масин Климент и сребрен медал Митко Цветановски. Во категорија Ф1Х Михаил Ангелески го повтори својот  минатогодишен успех  и го освои бронзениот медал. „Аеро Клуб“ Охрид освои диплома за најмлад такмичар во категорија Ф1Х – Александар Цветановски. Голема заслуга за најмладите такмичари за нивниот...

Continue reading

Сребрен медал за учениците од ДСУ „Ванчо Питошески“ за филмот „Друг човек“ на МАССУМ

Post Views: 0 Државниот натпревар ,,Образовно рандеву 2021“ на Младинска Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија (МАССУМ) во соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН се одржа на 23 и 24 април за средните училишта од цела Македонија. Учениците од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски учествуваа во 5 категории постигнувајќи  високи резултати. Второ место, сребрен медал во категоријата најдобар филм со филмот „Друг човек“ и актерите Дарко Соколески, Ерол Брзев и Димитар Дуноски. Креативните...

Continue reading

ekodrom

Успешен старт на екодромците од Охрид

Post Views: 3 Отварањето на сезона 2014 во Планински Велосипедизам, се одржа во Скопје во дисциплината Ридско Искачување, која се одвиваше по падините на Водно по единечна патека низ густата шума од црквата Св.Јован вo Kaпиштец до Средно Водно под жичарата на патот што ве води до с.Нерези односно Манастирскиот Комплекс.   Патеката во должина од 2,5 км е во целост стрмна нагорнина по тесна единечна патека. За разлика од другите натпревари ова ридско искачување се карактеризира со поединечен старт на секој велосипедист со разлика од 1 минута. Слично како Хронометарот кај друмскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top