Ознака: матурантите

ohrid

Во средни охридски училишта денес започна екстерното тестирање на матурантите

Post Views: 2 Матурантите од  средните  училишта денес започнаа со полагање на  екстерно тестирање. Тестирањето ќе се одвива од денес, 25-ти  до 29-ти јануари. Матурантите ќе полагаат по два предмети. Утрово, во некои охридски средни училишта имало доцнење, но подоцна испитот завршил во ред, информираат директорите на четирите општински средни  училишта. Ѕвонко Трпески, директор на гимназијата Св.Климент Охридски информира дека во нивното училиште екстерното тестирање почнало навреме и немало никаво доцнење. Се се одвивало според акциониот план на ресорното министерство. Во термините...

Continue reading

ucenici

Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети

Post Views: 0 Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука. “Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев. Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од одреден...

Continue reading

maturanti

Матурантите на страна

Post Views: 8 Убавата традиција не би требало да се наруши. Матурските таблоа секоја година привлекуваат големо внимание во јавноста. Луѓето се љубопитни да видат кои се лицата на годинешните матуранти. Но, годинава тоа не им беше овозможено. Имено, во струшката чашија на препознатливите места, излозите од дуќаните не сретнавме матурско табло. Стружани велат дека местото на таблоата им е тука и не смее да се дозволи оваа традиција да згасне.Директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, вели дека веќе има истакнати таблоа на матуранти, но тие не се на очекуваните излози. Раководителот...

Continue reading

gimnazijalci

Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 4   Матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“ пред охриѓани синоќа на Антички театар се претставија во најдобро издание и покажаа дека се подготвени да продолжат со предизвиците кои им ги носи животот. Тие најавија дека своето образование ќе го продолжат на некоја од високообразовните институции и изразија надеж дека со идниот ангажман во општественото живеење ќе бидат носителите на идниот развој на локалната заедница и државата. Родени сте да успеете, вака во името на општина Охрид на завршените средношколци и на останатите присутни на Антички театар им се обрати Ангел...

Continue reading

kvadril

Годинава сите охридски средни школи заедно на матурска парада

Post Views: 7 По девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти. „Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум...

Continue reading

fakultet

Отворен ден со матурантите на ФТУ

Post Views: 0 Денес ФТУ Охрид ширум ги отвори вратите за матурантите. Идните студенти имаа можност да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми за кои би се определиле, како и со лабораториите со кои располага оваа високообразовна установа. Матурантите сеуште во дилема каде понатака. „Сега за сега сеуште не сме одлучиле. ФТУ има добри услови за учење и за надвор од државата“ – велат матурантите. Но затоа пак оние кои веќе студираат на ФТУ со пофални зборови кон установата и условите која истата им ги нуди. „Ние сме студенти. Нека се запишат, факултетот е супер...

Continue reading

ftu

Отворен ден со матурантите на ФТУ-Охрид

Post Views: 2 Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите. Тие ќе имаат можност да ги посетат просториите на факултетот, да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми кои можат да ги изберат, како и со лабораториите кои ги поседува факултетот и ги користи за едукативни цели. Факултетот има обезбедено промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти, како и дополнителни информации поврзани со студирањето. На отворениот ден матурантите ќе бидат пречекани од раководителите на студиските програми,...

Continue reading

gimnazijalci

Завршна свеченост на матурантите, на Антички

Post Views: 0 Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“   со завршна свеченост. Синоќа на преполнетиот Антички театар, 375 матуранти ја заокружија учебната 2012-2013 година. Дипломците со помешни емоции кажаа: „Нашето училиште од секогаш било пример за ред, дисциплина, учење и почит кон професорите. „Значи помешани чуства можам да кажам пред се прво овие прекрасни четири години поминаа брзо, секој од нас би сакал вечно да траат, жално, но од друга страна исправени сме пред нов предизвик. Со малку трема сите го чекавме овој момент и ево го дочекавме. Чуството беше прекрасно од овие...

Continue reading

kvadril

Шести пат „Матурска парада“

Post Views: 5 Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на  штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат. Пред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички...

Continue reading

policija

Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери

Post Views: 2 Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери. Ова е целта поради која денес на заедничка маса седнаа преставници од СВР, директорите од средните и основните училишта во градов, психолози, педагози како и преставници на центарот за социјални грижи и Црвениот крст. Тие и годинава во очи одржувањето на матурските и полуматурските вечери поразговараа како превентивно да се делува за оваа вечер која е многу важна за средношколците и основците да им остане во најдобро сеќавање без притоа да има некакви несакани инциденти. Овој проект започна во 2009 год. откога се превземаат...

Continue reading

Naum Rilkovski

Гимназијалците матурата и годинава ќе ја слават во х. Десарет

Post Views: 17 Гимназијалците и економистите матурата традиционално ќе ја слават во хотелот Десарет. Директорот на Св. Климент Охридски Наум Рилковски објаснува дека навреме биле завршени сите постапки за избор на најдобар понудувач, не само за прославата, туку и за избор за фотограф. „Одбрана е и најниската понуда но и просторниот капацитет ни одговара, бидејќи матурантите годинава се околу 370 како бројка  дозволува и најидеално е да биде избран хотелот Десарет. И ако целата постапка е редовно помината како што треба секако дека помеѓу учениците и од гимназиските паралелки, економките...

Continue reading

gimnazija

Свеченоста за доделување на дипломите на матурантите на 07 август

Post Views: 10 Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август.  Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот  Владимир Василески – Четкар. „Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top