Ознака: криза

Mital

Индиските милијардери на удар на финансиската криза

Post Views: 0 Финансиската криза во светот удри и по џебот на најбогатите луѓе во Индија. Вкупно 40 индиски милијардери, меѓу кои се и некои од најбогатите луѓе на светот, во финансиската криза загубија заедно 60 насто од имотот. Пазарите на хартии од вредност во изминатите 12 месеци загубија 48 проценти, а индиската рупија во однос на доларот се намали за 24 насто, што предизвика намалување на имотот на најбогатите за 60 проценти, пишува магазинот Форбс. Според истиот извор имотот на индиските милијардери се намалил од 351 милијарда долари на 139. Најбогат Индиец и натаму е Мукеш...

Continue reading

Brisel

Вонреден самит на ЕУ за финансиската криза

Post Views: 3 Вонреден самит на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) посветен на глобалната финансиска криза започна денеска во Брисел. Европските лидери настојуваат на самитот да изнајдат заеднички став со кој што ќе излезат на светскиот самит на Г20 посветен на реформите во глобалниот финансиски состав, што идната седмица ќе се одржи во Вашингтон. „За да отидеме во Вашингтон со заеднички став треба да се сослуша секој“, изјави пред почетокот на самитот францускиот претседател Николас Саркози, чија што земја претседава со ЕУ. Германската канцеларка Ангела Меркел оцени...

Continue reading

Deutsche Bank

„Дојче Банк“ тврди дека не и треба помош од германската Влада

Post Views: 0 Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор. Претседателот на „Дојче Банк“, Јозеф Акерман изјави дека банката е силна и дека во сегашните услови нема да биде дел од планот за спас. Минатата недела банката соопшти дека и покрај економската криза, во третиот квартал од годинава остварила профит, што не е случај со другите поголеми банки кои се најдоа на удар на глобалната криза на финасискиот пазар. Барања за добивање помош од Владата во Берлин досега...

Continue reading

Motorola

„Моторола“ планира да укине 3.000 работни места

Post Views: 0 Американскиот производител на телекомуникациска опрема „Моторола“ во рамките на новата реорганизација планира да укине 3.000 работни места, што претставува намалување на работната сила за 4,5 отсто. По најавеното отпуштање, вкупниот број на работните места укинати во „Моторола“ од јануари 2007 ќе се искачи на 13.000. „Моторола“ се одлучи на реорганизација поради слабите деловни резултати, кои се последица од недостатокот на развој на нови модерни линии на телефони. Две третини од планираното укинување на работните места ќе биде спроведено во одделот за мобилна телефонија,...

Continue reading

American express

Американ експрес ќе отпушти 7.000 вработени

Post Views: 1 Американската компанија за кредитни картички „Американ експрес“ ќе отпушти десет проценти од вработените во компанијата, односно 7.000 вработени. Ова официјално го соопшти компанијата, која појасни дека отпуштањата се должат на светската финансиска криза.Најголем дел од отпуштените работници планирано е да бидат службениците кои имаат менаџерски функции. Компанијата исто така планира да ги намали трошоците предвидени за маркетинг. {loadposition content9}

Continue reading

asvtralisko zname

Австралија ќе ги намали имигрантите поради финансиската криза

Post Views: 28 Австралија може да го намали бројот на имигранти поради финансиската криза што ја зафати земјата и светот. Ова го соопшти австралиската влада, која најави дека проблемот посериозно ќе го разгледа во ноември по објавувањето на податоците за економската ситуација во земјата. Австралиските власти стравуваат дека финансиската криза може да доведе до зголемување на невработеноста, што се случи во многу други земји.  

Continue reading

Obama Mekkejn

Економската криза тема на ТВ дуелот меѓу Обама и Мекејн

Post Views: 6 Економската криза во САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама.         Како главни виновници за кризата, според Мекејн, се алчноста и претерувањето од страна на Вол Стрит и Вашингтон.          Обама пак се согласи дека финансиската криза е најголема од времето на Големата депресија, и призна дека „не видел план кој ќе и помогне на средната класа Американци“.          Американската економска криза му помогна на демократот Обама да се издвои пред неговиот републикански ривал Мекејн во анкетите на национално...

Continue reading

Angela Merkl Nikola Sarkozi

ЕУ знае како да излезе на крај со економската криза

Post Views: 0 Европската унија има „доктрина“ како да се спротивстави на сегашната финансиска криза, изјави синоќа францускиот министер за финансии Кристин Лагард, по состанокот на министрите за финансии на 27-члениот блок во Луксембург. Легард укажа дека министрите за финансии на ЕУ на синоќешниот состанок се согласиле околу повеќе принципи врз основа на кои во цела Европа би требало да се обезбеди помош за банките, со цел владите да не ги решаваат проблемите изолирано.Меѓу принципите по кои државите на ЕУ би требало да се раководат при решавање на проблемите на финансиските пазари,...

Continue reading

FBI logo

Поради финансиската криза ФБИ истражува во четири најголеми финансиски институции во САД

Post Views: 6 Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД истражува во четири од главните финансиски институции во земјата, чиј финансиски крах придонесе администрацията на Џорџ Буш за да го изготви планот за спасување, во  вредност од 700 милијарди долари, пренесоа светските агенции. Агенциите се повикуваат на американските медиуми кои цитираат двајца анонимни претставници на организации за заштита на правата на граѓаните. ФБИ проверува дали има можни измами во двата американски хипотекарни гиганти „Фани Меј“ и „Фреди Мак“, врз кои контрола воведе Министерството за финансии на САД –...

Continue reading

lideri

Нова средба за надминување на политичката криза во Македонија

Post Views: 0 Денес во Брисел, ќе се одржи нова рунда разговори помеѓу претставници на власта и опозицијата во Македонија околу надминување на длабоката политичка криза во земјата. На средбата што ќе се одржи со посредство на еврокомесарот за проширување на унијата Јоханес Хан, учество ќе земат делегации на владејачката ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот и премиер Никола Груевски, на опозициската СДСМ  на чело со лидерот Зоран Заев, како и на ДУИ и ДПА. На средбата како што е најавено, ќе присуствуваат и амбасадорот на САД во Македонија Џес Беји и евроамбасадорот Оли Рен. Се очекува...

Continue reading

Нова средба во Брисел за решавање на политичката криза

Post Views: 1 Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав и Џес Бејли. Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година. Европската Комисија веќе предупреди доколку не биде постигнат договор дека е...

Continue reading

НАТО одлучи да учествува во решавање на бегалската криза во Егејот

Post Views: 1 НАТО денес одлучи да учествува во поморската операција во Егејското море за да помогне во решавање на бегалската криза, рекол во Брисел американскиот министер за одбрана Ештон Картер по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО. НАТО со оваа одлука одговори на барањето на Германија, Турција и Грција кои побараа сојузот да помогне во надзорот на морската граница помеѓу Грција и Турција и во борбата против криумчарите кои по тој пат илегално ги пренесуваат бегалците од Турција во Грција. “НАТО и нејзините членки се сложиле денес дека ќе ја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top