Post Views: 4
Екстремно високите температури никако да ја напуштат земјава. Новиот топлотен бран кој ни доаѓа од Северна Африка причина за се почеста појава на летни вирози и стомачни вируси. Иако не се работи за некои алармантни бројки, сепак лекарите и понатаму апелираат за следење на препораките кои што важат за летниот период. Охриѓани очигледно ги почитуваат. Засега само мал број на пријавени со вакви вирусни заболувања.
„На ниво на државата слушаме дека имало поголем број на случаеви посебно во Скопје. Во Охрид отрприлика последните месеци има собрано статистички етероколит...
Post Views: 47
Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување. Лани во домот биле сместени 145 студенти во расположливиот капацитет од 218 места, вели раководителот на домот Марјан Ристески. Од 1991 година откога овој објект ја има функцијата на студенски дом, бројот на студенти кои се сместуваат тука опаѓа. Податоците од лани укажуваат дека повторно има тенденција на пораст на интерсот за сместување па се очекува и годинава тој позитивен...
Post Views: 0
Од 25 до 29 август, по четврти пат ќе се одржи охридскиот хорски фестивал. Концептот на фестивалот останува иста како и минатите години. Отворањето на 25 започнува со кратки настапи на хористите по шеталиштето.
„Концертите за духовна музика се одржуваат во црквата св. Софија со почеток во 10.00 наутро, натпреварите се петок поручек, сабота преку целиот ден и недела наутро. Недела навечер во хотелот Инекс Горица е фолклорната и поп вечер односно хоровите ќе исполнуваат аранжмани на фолклорни и поп композиции“, вели организаторот на фестивалот Александар Димоски.
Годинава...
Post Views: 0
Доцнат јулските сметки за надомест на електрична енергија, во Варош. Дел од жителите на Охрид од старото градско јадро велат, дека ова не се случува само сега, туку дека овој проблем месеци наназад се провлекува и никако да се надмине. Тие велат дека познат им е и одговорот од страна на ЕВН, дека проблемот потекнува поради доцнење со достава на сметките од страна на „Македонски пошти“. Варошани посочија дека до 15 ти август е законски рок за наплата на сметката за месец јули, која сеуште не ја имаат примено, после што се пресметува затезна камата и сметаат дека точно...
Post Views: 8
Ристоски Борис, жител на улица „Железничка“ се посомневал во две лица кои во текот на вчерашниот ден собирале добротоворни прилози за изградба на верски објект.
Внимавајте на кого давате доброволни прилози. Во текот на вчерашниот ден, две лица едното на возраст од 50-тина години, а другото на возраст од 30-тина, прибирале добротоворни прилози под изговор дека прибираат средства кои потоа би се користеле за санација на верскиот објект, манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. Ристоски Борис жител на улица Железничка веднаш се посомневал во овие две лица и решил да не...
Post Views: 59
Универзитетот за информатички технологии – Охрид, ги чека новите студенти. Од таму, досега се задоволни од досегашниот одзив на идните академци, како од домашни така и од странци. Ректорот на универзитетот проф. Данчо Давчев вели дека веќе се заокружува бројката од околу 100 студенти на 5 те факултети кои работат во рамките на универзитетот. Тој додава дека годинава максимално биле ангажирани за да ги обезбедат сите услови за студирање на идните академци.
Годинава формиран е и т.н. научно истражувачки совет во кој што учествуваат и членуваат повеќе од 20 тина...
Post Views: 4
Голем број граѓански здруженија, културно уметнички друштва, месни заедници и поединци ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправа. Триесеттина проекти поминале на конкурс објавен од страна на општината за поддршка на микро проекти кои ќе обезбедат економски развој на градот. Меѓу одобрените проекти е и оној на здружението на ловци, со кој се предвидува размножувалиште на див зајак, а со кој треба да се развива ловниот туризам, истакна првиот човек на градот Александар Петрески.
Во зависност од издржаноста и тежината на проектот, ќе им се одобрат најмногу...
Post Views: 0
Фондацијата за подршка на претпријатијата од Охрид, го спроведува проектот градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот регион. Станува збор за проект кој е финансиран од ЕУ поточно од средствата на ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу РМ и Република Албанија. Елизабета Петанова координатор на проектот вели дека негова главна цел е развој и подобрување на услугите на пазарот на труд со цел интеграција на невработените лица во општеството, преку активности кои ќе ги спорведуваме заедно со релевантните актери во прекуграничниот регион.
„Односно...
Post Views: 0
Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не...
Post Views: 0
Сите во акција. Пред стартот на школската година се разубавува општинското музичко училиште Методи Патче. Младите Ротаријанци по многу средби кои ги реализирале со директорката на училиштето одлучија исшкртаната фасада која го нагрдуваше ликот на училиштето, да ја заменат со слики на музички инструменти.
„ Обезбедивме средства преку општината решивме да го разубавиме ѕидот така што на него ќе има цртежи сакаме и на младите да им дадеме порака да не ги шкртаат свежо обоените ѕидови“, вели претседателот на подмладок од Ротари, Драги Здравески.
Здравески упатува порака...
Post Views: 4
Трите средни општински училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски.
Училиштето располга со ученички дом, модерно опремена кујна и стручни кабинети кои придонесуваат од година на година учениците да стекнуваат се поголеми знаења и вештини по стручните предмети. „Се поголем е бројот на наши ученици кои ја преставуваат...
Post Views: 0
Охрид прикажан преку една трансформација и еден метафизички стил. Вака академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ кои веќе шеста година Охрид го одбрале за свој втор дом, им го прикажаа најубавото од градот на сите оние кои ја сакаат и ценат ликовната уметност. Што се однесува до концепцијата на оваа изложба, одбравме многу интригантен и мошне интересен простор кој има свои предизвици и формиравме еден концепт на прикажувањето на слики,графики и цртежи во кој иманентно ќе постои една нишка које ќе обединува атмосферата и историјата доживувањето и она што е ендемско...