Ознака: ковид

Во вакцината против ковид нема ебола

Post Views: 2 Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Самиот производител „Џонсон и Џонсон“ гарантира дека нема да се заразите со ебола вирусот ако ја примите вакцината против ковид-19, наречена „Џенсен“, ниту пак, доклоку примите  вакцина против ебола. Во постот што го рецензираме се тврди дека во вакцините против ковид -19, има вирус ебола. Доктор Аријана...

Continue reading

Фејсбук објава паушално тврди дека ковид е лага

Post Views: 2 Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 209.277 заболени и 7.328 починати. Фејсбук објавата што е предмет на оваа анализа лажно тврди дека ковид-19 не постои и ја повикува јавноста да се сомнева и за сите други болести,...

Continue reading

Бугарија побара помош од ЕУ за справување со Ковид-19

Post Views: 2 Бугарската влада побара од земјите-членки на Европската Унија да ѝ помогнат да се справи со актуелната криза со коронавирусот. Портпаролот на Европската комисија кажа дека Бугарија вчера го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, додавајќи дека ѝ недостига медицинска опрема, како маски за кислород и болнички кревети. Овој механизам има за цел да ја засили соработката на полето на цивилната заштита и да ги подобри превенцијата и одговорот на катастрофи и земјите преку него можат да побараат помош од други членки. Во механизмот учествуваат и држави кои не се членки...

Continue reading

Вакцините против ковид-19 имаат одобрение за употреба

Post Views: 5 Фајзеровата вакцина е одобрена во сите 27 земји членки на ЕУ од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Истата агенција ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“. Ова одобрение за употреба на ЕМА трае една година. Од официјалната страница на ЕМА, може да се види дека за „Фајзер“ ова одобрение е продолжено на 3.11.2021 година, а за вакцината на „Астра Зенека“ е продолжено на 9.11.2021 година. На 7 мај оваа година Светската здравствена организација ја одобри вакцината на „Синофарм“, а на 1 јуни СЗО ја одобри и вакцината на „Синовак“. Рецензираме пост на Фејсбук во...

Continue reading

Регистрирани се 3 нови случаи во Охрид на Ковид-19 и 103 во земјава

Post Views: 1 Регистрирани се 3 нови случаи во Охрид на Ковид-19 и 103 во земјава. – Скопје 46– Куманово 6– Штип 6– Прилеп 2– Тетово 17– Струга 9– Велес 3– Битола 1– Охрид 3– Кавадарци 1– Гостивар 1– Струмица 1– Свети Николе 1– Ресен 6 Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка...

Continue reading

Мал интересот за вакцинирање против ковид-19 кај охриѓани

Post Views: 2 Драстично опаѓа интересот за имунизација против ковид 19 кај охриѓани. Според податоците на Министерството за здравство Охрид до октомври минатата година, имаше 67 проценти имунизирани граѓани, а сега интересот е намален, информира д-р Соња Мариноска, раководителка на вакциналниот пункт при Здравствен дом Охрид. Д-р Мариноска укажува дека граѓани почесто покажуваат интерес за да примат трета доза во однос на лицата кои сакаат да бидат за прв пат имунизирани. Најзаинтересирани за вакцинација се повозрасните граѓани. Оние кои се со хронични болести во однос на помладите,...

Continue reading

Се укинуваат ковид мерките за излез од земјава, бремените да се вакцинираат и да се вратат на работа

Post Views: 9 Комисијата за заштита на населението од заразни болести до министерот за здравство Беким Сали денеска предложи две нови мерки. Прво, се укинува задолжителното поседување на негативен ПЦР тест, вакцинален сертификат или сертификат за прележаност за секој граѓанин кој ќе излезе од Македонија на граничен премин или на аеродром. Тука би сакал да појаснам дека не значи дека во земјите каде ќе треба да поседувате ковид тест или вакцинален сертификат или сертификат за прележаност дека нема да ви се бара, туку само дека при излез од земјава нема да биде потребен да се покаже...

Continue reading

Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

Post Views: 4 мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината, пишува на официјалната страница за вакцинација на Македонија. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека вакцината против ковид е експериментална...

Continue reading

Медиумските работници и СЕММ дебатираа за известувањето во услови на Ковид 19

Post Views: 0 Медиумските работници од југозападниот регион во земјава, заедно со Советот за етика во медиумите, денеска дебатираа за известувањето во услови на Ковид – 19. Според СЕММ, едностраното и сензационалистичкото информирање биле главните нарушувања во информирањето на медиумите коишто биле пријавени до ова саморегулаторно тело. Се реагирало и на нарушувањето на човековите права во информирањето и запоставувањето на ранливите групи во општеството. Советот за етика учествувал во иницијативи за надградба на етичката рамка во информирањето, креирани се Насоки за инклузивно известување...

Continue reading

175 нови случаи на ковид-19, еден нов случај во Охрид

Post Views: 2 Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. – Скопје 131 – Куманово 24 – Штип 2 – Прилеп 2 – Тетово 5 – Струга 2 – Велес 4 – Охрид 1 – Гостивар 2 – Свети Николе 2 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г)...

Continue reading

Ковид-19 не е лага, туку опасна болест

Post Views: 4 Светската здравствена организација потврди оти вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Дека коронавирусот е специфичен и посебен, не е измислен и дека афектира луѓе, покажува и фактот што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. Според Институтот за јавно здравје, бројот на дијагностицирани од почетокот на пандемијата во земјата достигна 207.566, а починати се 7.276 лица. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека „ковид е најопасната и најлошата лага во историјата на човештвото“. Ова тврдење не е точно, постојат...

Continue reading

Заострени анти-ковид мерките во Словенија

Post Views: 0 Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за ковид-19, односно позитивни се од 43 проценти од тестираните. 1.282 случаи на коронавирус, со 12 смртни случаи се потврдени во последните 24 часа. Владата не се определи за затворање туку за мерки кои вклучуваат строга контрола на потврдите за ковид, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top