Ознака: канализациона

defekt

Мал дефект на „Tуристичка“, отвори голема работа за МЈП „Проаква“

Post Views: 1 Поради дефект на водоводно канализационата мрежа асфалтот кај кружниот тек за Билјанини извори на неколку места раскопан. Од МЈП „Проаква“ смируваат, велат дека станува збор за мал дефект, кој во текот на денот ќе биде саниран. Првиот човек на претпријатието Томе Паскалиев од лице место на настанот рече дека на тој потег недопусливо било шахтите да се постават под асфалтот, тоа само дополнително ја отежнало работата на екипите на ЈП. „Дефектот се појави пред празникот, ние почнавме со детекција на проблемот не беше на ќошот од раскрсницата и го оставивме за после празникот...

Continue reading

lakocerej kanalizaciona mreza

Изградбата на канализационата мрежа во Лакочереј во полн ек

Post Views: 0 Eкипите на ЈП „ Нискоградба“  не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. „Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата...

Continue reading

turisticka voda

Недоизградена атмосферска канализација-проблем број еден за Нискоградба

Post Views: 2 Недостигаа малку пообилни врнежи за повторно да се појават старите проблеми. Охрид никако глава да крене од честите поплавувања на улиците. Од ЈП Нискоградба кои се задолжени за одржување на атмосферската канализациона мрежа, велат дека работат постојано, седум дена во неделата, со цел да можат да се справат со инцидентните интервенции, а паралелно со тоа работат и на превентивно одржување на системот за одведување на отпадни урбани води. Сепак често проблемите успеваат да ги преплават. „Посебно во овие есенски периоди, кога имаме обилни врнежи, а во исто време паѓаат...

Continue reading

ulica

Се гради, се асфалтира, се поправа

Post Views: 11 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...

Continue reading

ulica

Дали се гледа крајот на маките на жителите од улицата Мите Богоевски

Post Views: 0    Наближува есента и есенските дождови, а со тоа започнуваат маките на граѓаните кои живеат на дел од улицата Мите Богоевски. Кракот на оваа улица години наназад не е асфалтиран иако се наоѓа во центарот на градот веднаш позади општинската зграда. Жителите од овој дел на градот повеќе пати алармирале за својот проблем до Локалната самоуправа од каде им рекле дека улицата неможела да се асфалтира поради градежните зафати кои се вршеле на истата. На овој крак во изминатите години интензивно се граделе неколку стамбени објекти, а се гради и новиот дел од општинската зграда...

Continue reading

Лакочереј

Лакочереј се приклучува на канализациона мрежа

Post Views: 2 Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа. „Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески. Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца...

Continue reading

asfaltiranje Leskoec

Асфалтиран патниот правец Лескоец-Скребатно

Post Views: 0 Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно. Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец. „Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали...

Continue reading

sahta

Надлежните од „Нискоградба“ на „висина“ на задачата

Post Views: 2 Канализационата цевка во населбата Христо Узунов санирана уште во понеделникот. Од Нискоградба најавија брза реакција и тоа го остварија. Отворената шахта е веќе покриена и дефектот на кој реагираа граѓаните е отстранет. Минатата недела информиравме за случајот со недовршениот зафат на канализационата цевка во населбата Христо Узунов. Група загрижени граѓани од оваа населба реагираа на само делумно завршената работа. Тие се пожалија дека веќе неколку дена оваа канализациона цевка не била поправена и дека надлежните од „Нискоградба“ не си ја вршеле својата должност....

Continue reading

Branislav Trpcevski

Се решаваат проблеми

Post Views: 1 Осум куќи наспроти Св. Софија години наназад се соочуваат со горлив проблем. Имено, овие куќи не се конектирани на канализационата мрежа, бидејќи не настапила втората фаза предвивдена со проект, финансиран од странски фондови. „Проаква“, ќе излезе во пресрет. Во срцето на градот наспроти црквата Св. Софија години наназад 8 куќи не се приклучени кон канализационата мрежа. Овој горлив проблем, денес, на осмата седница посветена на советнички прашања го наметна советникот Томислав Тунтев. Според него недозволиво е во денешни услови да постои ваков проблем. Тунтев има одредени...

Continue reading

Leskoec

Лескоец сеуште не e приклучен на канализационата мрежа

Post Views: 0 И понатаму се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Лесковчани негодуваат, и во новава година сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште пред речиси еден месец вети дека работите ќе ги преземе во свои раце , но сеуште ништо не е направено. Од Проаква кажуваат дека сеуште чекаат одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат Охрид-Битола, а за вршење вакви градежни работи зелено светло треба да даде државата....

Continue reading

sahta

Ќе се гради канализациона мрежа кај Болнички коплекс

Post Views: 7 Општина Охрид доби дел од средствата кои Владата одлучи да ги додели за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Од Локалната велат- малку се, но добредојдени се. Владата одлучи да распредели 300 милиони денари на 61 општина за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Парите, во вид на капитални дотации, ќе бидат префрлени на посебна, наменска сметка на општините за изградба на проектите за кои конкурирале до Министерството за транспорт и врски. Меѓу 61 општина на која министерството и доделува средства за оваа намена е и Охрид. Ќе ги искористи...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top