Ознака: инцидент

policija

Сериозен инцидент во Охрид поради натпреварот Шкендија-Партизан

Post Views: 4 Утрово околу 4 часот во близина на дискотеката Парк се случил сериозен инцидент поврзан со вчерашниот фудбалски натпревар. Шест лица од албанска националност од кои едно со американско и едно со швајцарско државјанство кои се превезувале со два автомобили, сопреле такси возило со тројца српски и еден македонски државјанин. Ги извлекле од возилото и со боксови и тврди предмети почнале да ги удираат по телото. Според информациите на полицијата причина за нападот бил загубениот фудбалски натпревар на Шкендија. Сите напаѓачи се приведени во полициската станица Охрид и се...

Continue reading

Не стивнуваат тепачките пред и во угостителските објекти

Post Views: 2 Инцидентот кој се случи вчера попладне околу 14 часот и 45 минути пред пицеријата Американо и натаму ја бранува охридската јавност. Со овој инцидент продолжува негативната серија на настани кои се случија овој месец. Од СВР-Охрид известуваат дека до тепачката дошло кога кон А.В. кој бил пред пицеријата „Американо“ се упатиле  Ц.М.(33) М.Т.(25) З.Т.(28) Н.М.(25) од Охрид и уште две засега непознати лица. Со цел да го избегне нападот од нив, А.В. се сокрил внатре во пицеријата и ја заклучил влезната врата. Од страна на Ц.М. и М.Т. бил скршен прозорецот од вратата по што...

Continue reading

sdsm

Инцидент во ОО на СДСМ Охрид

Post Views: 0 Познат изнудувач од Охрид, вчера околу 20 часот, во просториите на ОО на СДСМ, вербално и физички го нападнал претседателот на огранокот, Науме Јованоски. Ова за ТВМ го потврди портпаролот на СВР, Стефан Димоски, каде случајот бил пријавен. Портпаролот рече дека во текот на денешниот ден, стручните екипи на СВР работат на пронаоѓање и повикување на лицата кои се пријавени, со цел да се изврши разговор со нив, како би се утврдиле сите наведени искази од страна на пријавувачот. Димоски додаде дека доколку се потврдат исказите, ќе следуваат соодветни пријави против сторителите. ...

Continue reading

sudnica

Одложено првото рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“

Post Views: 6 Главниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде...

Continue reading

kamion

Камион пропадна на Железничка

Post Views: 6 Инцидент на улицата Железничка. При градежните зафати, камион од градежната фирма „Илинден“ која ги изведува активностите претпладнево се преврти во дупка во патот во која во тој момент имало работник. За среќа избегнат е посериозен инцидент и повредени нема. Жителите од оваа улица раскажуваат дека до инцидентот дошло кога врз работникот кој работел во еден од ископите се превртел камион и паднал директно врз него. Работникот се здобил само со лесни повреди благодарение на брзата интервенција на жителите кои веднаш реагирале и го извлекле од ископот во кој работел.Жителите...

Continue reading

avtobus

Вчерашниот инцидент не беше изолиран настан

Post Views: 6 Инцидентот што се случи во неделата навечер кога со недолични пораки беа испишани три грчки автобуси не е единствен од овој тип. Андонис Вералис сопственик на Туристичката агенција Охридтравел, кажува дека ваков инцидент се случил и во попладневните часови на 28 февруари на што Андонис бил очевидец. Група од триесетина младинци буквално го нападнала и речиси го каменувала грчкиот автобус паркиран кај националниот ресторан Европа, раскажува Андонис. Кога се обидел да ги спречи добил закани по сопствениот живот. Случајот веднаш го пријавил во полиција по што службени лица...

Continue reading

avtobus

Групата на „Соединета Македонија“ стои зад инцидентот

Post Views: 1 Синоќа во Охрид испишани грчки автобуси. Туристите си отидоа, партиите реагираат. Синоќа пред хотелот Палас, со спреј испишани три автобуси со грчки национални ознаки.  Оштетувањето на авобусите во СВР Охрид било пријавено синоќа во 20 часот и 15 минути, од страна на нивниот македонски деловен  партнер. Стручните лица при крим-техника од СВР Охрид, по извршен увид на лице место, констатирале оштетување на автобусите, и тоа „впишани недолични зборови со спрејови во разни бои“  и  „напукната шофершајбна на еден од автобусите“. Портпаролот на СВР Охрид за ТВМ потврди,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top