Ознака: имаме

Ohrid jazz festival

Охрид подготвен за првиот џез фестивал

Post Views: 0 Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не...

Continue reading

bazen

Сите на базен

Post Views: 0 Голем ден за Охрид. Свечено ставен во употреба реконструираниот базен „Атина Бојаџи“, кој ќе функционира како дел од СРЦ. Инвестцијата на Локалната самоупра вредна сто и педесет илјади евра, е обид да заживее пливањето во нашиот град, спорт по чии успеси некогаш бевме надалеку познати. Градоначалникот Александар Петрески го пушти базенот во употреба и кажа дека станува збор за објект кој е целосно реконструиран и најсовремено направен со користење на најсовремена технологија.  Петрески додаде дека нешто што имаме треба да се надоградува постојано и да биде поубаво и...

Continue reading

gliseri

Што треба да се случи за конечно да научиме?

Post Views: 2 Пред една година поради невнимание и неправилно налевање на гориво во пловен објект дојде до опожарување на еден  глисер во каналот „Студенчишта“.Катастрофата беше за влакно избегната. Само пред два дена, во водите на Охридското Езеро, повторно се запали глисер, кога исто така само поради чиста среќа, патниците извлекоа живи глави. Неофицијалните информации за тоа дека истиот ден глисерот бил сервисиран во Центарот за обука на вода, од Министерството за Одбрана ги отфрлија како шпекулации. Полковник Мирче Ѓоргоски, во телефонски разговор не информира дека станува збор...

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

Дваесет септички јами, на еден километар квадратен

Post Views: 1 Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој...

Continue reading

festival

„Александар Македонски“ по 6 ти пат

Post Views: 0 Уште еден фолклорен фестивал. По 6 ти пат од 20 до 24 јули на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот народни песни и игри Александар Македонски. На овој фестивал ќе учествуваат преку 600 учесници од Русија, Украина, Кипар, Словачка… и за прв пат годинава на дел од него ќе бидат и групи од Израел. „Оваа година на фестивалот ќе напстапат 37 групи од различни држави , Кипар, Израел, сите балкански земји. Фестивалот на градскит плоштад. отворањето е на 21 јули отворање“, вели директорот на фестивал „Александар Македонски“, Миленко Андрески. Фестивалот како целина...

Continue reading

Sv Naum

Охрид-рај место за развој на еко-туризмот

Post Views: 1 Охридско езеро, чисти, незагадени води, биолошка разновидност. Параметри и услови кои без никаков проблем можат да не одведат до развиен еко-туризам. Поим кој често се експлоатира во секојдневниот говор, но што тој конкретно значи? Еко-туризмот е дел од одржливиот туризам кој нуди еко-дестинации односно туризам во предели кои се одликуваат со посебни карактеристики и е познат по својата едукативна цел. Тој подразбира искачување по планина, параглајдерство, набљудување на птици, фотографирање на интересни предели, но зошто да се избере еко-туризмот пред другите видови? „Сеуште...

Continue reading

gjomlezijada

Горно Лакочереј домаќин на трeтата Ѓомлезијада

Post Views: 7 „Со ова сакаме да ја продолжиме традицијата на традиционални македоснки јадења, да им понудиме нешто што го немаат кај нив. денеска тука имаме и холангани ќе бидат и во жири комисијата па да видиме кое ќе биде најдобро“, истакна градоначалникот Александар Петрески. Советникот Климе Тренески кој воедно беше дел од организациониот одбор вели дека интерес за учество на манифетацијата имало премногу, но биле преморани да направат селекција на натпреварувачите. „ Денеска имаме 20 натпреварувачи имаше многу повеќе интерес но поради ограничување со просторот ги намаливме на...

Continue reading

muzej na voda

Културен, здравствен или каков туризам имаме?

Post Views: 3 На вратите на Охрид полека пристигнува летната туристичка сезона. Во исчекување на првиот поголем наплив на туристи, постојано се прашуваме дали ланската лоша сезона останала зад нас или пак не чекаат црни сценарија. Не еднаш се говорело за важноста на туризмот за градов, но и општо за државата, но изгледа се помалку луѓе слушаат или сакаат да слушнат. Она што првенствено недостига, а за кое сите се согласуваат е недостигот на државна стратегија за развој на оваа високопрофитабилна гранка. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но мораше да се ревидира поради некои сериозни...

Continue reading

tribina

Посебен суд за работнички спорови

Post Views: 0 Како до мирно решавање на работните спорови? Целта на денешната трибина на Сојузот на синдикатите на Македонија беше да одговори токму на ова прашање. Заштитата на работничките права и брзото и ефикасно решавање на работните спорови сеуште не го нашле своето место во Македонија, но во иднина треба да се обрне што поголемо внимание во таа насока-вели судијата Богоја Стрезоски.Посебни одделенија за решавање на работните спорови-вака функционираат работите во македонското судство. Иако одделенијата добро функционираат, експертите советуваат формирање на посебни судови...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата порачаа сигурна победа на 5 јуни

Post Views: 1 Со Манифестот за реформи и развој, пред потенцијалните гласачи, претседателто на Вмро Дпмне, Никола Груевски со Коалицијата за подобра Македонија, ја бараа довербата  на граѓаните. Лидерот Груески истакна, 20 години по ред Вмро Дпмне својата изборна камапања ја започнува од Охрид. Од говорницата ги праша граѓаните: Дали сте за нови 1200 проекти во наредните 4 години? Дали сте за реформи и развој на Македонија? Дали сте за да имаме нови намалувања на даноците? Дали сте за да се намали ДДВ-то за туристичките услуги од 18 на 5 проценти? Дали сте за да се обезбедат уште...

Continue reading

aek konferencija

Агенцијата за електронски комуникации на меѓународна конференција во Охрид

Post Views: 3 Агенцијата за електронски комуникации го одржа својот прв јавен состанок, согласно одредбите на Законот за електронски комуникации, но зеде и активна улога во организирањето на Меѓународната регулаторна конференција. Оваа тридневна конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски. На неа, беа присутни и претставници од регулаторните тела од повеќе соседни држави, меѓу кои од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, и Турција. Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека во иднина тие планираат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top