Ознака: илјади

protesti Rusija

Русите на масовни протести

Post Views: 12 Околу илјада лица се собраа во центарот на Владивосток на протестен митинг против резултатите од изборите за рускиот Парламент. Демонстрантите повикуваа да се прогласат за неважечки резултатите од изборите за Државната дума, како и од гласањето за локалните органи на власта. Протестот мина мирно, а тој беше обезбедуван од околу 20 полицајци.Во градот Перм во Сибир, полицијата уапси 15 демонстранти, а уште 30 се приведени во градот Хабаровск во рускиот Далечен исток. Тие се уапсени под обвинение за учество во демонстрации, за кои не е издадена дозвола. Во Москва протестите...

Continue reading

Марихуана во вредност од 350 илјади евра пронајдена во Оровник

Post Views: 2 На 07.11.2021 во 20.00 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П.(38), државјанин на Р.Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Р.Албанија во нашата држава. При извршен преглед во патничко возило „цитроен берлинго”, со албански национални ознаки,...

Continue reading

bezbedni cigari

Од утре во ЕУ само безбедни цигари кои сами се гаснат

Post Views: 2 Од 17 ноември во Европската унија ќе мора да се продаваат само цигари кои сами се гаснат кога ќе бидат оставени по страна. Се смета дека со оваа мерка ќе се спасуваат по околу 500 животи годишно.Според податоците на Европската комисија, од 2003 до 2008 година, со цигари во ЕУ се поврзани повеќе од 30 илјади пожари со повеќе од илјада загинати и 4 илјади повредени. Искуствата од Финска, каде веќе се продаваат исклучиво цигари кои сами се гаснат, говорат дека бројот на пожари е намален за 43 отсто. Новиот стандард пропишува да се продаваат само цигари кои имаат намален...

Continue reading

uciliste vo meksiko

140 училишта затворени во Мексико

Post Views: 5 Една недела по почетокот на учебната година во Мексико, наставниците одбија да доаѓаат на работа.Повеќе од 140 основни училишта во Акапулко се затворени поради заканите од страна на мексиканските нарко картели упатени до наставниците. Просветните работници се соочуваат со закани, изнуди и киднапирања, а и не се чувствуваат сигурно на своите работни места, што ги натера да ги напуштат училиштата. Повеќе од 20 илјади луѓе загинаа во војната со нарко картелите во Мексико во последните пет години. Минатата година беа убиени над 11 илјади луѓе, по што претседателот Фелипе...

Continue reading

Rusija hemisko oruzje

Русија уништи половина од залихите на хемиско оружје

Post Views: 1 Русија уништи половина од 40 те илјади тони хемиско оружје и тоа една година пред рокот, предвиден со меѓународните обврски. Ова денеска во Москва го соопшти шефот на Федералната агенција за уништување на хемиското оружје Валериј Капашин. Русија и Соединетите држави имаат огромни залихи кои мора да бидат уништени до идната година. {loadposition content9}

Continue reading

pomor

Поморот на животните продолжува: по птиците и рибите, мртви ракови

Post Views: 1 Стотици мртви птици, пронајдени се за неколку дена на улиците на два града во американската држава Кентаки, соопштуваат локалните медиуми.Портпаролот на надлежната служба во Кентаки, Мајк Марачин рече дека анализата покажала дека птиците не биле болни, ниту отруени и дека причина за нивното загинување би можела да биде студеното време.Ладното време се смета за причина и за милионите риби кои загинаа во американската држава Мериленд, како и 40 илјади ракови кои се пронајдени на брегот во Англија. Брегот е преполн со мртви ракови, морски ѕвезди и сунѓери. Огромен помор...

Continue reading

policaec

Град без ниту еден полицаец

Post Views: 0 Кај што има сила, нема правда. Жив доказ е мексиканското гратче Гвадалупе со пет илјади жители, на границата со САД, каде нема ниту еден полицаец. До минатиот викенд единствен спроведувач на законот била 28 – годишна девојка која била киднапирана од вооружени разбојници, најверојатно припадници на многубројните наркобанди, по што и се губи трагата.На листата на градови без спроведувачи на законот наскоро може да се придружи и соседниот град Гвадалупе Гуерерор каде во моментов шеф на полицијата е 20 годишна студентка, бидејќи поради страв никој не се пријавил на...

Continue reading

Vitleem

Витлеем се подготвува за Божик

Post Views: 12 Во изминатите неколку дена десетици илјади верници се упатија кон родното место на Исус Христос, Витлеем, на Западниот брег за да учествуваат во прославата на големиот христијански празник. Почетокот на празнувањето ќе биде означен со биење на камбани во Латинската патријаршија во христијанскиот кварт од стариот град во Ерусалим. Оттаму ќе почне и традиционалната божиќна процесија од Ерусалим кон Витлеем предводена од духовниот лидер на Римокатоличката црква во Светата земја. Латинскиот патријарх Фуад Туал ќе се движи по јужниот пат околу осум километри придружуван...

Continue reading

Sarkozy i Bruni Taj Mahal

Романтичната прошетка на Саркози разбесна 10 илјади туристи

Post Views: 0 Францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни разбеснеа повеќе од 10 илјади посетители на храмот на вечната љубов Таџ Махал кои беа буквално исфрлени од обезбедувањето за првиот пар на Франција да ужива во прошетката. Иако посетата била закажана како претпладневна, Саркози и Бруни се предомислиле во последен момент и одлучиле најголемиот споменик на љубовта да го разгледаат за време на зајдисонцето. Наглата промена на планот на Саркози ги вознемирила безбедносните служби кои имале само час да смислат како да исфрлат повеќе од 10 илјади туристи...

Continue reading

Колосална статуа на Исус во Полска

Post Views: 12 Статуата во малиот полски град, кој се наоѓа во западниот дел на земјата, е висока 33 метри, а е поставена на постоље високо 17 метри. Изградена е со приватни донации. Ја осмислил пак, локалниот свештеник Силвестер Зањадцки. На поставувањето на статуата се собрале неколку илјади луѓе. Според организаторите имало околу 20.000 верници, кој во рацете држеле знамиња на Полска и на Европската унија. Колосалниот кип на Исус во Полска предизвикал и спротивставености. Едни тврделе дека тој е кич и срам за земјата, додека другите имале став оти во малиот град ќе привлече голем...

Continue reading

London

Лондон воведува тротоари за претекнување

Post Views: 0 Планот предвидува пешачката зона да биде поделена на два дела, зона до прозорците на продавниците и зона која се граничи со улицата. Тротоарите во близина на зградите, предвидени за бавно движење ќе бидат наменети за купувачи, туристи и луѓе кои сакаат да разгледуваат по излозите, додека по брзиот дел на патеката ќе се движат поенергичните минувачи и луѓето кои брзаат на работа. Иницијатори за воведување на тротоари со две брзини се здруженијата на продавниците од лондонскиот центар, каде секојдневно минуваат се повеќе граѓани и посетители на главниот град. Низ централниот...

Continue reading

Tiririca

Бразилски кловн стана пратеник

Post Views: 5 Бразилскиот хуморист Франциско Оливиера познат како „кловн Тиририца“ е избран за претсатавник на државата Сао Паоло со рекордни 1 милион и 200 илјади гласови.Со тоа хумористот забележа најдобар резултат на општите избори во таа земја.Тиририца, што во превод значи – мрчатор, ја водеше својата кампања под слоганот – „гласајте за мене, оти полошо не може да ви биде“ {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top