Ознака: зградата

petreski

Михаилов пред општина, Петрески пред болница

Post Views: 1 Петрески рече дека Михаилов одржал пресс пред Општинската зграда и посака цел живот да одржува пресови пред зградата, а внатре никогаш да не влезе и додаде дека тој ќе влезе во зградата на болницата за да испита каков криминал е направен таму. Петрески рече дека Михаилов изнесува во јавноста невистини и лаги затоа што е во паника зошто му се ближи крајот. Тој кажа дека Локалната има направено многу капитални инвестиции за што секогаш дава отчет пред граѓаните. Тој побара сметка од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, но и од Владата зошто граѓаните се доведени на работ на егзистенција.{loadposition...

Continue reading

protest

Протест на здружението „Христо Узунов“

Post Views: 0 Денес пред општинската зградата во Охрид, по иницијатива на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ се одржа протест. Мотивирани од најновите поскапувања на водата и комуналните услуги во градот, како и од се погласните коментари за можно продавање на МЈП „Проаква“, тие го кренаа својот глас против Локалната самоуправа и го вперија прстот во неа како главен генератор на сите тие проблеми. Ристески на протестот ги искажа и своите барања кон Локалната, поточно порача, под итно да се стопираат сите преговори со странските инвеститори, бидејќи се задира во најскапоценото...

Continue reading

uzurpacija

Оградата симната, конструкцијата сеуште стои

Post Views: 0 Станарите на зградата ламела, Б-1 на улицата Даме Груев го добија своето дворно место. Тие веќе подолго време истото не можеа да го користат, бидејќи беше узурпирано од еден од нивните соседи. ТВМ еднаш веќе информираше за овој проблем, во кој добивме ветување од органите на СВР дека во најкраток можен рок ќе постапат по овој случај. Токму од СВР не информираа дека нивните служби веќе стапиле во контакт со лицето што ја извршило узурпацијата на дворното место. Тие на пријавениот му побарале документација за поставената метална ограда, но таква документација, тој не...

Continue reading

uzurpirano mesto

Узурпиран двор од зграда

Post Views: 4 Жителите од зградата – ламела Б – 1,  во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување. Покрај ова, истиот го има узурпирано и дворното место од зградата. Проблем повеќе е што во заградениот дел остана и трансформаторот за струја“, вели членот од куќен совет Горан Мицковски. „За узурпацијата ги имаме известено сите надлежни институции. Според моите сознанија градежниот инспекторат има изготвено соодветни пријави,...

Continue reading

almiko

„Алмико“, отвори уште еден ресторан

Post Views: 6 „Алмико“ од Вевчани, успешни на пазарот на охридско струшкиот регион. Тоа се должи на големиот ентузијазам на сопственикот на „Алмико“, Бошко Јанкоски, кој пред 4 години кога почнал со производство на прехранбени производи бил сигурен дека ќе успее во тоа. Словенската технологија и македонските фирми од каде ги набавува продуктите, исто така се дел од тој успех, бидејќи како што кажа Јанкоски досега работи со исти фирми. Тој вели дека не постои посебна тајна за успехот, треба само да се следат потребите на потрошувачите. Јанкоски потенцира дека засега се единствени...

Continue reading

zgradata na deneshnata Gimnazija

Некогашниот „Мехтеб“ плени со својата убавина

Post Views: 7 Зградата на Охридската гимназија е подигната пред 100-тина години како  подарок за охриѓани  од Ејуп Сабри-беј. Атрактивниот објект е изграден во европски стил, но за време на едновековното постоење повеќе пати било менувано. Преживеало бурни времиња, повеќе  војни и неколку режими. За него се водел долг  судски процес и пожар кога пламените јазици го голтнале она што најмногу го красело, потпокривот и неговите  обележја двете куполи и убавиот часовник. Историчарот, Професор Д-р Павле Митрески,  го  истражувал животот на  Ејуп Сабри-беј и судбината на  објектот. Митрески, ...

Continue reading

Gimnazija

Единствената Монографија за Охридската гимназија чека за печатење

Post Views: 0 Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески  во Монографијата го опфатил  развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари. „Многу сум разочаран,...

Continue reading

Се поопасна пукнатината на зградата наспроти Маларична

Post Views: 0 Пукнатината која се појавила по изградбата на соседниот објект за домување пред неколку години, сега достигнува околу 10 цм. Раздвојувањето се гледа од внатрешноста на зградата, но и од надвор. Состојбата станува се позастрашувачка за граѓаните кои ги посетуваат канцалариите, но и за луѓето кои работат тука.Тие се плашат при најмал потрес да не дојде до рушење на  зградата. Подот крцка, секојдневно од внатрешниот ѕид се ронат тули и малтер, а низ пукнатината се гледа надвор кон улицата вели претседателот на РК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески. Вработените кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top