Ознака: зголемување

Германија: Илјадници работници ја прекинаа работата

Post Views: 4 Илјадници работници во ноќните смени во германските фабрики ја прекинале работата минатата ноќ, протестирајќи поради неспремноста на работодавачите за зголемување на платите, објави IG Metall, најголемиот германски синдикат. IG Metall, кој брои 3,7 милиони работници, го одбил предлогот на работодавачите кои нудат зголемување на платите за 2,2% од 1-ви март. Синдикатот сака зголемување од 5,5% од почеток на годината, порачувајќи дека солидниот пораст во најголемото светско стопанство го оправдува барањето. Само во Северна Рајна Вестфалија повеќе од 3.000 работници во...

Continue reading

mrtv

Собранието изгласа повеќе пари за МРТВ од такса и реклами

Post Views: 1 Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност со кои, меѓудругото, се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и на рекламниот простор за Македонската радио телевизија. Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека измените се во насока на намалување на зависноста на МРТВ од буџетските средства и нејзино целосно осамостојување, а зголемувањето на рекламниот простор, рекоа, ќе ги зголеми атрактивноста и гледаноста. Опозицијата смета дека со предложените измени се создава нелојална...

Continue reading

Воспоставена соработка меѓу воздухопловниот ВИНГ на АРМ и ПСС од Охрид

Post Views: 21 Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции. Соработката ја започнавме како дел од проектните активности на проектот „Нови можности за безбеден зимски авнтуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за соработка со Албанија, кој има за цел, зголемување на ефикасноста на ПСС во прекуграничниот регион,...

Continue reading

benzini

Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за 1,5 денари

Post Views: 5 Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 денари за литар. Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари за литар. Истовремено поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм,...

Continue reading

Sesilija Malmstrom

ЕУ не донесе одлука за безвизниот режим за Македонија и Србија

Post Views: 7 Министерскиот Совет на Европската Унија за внатрешни работи и правда во Луксембург не донесе одлука за суспензија на безвизниот режим за Македонија и Србија. „Ние не предвидовме суспензија на (безвизниот режим). Механизмот за суспензија беше разгледуван денеска, но не во овој контекст. Суспензијата ќе се прави во специфични услови, утврдени од Комисијата, што ќе се најде во законодавството за визите, како заштитна клаузула“, нагласи европската комесарка за внатрешни работи Сесилиа Малмстром, пренесува Дојче веле. Според документот на Европската комисија, разгледуван...

Continue reading

Крај на доминацијата

Post Views: 1 Во текот на изминатите неколку години на пазарот на мобилни телефони во потполност доминираше Samsung па така оваа компанија константно бележеше пораст на бројот на испорачани мобилни уреди и паметни телефони и раст на профитот. Но, во последно време работите на пазарот во многу нешта се сменија па така сега на Samsung му се заканува, како што го нарекоа на web страницата Bgr, сценарио од ноќните кошмари. На крајот од минатиот месец оваа јужнокорејска компанија ги објави финансиските резултати за претходниот квартал кои откриваат пад на приходите од 20% и голем пад на...

Continue reading

знаци

Промена на сообраќајните знаци кај пешачките премини на „Туристичка“

Post Views: 2 Општина Охрид, од вчера започна со промена на сообраќајните знаци на булевар „Туристичка“, што се наоѓаат кај пешачките премини. На местото на старите знаци, кои обележуваа пешачки премин се поставуваат нови светлосни знаци. Ваквите знаци ќе се постават по целата „Туристичка“ на сите места каде има пешачки премини. Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците. Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална...

Continue reading

struja

Се поизвесно поскапувањето на струјата од јануари

Post Views: 1 Сите енергетски компании пријавиле поголеми трошоци, а со тоа и нагорна корекција на цената на струјата од Регулаторната комисија за енергетика.Претседателот на комисијата вели дека податоците се проверуваат, но дека е веројатно електричната енергија од Нова година да поскапи. Неофицијално зголемувањето на цената нема да надмине 10 проценти. Компаниите веќе ги доставиле своите трошоци, а тие покажуваат зголемување, но за колку проценти не се соопштува. Единствено МЕПСО официјално соопшти за колку би поскапела цената на нивната услуга доколку регулаторите им ги прифатат...

Continue reading

kineski turisti

Кинезите полесно ќе доаѓаат на одмор во Македонија

Post Views: 2 Македонија ќе го олесни издавањето визи за групни патувања на кинески туристи во земјава за да ги привлече да дојдат и да ја посетат. Визите ќе се издаваат во македонскиот конзулат во Пекинг, на барање на кинеските туроператори, само со список на патници. Тоа го овозможува Меморандумот за разбирање за олеснување при групни патувања на кинески туристи во Македонија што вчера го потпишаа министерот за економија Фатмир Бесими и амбасадорот на Кина Донг Чунфенг. Со тоа Македонија стана дел од земјите со кои Кина има потпишано протокол за олеснување на издавањето визи...

Continue reading

struja

Чингоски: Цената на струјата нема да се зголеми

Post Views: 5 Моментално не постојат никакви предуслови за зголемување на цената на електричната енергија, смета првиот човек на ЕЛЕМ, Чингоски. Но сепак, до крајот на овој месец откако ќе се доставеле калкулациите врз основа на трошоците за изминатата година и предвидувањата за идната година, ќе се утврдело дали постои можност за корекција на цената на електричната енергија во нашата држава. Имајќи ја во предвид економската состојба во Македонија драстично покачување на цената на струјата во блиска иднина не би требало да има, барем не за домаќинствата и малата индустрија, вели Чингоски. {loadposition...

Continue reading

svr Ohrid

Унапредување на соработката помеѓу СВР и НВО од струга и Охрид

Post Views: 1 Утре во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе се потпише договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и унапредување на соработката со Секторот за внатрешни работи Охрид. Целта е проширување на соработката со локалната полиција и изразување заедничка заложба за поддршка на СВР Охрид во справувањето со различните безбедносни проблеми што е во интерес на граѓаните во регионот и манифестација на партнерство во зголемување на степенот на безбедност. Оваа активност е во организиција  на МВР-РМ и мисијата на ОБСЕ во РМ. {loadposition content9}

Continue reading

vmro - dpmne

Паноски: Политичката борба е споредба на сработеното

Post Views: 4 Очекуваме реални политички теми на прес конференциите на охридските социјалдемократи, се огласија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Дејан Паноски рече дека во предизборието нормално е СДСМ да покажат дека постојат, но барем тоа да го направат со издржани пресови. „Имено, очекувавме а и натаму очекуваме на пример да свикаат прес и да кажат како тие го раководеа Охрид во периодот 2005-2013 година, кои резултати во тоа безмалку десетлетие ги постигнаа, колку на број добри дела направија за Охрид, колку објекти од јавен интерес изградија, колкава добивка во работата на јавните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top