Ознака: заштита

vakcinacija

Денеска започна вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 2 Во Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини. Медицинските лица препорачуваат вакцинација за периодот на сезонски настинки и грипови,  за заштита на популацијата од појави на епидемии од пошироки размери. Во рамките на акцијата минатата година се вакцинирале повеќе од 2.000 охриѓани, информира Центарот за јавно здравје од Охрид. Директорот на Центарот, Атанаско Михаилов, истакна дека изминатите три години во Охрид не...

Continue reading

sredba

Ќе останеме ли без највредните икони?

Post Views: 3 Се позачестен е бројот на кражби на ова наше единствено културно наследство, посебно од црквите во руралните средини. Само пред две недели од црквата Свети Атанасиј во Луково струшко, беа украдени 21 икона. Иконите кои се украдени се насликани од синот на Дичо Зограф, Аврам, последен живописец на икони на овие простори. Најстрашното е што ова не представува изолиран случај. Минатата година само за еден месец исчезнаа 42 икони цркви во овој регион. Мети на крадците беа иконите од црквата Св.Никола во Вевчани, отаму исчезнаа 4, од црквата Св.Архангел Михаил во селото Ташмаруништа...

Continue reading

prostoren plan promocija

Промовиран просторниот план на Oхридско-преспанскиот регион

Post Views: 7 Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денес во Охрид го промовираше Просторниот план за Охридско-преспанскиот регион. Министерот во својот говор пред присутните изјави дека „Солидниот просторен план на Охридско – преспанскиот регион има повеќекратно значење во развојот на Р Македонија. Ова е регион кој игра голема улога во туризмот, меѓународната соработка, а пред се во македонскиот биодиверзитет“. Министерот додаде дека просторниот план претставува еден од најважните стратешки документи на охридско струшкиот регион. „ Министерството за животна...

Continue reading

Lagadin

Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

Post Views: 1 На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“,...

Continue reading

Ohrid

За да се зачува препознатливиот лик на Охрид

Post Views: 2 Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман оптимистички најавува дека Законот за заштита на културното наследство на Охрид  наскоро ќе биде изгласан, иако, вчера пратенците од ДУИ, во Парламентот, не му дадоа зелено светло. Културното наследство е заедничко за сите и не признава политички препукувања, но тоа наскоро ќе биде минато смета Кузман. Со овој Закон во Охрид ќе се поставува одредена граница кој колку и до каде може да го менува ликот на градот вели Кузман. Тој смета дека Законот би требало да значи заштита на охридската  архитектура...

Continue reading

potroshuvaci

Знаете ли кому да се пожалите?

Post Views: 0 Колку потрошувачите ги знаат своите права загарантирани со закон? Колку се информирани за нив? Знаат ли каде да се обратат доколку нивните потрошувачки права се загрозени? Од Организацијата на потрошувачи на Македонија интензивно работат на поширока измена на законот, додека од Државниот пазарен инспекторат, се трудат тој да биде подобро имплементиран.Македонските граѓани многу малку се запознаени со своите права како потрошувачи. Најголемиот дел од нив знаат дека може да се обратат само до оние од кои ја купуле робата. Малкумина од нив знаат и дека воопшто постои...

Continue reading

seminar

Европска легислатива по македонски терк

Post Views: 3 Орагнизацијата на работодавачи од Европската унија, одржа семинар во врска можностите за употреба на европската легислатива во македонските компании. Овој пат предмет на расправа беше Законот за безбедност и здравје при работа. На Македонија и се потребни применливи закони, соодветни на нашиот бизнис менталитет. Најголем проблем со кој се соочуваат наште компании е неинформираноста. Македонските компании на својот пат кон европските пазари, ќе треба да се соочат со 90.000 страници европска легислатива. Втор проблем е имплементацијата на оваа легислатива, истакнува...

Continue reading

Turisticko-ugostitelska komora

Угостителите бараат европска терапија

Post Views: 1 Македонското угостителство веќе е на колена, велат од Туристичко-угостителската комора. Од надлежните бараат под итно да направат измени во Законот за заштита од пушење. Туристичко-угостителската комора на Македонија на едно место, во срцето на македонскиот угостителски туризам. Од Охрид тргна караванот под името „Забраната е  штетна за демократијата – дискриминацијата убива, бараме европска терапија„. Oд надлежните бараме да учествуваме во измените на членот 2 и 3 од законот, со што на пушачите, ќе им дадеме права како и на непушачите. Да имаат избор, додаде Бербери,...

Continue reading

Petreski i Merko

За државата кајмакот, за локалната трошоците

Post Views: 4 Моментот за конечна координација е тука. Кој стопанисува со езерото, чија е одговорноста за неговата заштита? „Ситуацијата е сериозна, потребен е сериозен пристап, нема место за меѓусебни критики, а конструктивниот дијалог мора да започне“, потенцира охридскиот градоначалник Александар Петрески. Треба да се лоцираат проблемите и да се дефинираат задачите кои треба да се преземат. Да се знае каде завршува одговорноста на државата, а каде започнува улогата на Локалната самоуправа. Пред се да се користат исти аршини при решавањето на проблемите околу заштитата на Охридското...

Continue reading

Советуванје за заштита на растенијата

Post Views: 0 Македонија во земјоделството ги применува законите донесени според европските директиви.  Фитосанитарната политика на земјава ја уредуваат три закони,изменети и дополнети во текот на оваа година, Законот за здравјето на растенијата, законот за производи за заштита на растенијата и законот за ѓубрива.„Заштитата на растенијата е неминовна агроехничка мерка и претставува еден од најважните работни процеси кај сите земјоделски култури.  Директно од неа зависи квалитетот и квантитетот на еден земјоделски производ, но и економичноста и рентабилноста на земјоделското производство...

Continue reading

potrosuvaci

Да се заштитат интересите на потрошувачите

Post Views: 11 Организацијата на портошувачи на Македонија ќе ги штити граѓаните во доменот од јавен интерес. Со овој проект се очекува зголемување на успешно решени граѓански поплаќи, велат од ОПМ. Претставници на ОПМ денеска во Охрид преставија дел од националната кампања „ Заштита на портошувачите во доменот на услугите од јавен интерес во Република Македонија“ .Оваа кампања се води меѓу шест града во Македонија, меѓу кои и Охрид а е врзана за заштитата на потрошувачи во доменот на потрошувачи од јавен интерес.„Веќе неколку години ние се обидуваме да ја анализираме состојбата...

Continue reading

Младите, сексуално активни недоволно го штитат здравјето

Post Views: 0 Во Охрид, недостасуваат  едукативни центри каде што младите би добивале корисни информации за нивното сексуално и репродуктивно здравје. Информациите како да се заштитат од сексуално преносливите болести и инфекции засега тие ги добиваат од едукаторите во Црвениот крст, вели Младен Божиноски, технички едукатор за ХИВ, Сида и преносливи болести. „ Овде младите се доста пристапни и прилично отворени, разменуваме информации преку дискусии, што не е лесно околу сексуалноста и разговорите околу неа“ , објаснува Божиноски. Статистичките податоци укажуваат дека младите во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top