Ознака: започна

Од синоќа започна предновогодишната програма во градов

Post Views: 2 Градоначалникот Никола Бакрачески ја обелодени програмата за предновогодишните и новогодишните празници.  За дочекoт на Новата 2016-та година охриѓани и гостите ќе ги забавуваат групата „Компас бенд“,  охриѓанецот Боби Мојсоски, музичката ѕвезда Викторија Лоба, охридски ди џеј  и ансамблот „Билјана Јуниор“.Градоначалникот очекува за новогодишната ноќ плоштадот да биде исполнет со гости, а ветува одлична празнична забава. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме...

Continue reading

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА КЛИМА УРЕДИ

Post Views: 1 Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик, Општина Охрид  започна со исплата на 1 154 000 денари на 84 домаќинства од Охрид за субвенционирање при набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред. Според планираното општината им надоместува дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Со ваквиот проект локалната власт настојува да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата)...

Continue reading

idei programa

ВМРО ДПМНЕ започна со прибирање на идеи од охриѓани за престојните парламентарни избори

Post Views: 0 Од денес па во наредните пет дена охриѓани ќе имаат можност да ги предлагаат своите идеи за подобар Охрид и подобра Македонија, кои идеи треба да бидат инкорпорирани во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за престојните парламентарни избори. На штанд поставен на градскиот плоштад мобилна екипа од млади членови на партијата деновиве ќе ги евидентираат идеите кои охриѓани ќе ги предлагаат. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека токму граѓаните се факторот од кој тие ја црпат енергијата за работа. Според Бакрачески, граѓаните знаат што за нив е најнеопходно и приоритетно...

Continue reading

Започна теренската вакцинација

Post Views: 0 Започна теренската вакцинација за граѓаните кои немаат закажан термин за вакцина. Процесот е организиран од здравствените домови од секој град, а ќе се одвива без прекин со веќе направен распоред. Паралелно се одвива процесот на вакцинација редовно во рамки на здравствените домови. Вакцинацијата ќе се одвива буквално во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден централен здравствен дом, а ќе се аплицира кинеската вакцина „Синовак“. Во неколку пунктови низ земјава од утринава е регистрирана гужва од страна на граѓаните во раните утрински часови. -Ова е процес...

Continue reading

Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот

Post Views: 0 Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот. Веќе се формира и координативното тело кое ќе работи на нејзе. Во него има преставници од Локалната, од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, од ФТУ, ХОТАМ, Националната асоцијација на патнички агенции, еснафот на туристички водичи и од сите други субјекти кои директно се инволвирани во развојот на туризмот во градов. Охрид досега немаше стратегија за развој на туризмот па се што се преземаше околу развојот на оваа стопанска гранка беше парцијално и без некоја подлабока анализа. Очекуваме со...

Continue reading

Започна да се гради речното корито на ул. Ариф Мустафа

Post Views: 0 Стартуваа градежните работи за уредување на речното корито во Воска. Жителите од  улицата  Ариф Мустафа може да здивнат од можните поплави со кои се соочуваа при пообилни врнежи. Каналот  ќе се гради од армиран бетон и со ѕидови од камен со дебелина од 30 до 40 цм , во  должина од 280 метри, со ширина во долниот тек  од 1,5 м и ширина на горниот тек од 1,7 м, најави градоначалникот Никола Бакрачески. „Тоа ќе подразбира и уредување на просторот на каналот за биде пристојно катче за живеење. Работите ќе течат според предвидениот рок на изведувачот од 120 дена за кои треба...

Continue reading

Свр Охрид ја започна кампањата „Превенција од кражби“

Post Views: 2 Во рамките на концептот ,,Полицијата со заедницата”, СВР Охрид и отсекот за превенција, ја отпочнаа кампањата ,,Превенција од кражби”. Целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички моторни возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема внимателност, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба како и фаќање на сторители на кражби и други имотни деликти.Кампањата ја спроведуваат полициски службеници кои се присутни на плажите, паркинг...

Continue reading

Започна втората фаза од изградбата на пешачката патека од мостот до Горица1

Post Views: 0 Започна втората фаза од изградбата на пешачката патека од мостот до Горица1. Веќе е поставена комплетна комунална инфраструктура, водоводна инсталација, а сега се чисти теренот и се подготвува за финалните градежни активности. Планирано е да се прави и делот од мостот до почетокот на првиот дел од патеката , но Локалната чека опдобрение од Министерството за одбрана бидејќи на овој потег се наоѓа Центарот за обука на вода, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај. Во оваа фаза планирано е да се изградат уште 210 метри, а со тоа патеката ќе биде направена...

Continue reading

ЗАПОЧНА 60-ТОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Post Views: 0 Шеесет годишната културна манифестација, препознаена и призната од УНЕСКО, на која продефилирале над 60 илјади уметници, во наредните четири фестивалски вечери, низ играта и песната ќе ги шири универзалните вредности на фолклорот и интеркултурното разбирање на различните балкански народи. Од името на градот домаќин, пред присутните се обрати градоначалникот Константин Георгиески. – И после 60 години, од овде, од прекрасниот амбиент на  летната сцена „ Долни Сарај, учесниците на фестивалот ќе упатуваат универзални пораки за хуманизам, презентирање на сопствениот идентитет,...

Continue reading

Воспоставена соработка меѓу воздухопловниот ВИНГ на АРМ и ПСС од Охрид

Post Views: 21 Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции. Соработката ја започнавме како дел од проектните активности на проектот „Нови можности за безбеден зимски авнтуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за соработка со Албанија, кој има за цел, зголемување на ефикасноста на ПСС во прекуграничниот регион,...

Continue reading

Започна имунизацијата со петтовалентната вакцинавв

Post Views: 2 Од денес започна имунизацијата со петтовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата на возраст од 3,5 и 18 месеци кај кои имунизацијата е веќе започната.  Петовалентната вакцина во својот состав содржи заштита од дифтерија, тетанус, голема кашлица, парализа и хемофилус инфлуенце тип Б. Воведувањето на поливалентните вакцини започна од 1ви август кога беа промовирани шествалентните вакцини во кои покрај од погоре наведените вируси децата се заштитуваат и од хепатит Б. Шестовалентната вакцина се дава на новороденчиња во вториот и шестиот месец. Да нема сомнеж...

Continue reading

Започна новата академска година

Post Views: 3 Започна новата академска година. На ФТУ Охрид  на првиот свечен час добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите .   ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок се запишале над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти. И оваа година најголем интерес студентите покажале за студиската програма Царина и шпедиција, каде квотата е пополнета уште во првиот уписен рок , како и за насоките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top