Ознака: закон

zgradi

Охрид исполнува услови да се справи со државното земјиште

Post Views: 2 Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која...

Continue reading

mobing

За мобингот мора гласно да се зборува

Post Views: 2 Едно од најтешките видови на психолошки насилства, мобингот зема се поголем замав и кај нас. Овој вид на злоупотреба и вознемирување на работното место , може да има многу сериозни последици, како за самата жртва така и за работната средина. Станува збор за насилство кое се прави најчесто од надреден на подреден по вертикала, во одредена организација. Драгица Павлеска Попоска од Сојузот на жени „Езерка“ информира дека пред извесен период, кај нив е пријавен прв подрастичен случај на мобинг. Попоска кажува дека пријавениот случај е од сферата на образованието. „Имаме...

Continue reading

security

Кој ги обезбедува ноќните клубови во градов?

Post Views: 9 Законот за обезбедување имот и лица дециден,сите ноќни клубови мора да изнајмат Агенција за обезбедување. Ниту една од 7-те охридски легални Агенции за обезбедување не била ангажирана во  кабарето „Хавана“ каде пред пет дена се случи немилиот настан при што свирепо беше убиен еден српски турист. Ова за ТВМ го изјавија поголемиот дел од претставниците на агенциите од Охрид, со кои контактиравме денес. Тие велат дека во нивната професионална комуникација  разменуваат информации кој со кого соработува и каде врши обезбедување. Ниту во еден разговор не било спомнато дека...

Continue reading

Ohrid

За да се зачува препознатливиот лик на Охрид

Post Views: 2 Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман оптимистички најавува дека Законот за заштита на културното наследство на Охрид  наскоро ќе биде изгласан, иако, вчера пратенците од ДУИ, во Парламентот, не му дадоа зелено светло. Културното наследство е заедничко за сите и не признава политички препукувања, но тоа наскоро ќе биде минато смета Кузман. Со овој Закон во Охрид ќе се поставува одредена граница кој колку и до каде може да го менува ликот на градот вели Кузман. Тој смета дека Законот би требало да значи заштита на охридската  архитектура...

Continue reading

Ohrid

Законот за Охрид помина на Влада

Post Views: 0 Долгогодишната идеја за посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира. Законот за Охрид помина на Влада, па сега треба да се стави пред пратениците. Дали со овој закон ќе се решат наталожените проблеми на градов, останува да видиме. Инаку, негово донесувањето беше иницијатива на УНЕСКО, под чија заштита е Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

Turisticko-ugostitelska komora

Угостителите бараат европска терапија

Post Views: 1 Македонското угостителство веќе е на колена, велат од Туристичко-угостителската комора. Од надлежните бараат под итно да направат измени во Законот за заштита од пушење. Туристичко-угостителската комора на Македонија на едно место, во срцето на македонскиот угостителски туризам. Од Охрид тргна караванот под името „Забраната е  штетна за демократијата – дискриминацијата убива, бараме европска терапија„. Oд надлежните бараме да учествуваме во измените на членот 2 и 3 од законот, со што на пушачите, ќе им дадеме права како и на непушачите. Да имаат избор, додаде Бербери,...

Continue reading

logo

Кафулињата останаа празни

Post Views: 0 Нивните објекти ќе бидат затворени во рок од 24 часа во знак на револт кон Законот за заштита од пушење. Угостителите сметаат дека постоечкиот закон е премногу ригорозен и негативно се одразува на нивното работење. Со овој вид на незадоволство ја изразуваат потребата од негова итна измена. Иако ја поздравуваат одлуката за пушење на летните тераси, сметаат дека таа е неприфатлива за нив и нивното работење, па веќе поднеле барања до владата потенцира угостителот Драган Битракоски. „Тие барања се помалите објекти до 100 квадрати сами да решат дали ќе бидат за пушачи ...

Continue reading

катинар

Акцијата започнува и во Охрид

Post Views: 1 Инспекциските служби и покрај празниците најавија дека ќе бидат постојано на терени со цел истиот да се спроведе. Пазарниот инспекторат задоволен од тоа како помина 2009 год. Пазарниот инспекторат минатата година работејки според законите на Р Македонија спровел 2800 надзори. Решенија во управана постапка биле поднесени 156, од кои дел во основниот суд во охрид и дел до комисијата за прекршоци, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски. „ Беа наплатени преку 20 000 евра глоба и мандатни казни преку 30 000 евра. Постапката што се чека повратно е над 150...

Continue reading

studio

„Живнува“ Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Post Views: 0 Годинава, граѓаните   доставиле  40 барања во кои се интересирале како работи локалната самоуправа, а одговорот го побарале според  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оваа бројка покажува дека интересот на граѓаните е во пораст за разлика  одизминатите години вели Васко Ложанкоски службено лице во локалната самоуправа за посредување според овој Закон.  „Во споредба со изминатите години бележи благ пораст ако се има предвид дека во 2008 биле  доставени 30 барања, а во 2007 имало  20 барања“.Граѓаните се интересирале за работата  на локалната...

Continue reading

Elizabeta Kamcevska-Mileska

Законот за Охрид набрзо ќе се реализира

Post Views: 51 Законот за Охрид и охридскиот регион е во завршна фаза на подготовка. Истиот ќе биде доставен до надлежните институции на мислење, кога ќе се отвори и јавна дебата. „Овој закон е од големо значење за Охрид, меѓутоа и за Македонија воопшто. По однос на менаџмент планот, кој го опфаќа и културното и природното наследство на Охрид, Владата веќе донесе одлука“, рече Минестерката Канческа Милеска, при својата последна посета на градот. „Овој закон е од големо значење во делот на заштитата на културното наследство и архитектурата на Охрид како град“, потенцира таа. „Министерството...

Continue reading

potpisi

Нови барања

Post Views: 1 Сугерираат прилагодување на законот за заштита и спасување со законот за внатрешна пловидба. Исто така бараат веднаш да се преземат мерки да се инсталира навигационен систем за пратење на пловните објекти, како и комуникационен систем и систем за евиденција на патници. Здружението на граѓани „Охрид 5-ти септември“, на денешната пресс конференција информираше дека до денес биле собрани 8000 потписи, од граѓани кои ја поржуваат нивните цели и активности. Претседателот на ова здружение истакна дека сега бараат  да се забрза истрагата за бродската несреќа што неодамна се...

Continue reading

list

Се менува законот за домување

Post Views: 18 Станарите од зградата на улица Мирче Ацев број 33, влез 2 се едни од ретките кои се грижат за одржување на влезот и дворната површина. Од 20 станари ,16 редовно ги подмируваат 150-те  денари кои се собираат месечно за одржување на влезот. Жителите од овој влез се и ретките каде што функционира куќниот совет и каде што се почитува постојниот Закон за домување вели благајникот Миле Цветкоски. Според Законот за домување, секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца станари мора да формира Куќен совет. Многу од станарите во зградите не го почитуваат законот иако...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top