Ознака: забрана

kasetna bomba

Меѓународен договор за забрана на касетните бомби

Post Views: 0 Во главниот град на Норвешка, Осло на денешната конференција ќе биде потпишан Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби. Предвидено е на Конференцијата да учествуваат претставници од повеќе од 100 држави. Иницијативата за потпишување на Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби е покрената поради големиот број на цивилни и воени жртви од овие експлозивни направи уште долго време по завршување на војните. Касетните бомби се создадени за врема на Втората светска војна за уништување на тенковите во ненаселените воени подрачја, но оттогаш во различни...

Continue reading

bolid

Ќе се вратат ли тестирањата во Формула 1?

Post Views: 0 Во текот на денешниот ден тимовите во Формула 1 ќе гласаат дали сегашната забрана за тестирањe во текот на сезоната треба да биде укината. Рестрикцијата на тестирањата во Ф1 беше воведена во 2009 со цел да се намалат трошоците бидејќи повеќето имаа посебни тест-тимови што чинеа многу пари. Ferrari, кои што имаат сопствена патека во Фиорано, беа најгласни против забраната за тестирања и денес ќе можат да ги приложат своите аргументи за нејзиното укинување. Управниот директор на Mclaren, Џонатан Нил, им откри на новинарите дека четири тимови се за укинување на забраната...

Continue reading

лого

Времена забрана за движење на товарни возила во Скоје

Post Views: 2 Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот. Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно...

Continue reading

Забрана за користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј

Post Views: 8 Агенцијата за храна и ветеринарство на Р. Македонија, донесе решение со кои се забранува користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј, соопштија од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Водовод – Проаква“. Од агенцијата велат дека забраната ќе трае се додека од страна на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, кое стопанисува со овој водовод од јануари 2019 година, не се пристапи кон обезбедување исправна вода за пиење за што јавноста ќе биде повторно информирана, велат од МЈП Проаква.

Continue reading

Hidayet Turkoglu

Допинг скандал ја тресе и НБА

Post Views: 2 Хидает Туркоглу, турскиот кошаркарски репрезентативец и играч на НБА тимот Орландо Меџик доби забрана за настап на 20 натпревари поради користење на недозволени стимулативни средства. Во соопштението на НБА стои дека Туркоглу бил позитивен на метенолон, супстанција забранета во најсилната светска клупска кошаркарска лига. Туркоглу казната почне да ја одработува од ноќешниот дуелот на Орландо со Атланта, а за пропуштените натпревари тој нема да добива ниту плата од неговиот клуб. {loadposition content9}

Continue reading

alkoholi

Ново време за продажба на алкохолни пијалоци

Post Views: 2 Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од шест до 19 часот. Продолженото време на продажба на алкохол, односно до 21 часот, траеше од мај до крајот на септември. За оние кои нема да го почитуваат законското решение за продажба на алкохол се предвидени казни како забрана за вршење на дејноста во траење од седум или 15 денови и парична казна до пет илјади евра.  {loadposition content9}

Continue reading

braka karabatic

Летаат главите на ракометарите „местачи“

Post Views: 9 Седуммината ракометари, кои се обвинети за лажирање на натпреварот во францускиот шампионат помеѓу Монпеље и Рен, добија забрана за настап на шест натпревари, меѓу нив се наоѓа и еден од најдобрите играчи на светот Никола Карабатиќ. Играчите на Монпеље се обвинети дека намерно го загубиле мечот со аутсајдерот, бидејќи се обложиле на пораз на нивниот тим. Покрај Никола Карабатиќ, шест натпревари суспензија добија неговиот брат Лука, Младен Бојиновиќ, Примож Прост, Драган Гајиќ, Исам Теж и Самуел Онрубија. Играчите имаат рок од пет дена да ја обжалат одлуката на Ракометниот...

Continue reading

По 70 години забрана излегува книгата на најголемиот злосторник на човештвото

Post Views: 0 По 70 години забрана, во Германија повторно ќе биде издадена книгата на еден од најголемите злосторници на човештвото, Адолф Хитлер, Mein Kampf. Сепак тоа ќе биде поинаква верзија бидејќи книгата ќе содржи и 3.500 забелешки на четворица академици кои му контрираат на идеите на Хитлер за антисемитизмот, нацизмот и геноцидот. Книгата е напишана за време на неговите затворенички денови во 1924 година и позната е како своевиден нацистички политички манифест на омразата спрема Евреите и ширењето на Германија. Mein Kampf прв пат е испечатена во 1933 година. Издавачките права...

Continue reading

solarium

Дерматолозите со препорака за забрана на солариумот за малолетниците во Македонија

Post Views: 1 Oколу 600 лица во земјава, годишно, заболуваат од рак на кожа. Станува збор за еден од најагресивните тумори, бидејќи многу брзо метастазира и зафаќа и други органи. Покрај високото УВ зрачење, кое директно е поврзано со појавата на рак на кожа, значаен ризик фактор е и солариумот, особено ако го користат лица помлади од 18 години. Солариумот за малолетници е забранет во неколку американски држави, во повеќето европски држави, а од минатата година и во Црна Гора.  Во Србија веќе се започнати стручни дебати на оваа тема. Во Бразил, пак, целосно е забранета употребата...

Continue reading

Навивачката група „Рибари“ доби забрана за присуство на ракометното дерби

Post Views: 22 И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид. Крајно сме разочарани и бесни од овој однос бидејќи дадовме план како може да присуствуваме и двете навивачки групи во одреден број спрема протоколите но слух за нашите барања немаше. Единствено добивме само закани со пријави и насилно отстранување од салата, доколку се појавиме на утрешниот натпревар. Спортските натпревари...

Continue reading

Забрана за движење возила на ул.„Македонија“

Post Views: 1 Од денес улицата „Македонија“ од пресекот со ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“ ќе биде затворена за сообраќај поради одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Одбележувањето ќе се реализира во наредниве неколку дена и ќе биде по целата должина на реконструираната улица од 550 метри и ширина од 12 метри. Улицата „Македонија“ се очекува да биде затворена за сообраќај во текот на целата летна туристичка сезона од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улицата  „Ванчо Николески“.  Затворањето на оваа улица за сообраќање...

Continue reading

Забрана за изведување на градежни работи во централно градско подрачје

Post Views: 5 Почнувајќи од 01.07.2018 година до 31.08.2018 година, се забранува изведување на секаков вид градежни активности во централното градско подрачје. Секое непочитување ќе биде санкционирано од страна на надлежните служби.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top