Ознака: езеро

Ohridsko ezero

Ќе имаме ли наше светско чудо?

Post Views: 1 Охридското езеро и Пештерата Врело имаат големи шанси да влезат во потесниот круг на номинации за новите седум светски чуда. Ќе се натпреваруваат во конкуренција со 77 номинирани природни атрактивности. Денеска завршува вториот круг од гласањето во рамките на глобалниот избор за новите седум светски чуда на природата. Пред истекот на рокот за гласање Охридското езеро се наоѓа на одличното шесто место маѓу финалните единаесет. Пештерата Врело засега е на тринаесетото место соопштуваат од Македонскиот комитет за ниминација. Конкурираат 77 природни атрактивности од кои...

Continue reading

brod

Бродовите кои сообраќаат по езерото се максимално безбедни

Post Views: 0 Родителите чии деца ќе одат на екскурзија со брод можат да здивнат. Капетанот Љупчо Настоски вели дека во водите на езерорто пловат пет поголеми бродови и тоа Илинден кој е регистриран за 43 патници, Кристина за 80 и Александрија, Галеб и Македонија регистрирани за по 150 патници. Сите тие еднаш годишно подложат на редовна државна контрола, а во текот на годината има и по неколку вонредни контроли. Капетан Настоски појаснува дека  еден брод за  да добие дозвола за пловење мора да има противпожарен апарат, појаси за спасување и тоа толкав број за колку што патници е регистриран...

Continue reading

pres

Чистење на езерото од тврд одпад

Post Views: 3 Акцијата ќе се одржи утре на потегот од градското пристаниште до сараиште. Организарите апелираат кон оваа еколошка акција да се вклучат и граѓаните. Водата – извор на животот е прокт на сојузот за подводни активности на Р Македонија, лајонс клубот Лихнидос, Ротари клубот Охрид и Лајонс клубот Десарети.   Овие невладини организации се здружија со цел да спороведат акција за цистење на езерото од тврд отпад на потегот од градското пристаниште со сараиште. Подржувачи на проектот се културниот центар медиа артест, црвениот крст еколошките друштва и лео клубот од Охрид....

Continue reading

sostanok

Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов

Post Views: 4 „Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов“, вели директорот на хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски. Денес оваа институција одржа јавна расправа за риболовните основи на Охридското езеро. Јавната нацинална установа Хидробиолошкиот завод за сите природни езера во р Македонија и за одреден број вештачки акумулации од источниот дел на Македонија, денеска ја презентираа риболовната основа. „Тенедерот за давање под концесија на природните езера не е поништен туку е само прекинат. Оваа јавна расправа треба да му помогне на министерството за шумарство...

Continue reading

reka

Акција на чистење на реките кои се влеваат во езерото

Post Views: 1 Денес, од цврст отпад се чистеа реките кои се влеваат во Охридското езеро. Во акцијата беа собрани околу 30 кубици отпад.  Оваа иницијатива на ЈП „Охридски комуналец“ не ја подржа ниту едно еколошко друштво. Од цврст отпад се чистше реката што тече низ селото Рача и реката Грашница во населбата Даљан, а деновиве ќе се чисти и рекета Черава. „Најголем проблем во загадувањето на езерото од цврст отпад е реката Грашница, проблематична е и реката Сатеска. Како директор на јавното претпријатие ќе контактирам со директорите на ЈП од Струга и Дебрца, за и таму да се делува...

Continue reading

VC

Охридското езеро мора да се заштити од отпадните води

Post Views: 1 Заштитата на Охридското езерто од отпадните води, тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13. Ќе се залага за изградба на секундарна канализациона мрежа или за проширување на постојаната во сите населени места каде што нема изградено, рече носителот на советничката листа. Претставници од советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13 на денешнта пресс конференција, зборуваа за Заштитата на Охридското езерто од отпадните води. Според нивото на квалитетот на заштитата и унапредувањето на животната средина, се отценува...

Continue reading

Nedjat Jakupi

Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Post Views: 6 Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија. „Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни...

Continue reading

Dejan Panoski

Охридско езеро, светско чудо на природата

Post Views: 3 Македонија и Албанија ја спасија кандидатурата на охридското езеро за ново светско чудо на природата. Кандидатурата официјално е прифатена и нема пречки за негов пласман во следниот круг од светскиот избор. По одбивањето на албанските државни институции да ја подржат кандидатурата за езерото, чиј еден дел се наоѓа на албанска територија, Македонската општина Пустец формираше комитет за подршка на Охридското езеро. „Лично мислам, дека Охридското езеро не треба да го третираме како чудо. Треба да му дадеме сосема нови елементи. Оваа апликација е добра за економскиот...

Continue reading

guza

Тајните на Охридското езеро ќе бидат откриени

Post Views: 1 Дното на Охридското езеро тродимензионално ќе се снима. Со најсофистицирана апаратура ќе се вршат разни истражувања од кои ќе се открие како тоа настанало и кога. Вакви истаржувања ќе се прават и на Преспанското езеро. Претставниците од проектот за заштита на езерото од Албанија заедно со експерти од Грција, со најсофистицирана апаратура ќе вршат истражувања на дното на езерото и негово тродимензионално снимање. Вакви истаржувања ќе се прават и на Преспанското езеро. Тоа ќе помогне во добивањето точни податоци кога и како настанале езерата, кои се нивните специфичности...

Continue reading

Mile Janakievski

Бензиска пумпа на брегот на Охридско езеро

Post Views: 8 Со ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски не се согласува и градоначалникот. Охридските екологисти се против идејата да се гради бензиска пумпа за потребите на пловните објекти на брегот на езерото. Велат дека се непријатно изненадени од ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски. Според нив, бензиска пумпа на брегот би претставувала дополнителна опасност за живиот свет во езерото. „Се надевам дека ќе добиеме подршка и од граѓаните затоа што сите знеме каква штета тоа би претставувало за езерото“, вели Борче Стефаноски од ЕД Грашница. Против...

Continue reading

pоribuvanje

Еколозите бараат езерото да не се дава под концесија

Post Views: 3 Најавата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издавње на езерото под концесија наиде на најостра осуда од еколозите. Тие се против слободно изловување на плашицата, скобусот, мрената, кленот и моранецот. Единствено плашицата може да ја врати охридската пастрмка во езерото предупредуваат тие. Бараат да се продолжи забраната за лов на овие риби, посебно кога охридската пастрмка во недостиг на храна го јаде својот подмладок, вели категорично дип. инж. агроном Лазо Наумоски, член на ЕД Грашница. Појаснува, за да се формираат репродуктивните...

Continue reading

Sv.Naum

Светски научни експерти ќе ja истражуваат староста на Охридското Езеро

Post Views: 5 Четириесеттина научни работници од Европа ќе ги сублимираат досегашните резултати од истражувањата на староста на Охридското Езеро,  едно од најбогатите природни езера во светот со ендемски видови. Ќе се формираат и менаџерски тимови со цел да отпочне заеднички проект од 2010 година вели Гоце Костоски-директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Прелиминарните истаржувања покажале дека езерото е старо помеѓу 3 и 4 милиони години, но тоа се само претпоставки па затоа ќе се продолжи со понатамошни истражувања велат научните експерти. Во Охридското Езеро живеат преку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top