Ознака: дрога

Ден потоа, Антички

Post Views: 8 Вака изгледаше вчера античкиот театар, еден од најрепрезентативните културно историски објекти во нашиот град. Оваа ужасна глетка остана после одржаниот концерт на „Токсикологија“. Организаторите сметот го исчистија дури еден ден потоа. Дали во екот на туристичката сезона и во викенд, кога посетеноста на Охрид е најголема, домашните и странски туристи треба да го видат театарот во вакво издание. И дали ова уште еднаш укажува дека на Антички не треба да се одржуваат концерти од ваков карактер. Екот на сезоната носи плус, концертите, и секаквите некакви журки и забави...

Continue reading

konferencija

Mеѓународна конференција за борба против трговија со дрога

Post Views: 4 Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. „Ваквите конференции се од исклучителна важност не само заради темата која се обработува, туку несомнено претставува еден од најсложените проблеми и еден од најкомлексните облици на криминал, туку и заради можноста експертите на соодветно ниво да се започнаат меѓу себе и да...

Continue reading

marihuana

Во приватна куќа откриени 17 кг марихуана

Post Views: 5 Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (43) од Охрид. Пријавениот, во домот на негов роднина, во 2 пластични буриња, сокрил 17 килограми опојна дрога Марихуана која претходно ја набавил со цел натамошна продажба на наркозависници од Охрид, Струга но и од поширокиот регион. Станува збор за чиста високо-квалитетна дрога спакована во 19 полиетиленски и најлонски опаковки облепени со кафеави...

Continue reading

metadon

Алтернатива за независност од хероин – метадон

Post Views: 5 Метадонската терапија се зема на државна чешма. Оваа терапија всушност претставува институционално дрогирање на наркоманите, како би се заштитило општеството од нивното криминално однесување. Во дневниот центар во Охрид се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користење на дрога. Има многу причини и факти поради кои децата посегнуваат  по дрога, вели Горан Поп Марков, социјален работник во центарот за зависници од Охрид. Тој додава дека зависноста и проблемите во семејството, воспитната запуштеност во семејството,...

Continue reading

crven krst

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

Post Views: 2 СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст. Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура…. „ Сметаме...

Continue reading

narkomansko duvlo

Родители водете сметка дали вашите деца се на училиште !

Post Views: 1 Наместо во училиште, седум малолетници  завршиле во сомнителен објект, познат кај влашакамалци како собиралиште на зависници  од дрога. Четирите малолетнички  самоволно ја напуштиле наставата и околу 16 часот биле  затекнати   во објектот, од страна на полициските инспектори. Како што  стои во полицискиот извештај, малолетничките се ученички  во едно основно училиште, додека тројцата малолетници, од кои еден познат на службите како наркозависник, се вонобразовниот процес. Опасниот објект e затскриен од очите на обичните минувачи, собиралиште на наркозависници и место...

Continue reading

marihuana

Отворете очи, дрогата е околу нас

Post Views: 7 Во охридската чаршија деновиве кружи веста дека и кај нас како во земјите од опкружувањето се растура дрогата во вид на гуми за џвакање кои можат да се набават во кафулињата кои се собиралиште на младите. Од СВР Охрид смируваат дека нема ваква појава, но апелираат до сите институции поактивно да се вклучат во борбата против ова зло на денешницата. Во Охрид има 342 регистрирани нарко зависници, но реалната бројка е за два пати поголема, велат од СВР. Од нив 219 се на марихуана, 111 на хероин, а 12 на кокаин. На возраст од 25 до 30 години има 75 зависници, а 156 се на...

Continue reading

SVR Ohrid

Спречен меѓународен канал за трговија со дрога

Post Views: 8 На патот Охрид – Струга, вчеравечер во 17 часот е   спречен меѓународен канал за трговија со дрога. Запленети се  4 килограми, чиста, опојна дрога марихуана. Стефан  Димоски портпарол на СВР Охрид кажа дека во возило марка „ Опел Астра“ кај селото Мислешево, се пронајдени 4 килограми дрога спакувана во четири пакувања.   Во координирана акција на полициските екипи од СВР Охрид и инспекторите од секторот за дрога од Струга ,  се лишени од слобод четири лица, две од Скопје и две од Охрид. Едно лице од Охрид е во бегство и сеуште не е достапно на органите на прогонот....

Continue reading

Притворени двајца охриѓани поради сомнение дека продавале наркотични дроги

Post Views: 11 Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното Јавно обвинителство во Охрид, поднесе кривична пријава против лицата О.Н. роден 1983 година и Д.Р. родена 1981 година и двајцата од Охрид.   На ден 29.08.2008 година, околу 23 часот и 30 минути кај лицето О.Н. познат дилер и уживател на опојни дроги, пронајдени се три опаковки опојна дрога-хероин наменети за продажба. Дрогата е одземена во момент на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top