Ознака: дома

Само 4 лица во Охрид позитивни на Ковид 19 побарале да гласаат од дома

Post Views: 2 Утре на полноќ истекува рокот за пријавување во ОИК за гласање на лица болни од ковид 19, лица во самоизолација , немоќни, хронично болни и лица во затвор и во домашен притвор. До ОИК пристигнале 64 барања од лица со хронични болести, а само 4 лица со Ковид 19. Во СВР Охрид на територија на општина Охрид контролираат 244 лица за кои Државниот санитарен инспекторат издал решенија за изолација, а не се евидентирани лица во самоизолација. Во Охрид, до денес има 180 активни случаи на лица позитивни на вирусот. Само 4 барања од лица позитивни на Ковид 19 е мал број иако има...

Continue reading

spisok

Ја додал сопругата на листа на терористи

Post Views: 1 Еден британски имиграциски службеник толку многу не ја поднесувал својата сопруга, што се решил да ја стави на списокот со терористи за таа да не може да се врати дома. Како што пренесуваат британските медиуми, откако сопругата заминала за Пакистан да ги посети своите родители и роднини, нејзиното име тој го додал на списокот со лица на кои им е забранет влезот во Велика Британија, пред се, заради сомнението дека се поврзани со тероризмот. Кога во Пакистан се обидела да се качи на повратниот лет за Лондон, жената не ја пуштиле во авионот и не и дале никакво образложение...

Continue reading

ОХРИДСКИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“

Post Views: 1 Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на  Владата на Република Северна Македонија, за поттикнување на домашната економија и поддршка на туристичко-угостителскиот сектор. Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам ќе можат да ги користат од 15 јули до 15 декември 2020 година На платформата Domasiedoma.gov.mk до 5-ти јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата. Општина Охрид ги информира сите регистрирани даватели на туристички услуги кои...

Continue reading

Денеска се снимаше промотивниот спот за Охрид во рамки на кампањата Дома си е дома

Post Views: 9 Убавините на Канео,  белите едрилици,  манастирскиот комлекс Свети Наум, Галичица  ќе бидат дел од промотивниот спот на кампањата „Дома си е дома“, што денес се снимаат во Охрид.  Во спотот ќе бидат вметнати и Вевчанските извори  , мостовите на Струга, реката Црн Дрим и гастрономските специјалитети од регионот. „Во план се 10 дестинации каде што ќе бидат прикажани повеќе од 60 тина атракции кои што ќе може да се посетта во Македонија и се надеваме веќе дека следната среда ќе го имаме и промовирањето  на првиот спот. Кампањата ќе оди освен на социјалните медиуми и по...

Continue reading

Започна снимањето на првиот видео спот од рекламната кампања Дома си е дома

Post Views: 2 Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира сите,...

Continue reading

Kампања „Дома си е дома“ за спасување на туризмот

Post Views: 2 АППТ започна маркетинг кампања „Дома си е дома“ за  ублажување на негативните ефекти во туризмот од кризата со коронавирусот. Агенцијата подготовува кампања за домашните гости со која ќе ги промовира македонските атракции, подзаборавени дестинации и оние што добро ни се познати, но вреди да се посетат повторно. Пандемијата предизвикана од корона вирусот,за многу кратко време го измени светот и според многу експерти од областа на туризмот ќе постави други стандарди за патувања, сместувања и поле на интерес во туристичкиот сектор. Кризата која го зафати туризмот поради...

Continue reading

26 нови случаи на коронавирус во земјата, дома пуштени 9 лица

Post Views: 7 Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови од министерството за здравство ќе испратат дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица. Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19...

Continue reading

Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините да останат дома

Post Views: 6 Од Планинската спасителна служба со апел до сите вљубеници во планините, алпинисти, планинари, скијачи, велосипедисти, љубители на природата и планинските спортови. – Веруваме дека токму Вие, луѓето кои ја сакаат природата и дружбата со планината, често се чувствувате побезбедни на планина отколку во урбаната џунгла на градовите и дека сте пример за водење здрав начин на живот. Затоа впрочем и ние постоиме, за да Ве охрабриме што почесто да уживате во планините и да ги „заразите“ и останатите со „вирусот” на планината. Но, во овие тешки мигови за човештвото, кога целата...

Continue reading

Наставничката Петковска одржува настава со своите ученици од дома

Post Views: 10 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и утрински...

Continue reading

Тие не може да работат од дома

Post Views: 0 Тие мора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече.Ова е сторија за дел од хероите во нашиов град кои секојдневно ризикуваат да бидат заразени, работејќи ја својата работа. Состојбата со корона вирусот во светот и земјава ни го промени животот на сите, вели Соња Рилковска – дописник на МРТВ од Струга. „Од безгрижно секојдневие, потрага по тема или настан, во страв од излегување на терен. Нашата професија е особено ризична. Ние мора постојано да ја информираме јавноста за новонастанатата состојба и да бидеме во првите редови. На терен...

Continue reading

Atlantis

Атлантис се враќа дома

Post Views: 6 Вселенскиот брод Атлантис се очекува денеска да слета во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, по 12-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица. Атлантис беше лансиран пред точно 11 дена со шест членови на екипажот, а целта на мисијата беше да се достават два контејнери со резерви делови чија тежина изнесува 12 тони. Еден од дефектите што Атлантис требаше да го поправи е расипаниот уред за рециклирање на урината, што е дел од системот за рециклирање на отпадни води. Ова е последна мисија на НАСА за оваа година. За 2010, НАСА најави пет нови мисии на Меѓународната...

Continue reading

Пријавено исчезнато девојче од струшко Корошишта

Post Views: 4 Во Полициската станица во Струга од страна на 38- годишно лице од струшкото село Корошишта, викендов било пријавено дека на 17- ти април, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка. Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top