Ознака: добија

Трпејчани добија повеќенаменско игралиште

Post Views: 1 Жителите на туристичката населба Трпејца добија повеќенаменско спортско игралиште веднаш до училишната зграда во населбата. Денес тоа беше свечено пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека овој, според него корисен инфраструктурен зафат го покажува балансираниот пристап на локалната за подеднаков развој на сите делови од општина Охрид. Бакрачески потенцираше дека ова е само дел од грижата за правилен раст и развој на најмладите генерации. „Во изградба на игралиштето, учествуваа двете јавни претпријатија основани од општина...

Continue reading

natprevar

Одржано државно првенство на угостителско-туристичките училишта

Post Views: 0 За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод.  Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат. Директорот...

Continue reading

gaming house

Охридските гејмери конечно добија место каде ќе можат да тренираат по светски стандарди

Post Views: 2 Добра компјутерска конфигурација и супер брза интернет конекција е сонот на секој гејмер кој сериозно се занимава со некој електронски спорт. Охридските гејмери веќе не мора да сонуваат. Тие од вчера го имаат првиот гејминг центар во кој можат да тренираат напорно и да стигнат до самиот врв на електронските игри во светски рамки. Нашата најпозната counter strike дружина која жари и пали на светските гејмерски турнири, момците од Entity, го создадоа она што според нив им недостигало додека тие го граделе својот пат до успехот во електронските спортови. Јован Каланоски,...

Continue reading

avtobusi

Охридските автопревозници ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз

Post Views: 3 Автопревозниците од Охрид ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз од населените места до Охрид, и обратно од Охрид кон приградските и селските населби. На јавното наддавање кое за прв пат беше спроведено по електронски пат во општина Охрид, се наддавало за вкупно 11 автобуски линии на територијата на целата општина. Во наредните пет години, општинскиот линиски превоз ќе го спроведуваат четири компании за превоз на патници. „Конечно денеска заврши јавното наддавање за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, односно дозволи за компании кои...

Continue reading

Двајца управители на „Радика Ресорт“ добија кривични пријави

Post Views: 1 Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз. Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале...

Continue reading

сдсм

Младите социјал демократи од Македонија добија поддршка од европските колеги

Post Views: 6  Обуки со странски предавачи одржаа младите социјал демократи од Македонија. Целта е подготовка на младите за политичко делување во  рамките на младите и партијата, вели претседателот на СДММ , Стефан Богоев. На обуките добиле поддршка од организациите во кои членуваат, а усвоиле и резолуција за поддршка на СДММ И СДСМ.  „Покажавме и докажавме дека на светот му  е јасно дека во Македонија владее еден авторитарен режим, нешто што е недозволиво да се случи во срцето на Европа и Балканот. На сите  им е  јасно дека ова не е битка меѓу власта и опозицијата туку е битка на...

Continue reading

Волонтерите од Општа болница Охрид добија решение

Post Views: 7 77 волонтери од Општа болница Охрид, денес добија решенија за работа на неопределено работно време. Потпишувањето на договорите следува по носењето на Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство кој се изгласа во февруари годинава. Довчерашните волонтери не ја криеја неизмерна радост и солзи во очите, а имаше и такви кои донесоа торта за да биде блага работата. „Скоро 12 години бев волонтер со договор на дело. А сега моменатално сум многу благодарна од премиерот Никола Груевски, Никола Тодоров и нашиот директор што ни ја овозможија денес оваа...

Continue reading

сонк

Професорите од охридската гимназија нема да протестираат не добија поддршка од Сонк

Post Views: 2 Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со  Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески. „ Не дадоа подршка тоа  според мене е жално. Сметавме  дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата...

Continue reading

josip broz tito

Струшките училишта од денес со редовна настава

Post Views: 8 Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја. Моментално, состојбата со прекинот со снабдувањето со електричната енергија во ОУ “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда е решена. Инаку причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е акумулираниот долг на струшките основни училишта кој изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати и веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати. {loadposition content9}

Continue reading

Готвењето е машка работа

Post Views: 3 Модерните мажи добија посебно име. Сега се гастросексуалци бидејќи знаат да готват, а готвењето е важен фактот во современото заведување. Едно британско истражување покажува дека жените освен друштвениот статус, изгледот и смислата за хумор високо ги вреднуваат и кулинарските способности на својот партнер. Речиси половина од испитуваните жени истакнале дека им се допаѓаат мажи кои добро се снаоѓаат во кујната. Истражувањето на PurAsia покажува дека секој петти маж на возраст од 18 до 34 години готви само за да дојде до креветот на жената која го привлекува. Најголемата...

Continue reading

5 лица од Охрид, 2 од Струга добија парична казна за неносење маска

Post Views: 3 Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 18 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 5, Струга 2 и Кичево 11).– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 52 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 14, Струга 10 и Кичево 28),...

Continue reading

svadba na plaza

Младенците ќе склучуваат брак каде што сакаат

Post Views: 1 Брак ќе може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други места, како ресторани, домови, излетнички места. Ова е предвидено со измените на Законот за семејството, кои вчера добија виза од собраниската Комисија за труд и социјална политика.Оние што ќе сакаат да склучат брак на место по нивна желба, за тоа ќе треба да платат соодветен надоместок, како и да добијат одобрение од институцијата или управителот на објектот и локацијата каде што сакаат да стапат во заеднички живот. За да се склучи брак надвор од службените...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top