Ознака: директорот

Zoran Angeloski

Предизборна еуфорија

Post Views: 16 Жичарата на „Галичица“, 30 години се споменува во предизборие. Директорот на НП, Зоран Ангелоски смета дека најавите на првиот човек на градот Александар Петрески за изградба на жичара се нереални. Ова го поткрепува со фактот дека градоначалникот мора да погледне во веќе изготвениот план за управување на паркот кој важи за период од 2010 до 2020 година. Ангелоски, категоричен дека досега локалната самоуправа не стапила во контакт со нив и не ги известила за нивните намери. Тој додава дека Националниот парк „Галичица“ е место кое со закон е заштитено и мора да се знае...

Continue reading

Grigor Prlicev

Причината непозната за тепачка во дворот на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 56 Две групи ученици се степале во кругот на основното училиште Григор Прличев. Во средата во меѓусмена, по завршувањето на наставата за осмоодделенците помеѓу ученици дошло до  физичко  пресметување. Во одбрана на помалиот брат ученик во училиштето  се вклучиле и двајца гимназијалци. Училишниот педагог  Офелија Петреска негира дека станува збор за масовна тепачка, како што некој сака овој инцидент да го престави во јавноста. Станува збор за размена на неколку шлаканици помеѓу учениците кои поминале без сериозни повреди и навреме била  спречена,  изјави за ТВМ Петреска. И...

Continue reading

ucenici

Уште едно олеснување за корисниците на социјална парична помош

Post Views: 3 „Условен паричен надоместок“, ново олеснување при школувањето на децата од социјално загрозени семејства. Оваа програма започна да се применува од годинава, а  бенефит од проектот ќе имаат семејствата корисници на социјална парична помош, кои имаат дете или деца, ученици во средно образование и кое се редовни во наставата. „ За секој ученик запишан во средно оразование предвидени се по 12 илјади денари годишно, распределени во четири квартали, со цел подигнување на нивото на обраованието. Ова е една од мерките кои ги предвидува владата и министерството за труд и социјална...

Continue reading

biblioteka

Охридската библиотека, во друштво со европските

Post Views: 3 Нашата градска библиотека „Григор Прличев“, ќе биде дел од еден многу интересен библотекарски проект, неодамна промовиран на маргините на карневалот „Курентовање“  во Птуј, Словенија. Директорот на градската библиотека, Тоде Илиевски информира дека идејата на проектот е библиотеки од Балканот и Европа, заеднички да ги презентираат највредните печатени дела на кои самите се чувари. „Моја беше идејата да направиме книга со најзначајните ракописни книги, печатени што ги поседуваат овие седум библиотеки. Ќе биде издадена да се знае за што се работи“, вели Илиевски. Трудовите...

Continue reading

ucenici

Училишни униформи, да или не?

Post Views: 13 Училишни униформи за децата од основното училиште „Григор Прличев“. Овој муабет се слуша низ целиот град. Некои родители со жестоки реакции за предлогот. Како што кажува и името, ова засега е само предлог, кој според директорот на ова училиште, Сашо Ставрески сеуште не е целосно разработен и треба и понатаму да се разгледува. По овој предлог се состанал и советот на родители од ова училиште. „На тој состанок на совет на родители беше донесена одлука за да се формира комисија што ќе работи на овој предлог. Комисијата беше формирана од членови на советот на родители....

Continue reading

kelner

Бланко договорите и вработувањата на црно во туризмот, реалност

Post Views: 3 Приватните агенции за привремено вработување, против работењето на црно. На прашање за тоа колку од агенцијата се запознаени со појавата на потпишување бланко договори во туризмот, Директорот на агенцијата за привремени вработувања,„Партнер“, Раде Ненадиќ вели дека со овие појави, од агенцијата се среќаваат низ целата земја, не само во Охрид и не само во сферата на туризмот. Но како стопанска гранка која е карактеристична за ова подрачје, во туризмот се и најголемите вработувања на црно. Не е логично хотел кој работи сезонски, преку целата година да држи персонал потребен...

Continue reading

ohrid

Охрид атрактивен за србите

Post Views: 1 Охрид и Македонија сеуште атрактивна дестинација за Србите. Ова го потврдува заинтересираноста на потенцијалните туристи да го посетат Македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. За време на саемските денови на  посетителите ние како агенција но и општина Охрид кои имаа свој пулт, им понудивме културно уметничка програма и македонско национално јадење“, вели  Владо Сукловски, заменик директорот на агенцијата за развој и подршка на туризмот. Тој додава дека доколку се проценува според посетата на штандот, тогаш годинава треба да очекуваме зголемен број на гости...

Continue reading

javna rasprava

Ќе се реконструираат дрворедите на градските улици

Post Views: 2 Дрворедите во Охрид ќе се преуредуваат. После педесет години ова е прва иницијатива на Локалната самоуправа од Охрид, да пристапи кон решавање на една рак рана. За таа цел, денес, во општината, се одржа јавна расправа помеѓу претставниците на Локалната самоуправа, во присуство на експерти од охридските еколошки друштва. Пристап кон реконструкција на постоечките дрвореди во централното градско јадро е општата констатција на сите учесници. На ова поле, неопходен е  зафат кој во најскоро време треба да се преземе. Советникот за сообраќај Зоран Шикалоски, задоволен од текот...

Continue reading

Каде кочат работите за нов Здравствен дом?

Post Views: 5 Надлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на но Здравствениот дом во Охрид. И овој пат двојни виновници. За едните виновна  е Дирекцијата и нејзината непотегливост, а за другите фирмата-изготвувач на проектот. Раководителот на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, Бранко Арнаудов, тврди дека во општината се вложуваат максимални напори за изградба на оваа здравствена установа и додава: „Локалната на 29.12.2009 год издаде услови. Веднаш потоа издаден е извод до ЈЗУ Здравстевн дом, бидејќи целокупната постапка треба да ја водат тие....

Continue reading

Класична матура, без новини

Post Views: 6 Годинава нема матурска екскурзија за средношколците. Рим и Венеција можеби се посакувани, но не и реални дестинации за матурантите од охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Матурските екскурзии не се едноставни за организација. Треба добро да се отворат очи кога се работи за било каква активност поврзана со матурите , вели првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски. После немилите настани од минатогодишната екскурзија на средношколците во Прага, кога кај дел од нив беше пронајдена дроога со што во негативено светло се прикажа и градов и државава, мора да...

Continue reading

NU Ohridsko leto

Предлог програмата готова, селекторите чекаат пари

Post Views: 13 И додека министерот го  објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за  настап на фетсивалот.  Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска.  Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција...

Continue reading

kaneo

Промоција, промоција и само промоција

Post Views: 14 2011-та ќе биде година на промоцијата, барем што се однесува до македонскиот туризам. Врз оваа активност, ќе се заснова поголемиот дел од програмата на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот за 2011-та година. Посети на голем број однапред таргетирани саеми како и поинтензивни посети на странски туроператори и новинари кај нас, се она на кое во периодот кој е пред нас ќе работиме, вели директорот н агенцијата Зоран Стрезоски. Што се однесува до посетата на саемите, Стрезоски објаснува дека приоритет се саемите во земјите со кои се остварени чартер летови, како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top