Ознака: денес

spasuvanje

Вадењето на „Илинден“ закажано за денеска

Post Views: 5 Вадењето на бродот „Илинден“ кој потона во саботата во Охридското езеро, при што се удавија 15 туристи од Бугарија, најверојатно ќе започне денеска, доколку временските услови го дозволат тоа. До одлагањето, како што јавува Макфакс, дојде на иницијатива на експерти од Хрватска кои сметаат дека треба под вода да се преснимат уште 16 точки на трупот на бродот, што беше направено во понеделникот. Овие снимки, според експертите од Хрватска кои заедно со колеги од Македонија и Бугарија работат на местото на тонењето на бродот, се потребни за утврдување на причините, како...

Continue reading

sepot

Денеска почнува процесот на лустрација 

Post Views: 9 Носителите на јавна функција во Македонија од денеска до 30 септември до Комисијата за верификација на фактите треба да поднесат изјава заверена на нотар дека не соработувале со органите на државна безбедност и не ги користеле добиените информации за напредување во кариерата. Изјави според Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција до Комисијата треба да поднесат претседателот на Република Македонија, пратениците, претседателот и потпретседателот на Собранието, премиерот и членовите на Владата, градоначалниците на општините и на Градот Скопје....

Continue reading

Истрагата по исчезнатиот МН370 тргнува и под вода

Post Views: 1 Бидејќи досегашната истрага по исчезнатиот малезиски авион не дала резултати, австралиската морнарица одлучила да прати мини подморница под вода. „Бродот Океански штит денес ќе престане да истражува по океанот и наместо тоа ќе биде ангажирана мини подморницата Блафин21“, рекол началникот на здружениот координативен центар за истражување и некогашен командант на оружените сили на Австралија, Ангус Хјустон. Тој потсетил дека последниот сигнал за кој се сомневаат дека потекнува од исчезнатиот МН370 е регистриран пред шест дена, пренесува агенцијата AFP. “Веќе шест дена...

Continue reading

ARM

Војниците денес даруваат крв

Post Views: 2 Припадниците на АРМ денеска доброволно ќе даруваат крв во рамки на акцијата што ќе се спроведе во Воената болница во Скопје. Акцијата е дел од активностите по повод одбележувањето на 18 август – Денот на АРМ. Според најавите крв ќе даруваат и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, како и припадници на Генералштабот на АРМ. Припадниците на АРМ од различни единици во пресрет на Денот на АРМ на дело ќе ја покажат хуманоста со доброволно давање на крв, со што ќе придонесат да се спасат...

Continue reading

Britanska ambasada

Од денес британска виза и по телефон

Post Views: 0 Британската Амбасада во Скопје од денеска ќе почне да прима телефонски повици и електронска пошта за аплицирање за виза. Апликантите на кои ќе им биде потребна понатамошна помош во врска со аплицирањето можат да се информираат на веб страницата www.visainfoservices.com или телефонски на +442-0-70-997-270. Телефонскиот повик чини 14 американски долари кои се плаќаат со „виса“ или „мастеркард“преку безбеден автоматизиран систем. {loadposition content9}

Continue reading

Изрази кои се памтат без оглед на годините

Post Views: 3 “Вози Мишко”, “И тата би сине”, се популарни фрази кои и денес ги изговараме како сами да сме ги смислиле. Има многу начини да се каже некоја иста работа. Начинот на говорот и фразата кои ги користиме кон соговорникот не ја пренесуваат само моменталната порака туку и нешто од самиот карактер, образованието и гледањето на светот, за опкружувањето каде припаѓаме, или барем сакаме да припаѓаме и за смислата за хумор.  Некои реченици од филмовите, а особено од оние на екс Југославија, станале толку популарни што ги изговараме како сами да сме ги смислиле. Зошто баш тие а...

Continue reading

Русија без милост

Post Views: 1 Русија денес објавила дека гасот на Украина, од април, ќе и го продава по цена од 485 долари за 1000 кубни метри, што е една од најголемите цени за европските земји. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјавил денес дека го укинал последниот попуст на цената на гасот која Москва и го гарантираше на Украина, па 1000 кубни метри на гас ќе чини 100 долари повеќе отколку досега. Најава за поскап гас дошла по разговорите на шефот на рускиот Гаспром, Алексеј Милер, и шефот на украинската компанија за гас Андреј Кобољев, околу долгот на украинскиот Нафтогас од 2,2 милијарди...

Continue reading

За „Nutella” е виновна војната

Post Views: 2 Дали некогаш сте се запрашале како воопшто е создадена Nutella и зошто се прави од лешници? „Nutella” во оригиналната форма за време на Втората светска војна ја измислил Pietro Ferrero, производител на слатки и основач на компанијата Ferrero. Во тоа време, поради војната, владеела криза за какао додека лешници имало во изобилие на северот од Италија, така да лешникот станал основа за овој производ (иако лешник во „Nutella”има само 13%). Производот на почеток бил познат како „Pasta Gianduja” и не се пакувал во тегли туку бил во форма на векна завиткана во фолија, а на...

Continue reading

Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Post Views: 4 Светското првенство започнува денес со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бразил во 18.30 часот. На првенството ќе настапат 24 репрезентации од целиот свет, при што 15 се од Европа. Интересно е тоа што Меѓународната ракометна федерација за ова првенство прати и три покани а ги добија Германија, Исланд и Саудијска Арабија. Мнозинството експерти се сложува дека ова ќе биде едно од најизедначените и најквалитетни првенства досега. Репрезентациите се поделени во 4 групи по 6 екипи. И овој пат нема втор круг на натпреварување по групи, туку четирите најдобри во групите...

Continue reading

Денес во Охрид ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови

Post Views: 10 Денес во Охрид ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“. Настанот ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотелот Нова Ривиера. Се очекува обраќања да имаат амбасадарот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“ е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична...

Continue reading

Денес пратениците ги бираат програмата и составот на новата влада

Post Views: 14 За денеска во 12 часот е закажано продолжението на седницата на Собранието на која единствена точка од дневниот ред е програмата и составот на новата влада. Според Деловникот седницата треба да заврши денеска на полноќ со гласање за новите министри. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера предупреди дека нема да толерира доцнење во собраниската сала и дека за денеска прв пријавен за дискусија е пратеникот Димитар Стеванаџија кој на собраниската говорница ќе треба да излезе точно во 12 часот. „Во однос на времето сум прилично точен и не би сакал да дојдеме во...

Continue reading

Денес со два лета од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани

Post Views: 0 Владата на Република Северна Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел. За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top