Ознака: денеска

prolet

Доаѓа пролетта?

Post Views: 14 Пролетта во нашата земја и на северната хемисфера почнува денеска во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.Денес е и пролетната рамноденица, а исто така треба да се случи и затемнување на сонцето како и астрономската појава, супер месечина.Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44. Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да...

Continue reading

kandidati

Почнува кампањата за претседателските избори

Post Views: 0 Денеска започнува дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 март. Четворицата кандидати за претседателската функција ќе ја бараат довербата на граѓаните. Во првиот круг силите ќе ги одмерат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Ѓорѓе Иванов кој ја има поддршката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими зад кој застана ДПА и Зоран Поповски номиниран од партијата „Гром”. Пендаровски кампањата ја почнува од Скопје, Иванов тргнува од Охрид, Халими ќе се претстави на промотивниот митинг во Чаир, а Поповски стартува од Лептокарија во општина Карпош. Претседателската...

Continue reading

valjak Kalishta

Патниот правец Струга-Калишта конечно почувствува нов, жежок асфалт

Post Views: 20 Патниот правец Струга-Калишта конечно добива фејслифтинг. Овој пат, досега важеше за еден од патните правци во најлоша возна состојба во Струга. Од рано изутринава, екипите на Македонија пат, започнаа со асфалтирање на оваа делница за која во минатото, мештаните на Калишта често реагираа. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко задоволен што конечно по седум години на кормилото на Струга, добил позитивен одговор од Агенцијата за патишта за асфалтирање на оваа делница. „Ние направивме една добра соработка и оваа соработка еве носи плодови, не само денеска, туку и пред...

Continue reading

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица

Post Views: 2 Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Овој празник се нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се...

Continue reading

Денеска се порибуваше Охридското Езеро со пастрмка

Post Views: 0 Денеска се порибуваше Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. Согласно Законот за рибарство и аквакултура, секоја година обврска на државата е порибување на природните езера, а на Охридското Езеро се посветува најголемо внимание заради зачувување на охридската пастрмка, изјави Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот Завод Охрид. „Оваа година почнувајќи од 11 ти септември, започна порибувањето со охридска пастрмка на Охридското Езеро и досега се порибени 1 370 000 единки ослободени во езерото, на различни локалитети и тоа на делот од источното крајбрежје“ На...

Continue reading

logo

Најмладата пациентка со рак на дојка во Македонија има 17 години

Post Views: 2 Според податоците кои се објавени од Меѓународната агенција за истражување на ракот ГЛОБОКАН, во 2012 година во Македонија се детектирани 1.152 нови случаи на рак на дојка, а 431 се починати, изјави денеска претседателот на Здружението за борба против рак „Борка“, Биба Додева. Таа денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, а претставници на „Борка“ на пациентките им поделија подароци. Додева посочи дека станува збор за навистина енормно зголемување на бројот на заболени од...

Continue reading

logo

„Дил“ на годината

Post Views: 2 Во 2009-та година Фејсбук не го прими на работа. Денеска му изброи 19 милијарди долари. Тоа е твитот на Брајан Ектон откако ја изгубил работата во Јаху и пробал да се пикне во компанија како Фејсбук, а подоцна и Твитер.Не успеал па решил да се поврзе со други луѓе и да направи нешто свое. Тоа свое штотуку е купено од Фејсбук за 19 милијарди долари. Се вика WhatsApp, масовно користена апликација за праќање пораки која ја води фирма со не повеќе од 50 луѓе. Фејсбук го купи Инстаграм за една милијарда. Леново ја купи Моторола за неполни три. 19 милијарди долари се * 4 пати...

Continue reading

zemjotres

Втор земјотрес во северозападна Грција, првиот почуствуван и во Охрид

Post Views: 4 Слаб земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција. Според сеизмолошкиот центар на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, на земјотресот му претходел послаб потрес од 3,1 степени.Ова е втор земјотрес во северена Грција денеска, откако претходно околу три часот потрес со интензитет од четири степени според Рихтер го погоди реонот на Кожани. Епицентарот потресот бил на 17 километри југозападно од Кожани. Денешните земјотреси не предизвикаа...

Continue reading

Од денеска пониски цени на горивата

Post Views: 0 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од 16.8.2021 година. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар. Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм...

Continue reading

milenice

Идните ветеринари ќе се обучуваат за идентификација на домашните миленичиња

Post Views: 1 На Факултетот за ветеринарна медицина денеска ќе се одржи обука за идентификација и регистрација на домашни миленичиња (микрочипирање). Обуката е наменета за студентите, а ќе се реализира во три часа, со теоретски и практичен дел, од проф. д-р Пламен Стројачанец. Ја организира Студентскиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина по иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ. Следните две недели сите студентски парламенти на сите факултети на УКИМ ќе спроведуваат обуки поврзани со практичниот дел од својата настава. Предавачи ќе бидат професори, но и практичари,...

Continue reading

Од денеска започнува издавањето на личните карти со новото име на државата

Post Views: 0 Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија од денеска започнува со издавање лични карти со новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Издавање лични карти со ново име на државната опозиција, поради која сѐ уште не се донесени измени на законот за лични документи, беше овозможена од владата со донесување подзаконски акти. Во петокот, владата, за да ги надмине проблемите со издавање на нови лични карти, донесе подзаконски пропис усогласен со Законот за лични карти и Законот за јазици, кој овозможува непречено издавање лични карти. Повеќе...

Continue reading

Goce Delcev

142 години од раѓањето на Гоце Делчев

Post Views: 11 Денес се одбележуваат 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегација на македонската Влада денеска, денеска по повод одбележување 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер. Владината делегација е составена од министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и министерот за животна средина и просторно планирање...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top