Ознака: денеска

Oд 11 до 14 часот прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 8 Поради изведување на градежни активности (минирање, бушење на косини на пат во двата правци) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Песочан, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (

Continue reading

Денеска во Охрид сончево време со температура до 28 степени

Post Views: 0 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени. Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела и особено во сабота ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер – информираат од УХМР. 

Continue reading

turnir

Стартува ракометниот турнир „Струга 2011“

Post Views: 0 Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што започнува денеска во градот на охридското крајбрежје. Турнирот ќе се одржи од 24 – 27 август на отвореното ракометно игралиште во Струга, јави Охридњуз. Овогодишното 39 – то издание на струшки турнир повторно ќе биде од меѓународен карактер со што ќе се задржи квалитетот на турнирот. Во првата група ќе бидат бранителот на трофејот и десеткратниот првак  Пелистер, Металург Јуниор и српскиот Обилиќ. Во втората група ќе играат домаќинот Струга, бугарскиот...

Continue reading

Денеска е Водокрст – се слави силата на крстот

Post Views: 1 На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. За православните христијани е строг пост.

Continue reading

logo

Први Мај, неработен ден за сите граѓани на република Македонија

Post Views: 3 Денот на трудот 1 Мај (четврток), согласно Законот за празниците, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше...

Continue reading

pozar

Втора верзија на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“

Post Views: 0 Овој систем се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана. Овој систем во јули минатата година беше ставен во почетна оперативна употреба, познат како МКФФИС и од тогаш беше во тест фаза. Во втората фаза од неговиот развој се направиени сите неопходни подобрувања, со додавање нови карти, алатки и функции со што на корисниците им се обезбедува лесен, брз и разбирлив пристап. Системот се реализира со поддршка на Јапонската...

Continue reading

precista

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Post Views: 14 Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица. Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии...

Continue reading

logo

Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето

Post Views: 5 Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето. Светската здравствена организација препорачува дека потребна е контрола на векторите или преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија. По повод Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство организира бесплатни превентивни прегледи во сите градови во државата. За...

Continue reading

гласачко ливче

Одреден редоследот на гласачкото ливче за парламентарните избори

Post Views: 5 ДИК денеска со жребување го одреди редоследот на избирачкото ливче за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април. Еве кој реден број го извлекоа партиите: 1. СДСМ2. ДПА3. Достоинство4. ДУИ5. ВМРО-ДПМНЕ6. НДП7. Национално движење на Македонија8. ГРОМ9. Алијанса за позитивна Македонија10. ВМРО-НП11. СДПМ12. ПЕП13. ПДП14. ПЕИИзборната кампања за предвремените парламентарни избори започнува во сабота на 5 април. {loadposition content9}

Continue reading

Охрид и Струга денеска во знак на поддршка на лицата со ретки болести

Post Views: 0 Продолжуваат бројните активности за зголемување на видливоста и помош на лицата со ретки болести. Се’ побројни се Амбасадорите на овие лица, кои преку своите дела го свртуваат вниманието на јавноста за нивните потреби и потребата од гласност и апелирање до релевантните институции за брза идентификација, правилно дијагностицирање и соодветно лекување. Младиот охридски херој – пливачот Марко Пејчиноски, денеска повторно пливаше во водите на Охридското Езеро, овојпат во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Под мотото „Весламе за ретките“, по втор пат, струшките...

Continue reading

Србите денеска го слават празникот Св Сава

Post Views: 6 Со сечење на славската погача, пченица и молитва, денес традиционално припадниците на српската заедница го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Ова е еден од најголемите празници кој го прославуваат србите каде и да се, вели претседателот на српското здружение „Коштана“, Среќко Стојановиќ. „Ние се собираме тука во организација на нашето друштво, сите Срби учествуваме во организацијата, а сите останати ни се гости на славата. Традиционално како што е православието кршиме колач, пченица, а на масата се` што дал господ“ Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“...

Continue reading

mreza

МВР отвара широк фронт против дрогата

Post Views: 2 Министерството за внатрешни работи, денеска отпочна со реализација на Оперативната обработка „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици. Со отпочнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови. За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top