Ознака: годинава

skuter

Временското ограничување за скутерите стартува од денес

Post Views: 3   Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска. Во текот на денот, во периодот од 11 до 19 часот, скутерите нема да можат да сообраќаат по езерото зашто тогаш е најголема фрекфенцијата на капачи. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа...

Continue reading

razigrano oro

Осмо издание на фестивалот „Разиграно оро“

Post Views: 1 Фолклорниот фестивал „Разиграно оро“ според бројот на учесници убедливо го држи приматот, најмасовна манифестација од овој вид во земјава. И оваа година околу 1000 играорци и музичари од неколку европски земји ќе учествуваат на осмото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Зоран Симјаноски организацискиот секретар на фестивалот вели дека и годинава на 30 јуни односно понеделник ќе имаат убаво дефиле низ градот, како би можеле охриѓани и туристите кои престојуваат во градов да ги видат сите ансамбли. Додава дека наредните денови односно први и втори...

Continue reading

Tomas Dold

Емпаер Стејт освоен и годинава

Post Views: 3 Германецот Томас Долд и Австралијката Сузи Уалшам ја одбранија титулата во 32-то тркачко натпреварување до врвот на зградата Емпајр Стејт Билдинг во Њу Јорк.Долд 24 годишниот студент по економија ја обезбеди четвртата титула во машка конкуренција со време од 10 минути и 7 секунди и воедно постави личен рекорд поправувајќи го стариот рекорд за 1 секунда. Актуелниот рекорд му припаѓа на Пол Крек кој во 2003-та година застана на првата позиција со време од 9 минути и 33 секунди. „Се чувствував многу убаво по четвртата победа. Бев многу добро подготвен за трката со специјални...

Continue reading

ramazan

Се празнува Бајрам

Post Views: 2 Рамазан Бајрам означува крај на постот и почеток на деновите за веселба.Првиот ден од Рамазан Бајрам, почнува со утринска молитва, наречена бајрам намаз. Се организираат јавни свечености, а верниците си разменуваат подароци и одат на гости. Рамазан Бајрам се слави на 1. шевал (десеттиот месец од муслиманскиот календар) и трае три дена, а верниците го сметаат за „празник на положениот испит“. Годинава Бајрам почнува на 9. септември, по завршувањето на рамазанскиот пост, кога муслиманите се воздржуваат од храна и пијалоци како и од зли мисли и дела. Сите муслимански верски...

Continue reading

den na penzioneri

Во Охрид одбележан Денот на пензионерите

Post Views: 5 Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца годинава за прв пат го одбележуваат 20 јуни, денот на пензионерите. Ова здружение постои цели 64 години. Годинава Локалната Самоуправа на Охрид, на охридските пензионери им дала средства, овој ден да го одбележат скромно и без помпезности, како што изјави претседателот на Извршниот одбор на ЗП Ѓорѓи Трпчески. „Поканети беа од Локалната самоуправа и од оправдани причини поради нивните активности во Поградец денес тие не присуствуваа, но во некоја друга пригода ќе не удостојат и ќе бидат присутни на нашите активности. Затоа...

Continue reading

kolonija

Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“

Post Views: 1   Денес отпочна интернационалната ликовна  колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание.  Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината. „Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски. Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива...

Continue reading

restoran grobista

Ресторанот на гробишта доби нов закупец

Post Views: 2 Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ. Оваа информација ја потврди и првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски. И покрај изјавата која за ТВМ ја даде  Симоноски кон крајот на месец мај годинава, дека огромен бил интересот за  закуп на ресторанот лоциран кај градските гробишта, сепак на Јавното наддавање кое беше на 17 јуни годинава интерес пројавил само еден наддавач кој целосно ги прифатил условите од огласот и понудил цена од 2050 евра, месечно која е прифатена од страна на ЈП Градски...

Continue reading

krvodaritelska

Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството

Post Views: 0 Традиционално и годинава, по осми пат Црвениот Крст од Охрид во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“, ја реализираше крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Оваа акција веќе е  препознатлива меѓу охриѓани посебно од страна на хуманите крводарители, кои секогаш масовно се одзиваат, вели Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст. „Одзивот е навистина задоволителен, уште од раните утрински часови од 9 часот континуирано крводарителите доаѓаат и даруваат крв. Минатата година имавме преку 100 единици и годинава се надевам дека...

Continue reading

kvadril

Годинава сите охридски средни школи заедно на матурска парада

Post Views: 7 По девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти. „Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум...

Continue reading

jagnesko

За Велигден наместо јагнешко свинско на трпезите

Post Views: 1   Охриѓани забрзано се подготвуваат за престојните велигденски празници. Овој најголем христијански празник се карактеризира со богата трпеза, со јагнешко и со вапцани јајца. Но, длабочината на џебот на граѓаните за жал  не дозволува еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Производителите на јајца велат дека и покрај нискиот стандард граѓаните купуваат. Цените се движат  од 100 па се до 200 денари по шаблон и се многу пониски од минатата година. -Не е лошо, се троши, годинава е многу поефтино па повеќе се купува, вели еден од производителите на јајца.Дуг...

Continue reading

zdravstven dom

Светскиот ден на здравјето одбележан и во Охрид

Post Views: 5 Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти. Од Светската здравствена организација препорачуваат дека е потребна контрола на преносителите (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија. Светскиот ден на здравјето се одбележа и во Охрид. Здравствен дом Охрид имаше поставен пункт кај Чинарот. Лекарските екипи на граѓаните им мереа шеќер...

Continue reading

tocokovi

Се одржа општинското натпреварување во Детски семафор

Post Views: 6 Традиционално и годинава во Охрид се одржа општинскиот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор.“ Оваа манифестација се одвива во два дела, теоретски, проверка на познавањето на сообраќајните знаци, правилата и прописите преку тестирање и практичен дел односно вешто возење со велосипед на уреден полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“. Цане Георгиески претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид, ја истакна важност од организирањето на една ваква манифестација. „Секоја нова генерација мораме да ја подготвуваме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top