Во Охрид одбележан Денот на пензионерите

Охридските пензионери заедно со младите ученици покажаа како може генерациски да прикажат дел од нивните активности. Денес во општина Охрид тие за прв пат скромно го одбележаа 20 јуни денот на пензионерите како и 21 јуни Денот на Охридскотo Езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
den na penzioneri
ден на пензионери

den na penzioneriЗдружението на пензионерите од Охрид и Дебрца годинава за прв пат го одбележуваат 20 јуни, денот на пензионерите. Ова здружение постои цели 64 години. Годинава Локалната Самоуправа на Охрид, на охридските пензионери им дала средства, овој ден да го одбележат скромно и без помпезности, како што изјави претседателот на Извршниот одбор на ЗП Ѓорѓи Трпчески.

„Поканети беа од Локалната самоуправа и од оправдани причини поради нивните активности во Поградец денес тие не присуствуваа, но во некоја друга пригода ќе не удостојат и ќе бидат присутни на нашите активности. Затоа ние не дадовме некоја голема афирмација во однос на овој дел, меѓутоа ние сакаме овој ден од денес па натаму го славиме како ден на пензионерите, бидејќи со иницијатива на Кипро Илиевски во 1950 год било формирано здружението и по тој повод ние во нашите архивски документи пронајдовме дека денот на пензионерите е 20 јуни и го прифативме“ – вели Трпчески.

Трпчески се пофали дека почнува да функционира соработката со Локалната Самоуправа посебно после потпишувањето на меморандумот. Тој вели дека бележат нагорна линија.

den na penzioneri„Еве веќе ни доделија околу 15 000 денари за поддршка на одредени вакви активности, тоа за почеток е добро и е за почит и поздравување. Имаме најави веќе да се реализира постојаната активност што веќе ја применуваат скопските општини за бесплатен превоз за пензионерите“, додава тој.

Трпчески нагласи дека и натаму ја притискаат Локалната самоуправа за изградба на Дом за стари лица, бидејќи тоа ќе остане не само за нивната генерација туку и за останатите. Тој додаде дека имале најави од градоначалникот Никола Бакрачески дека ќе биде реализирана оваа идеја но сепак ќе почекаат времето да покаже. Трпчески за крај го честита празникот и рече дека овој ден ќе биде запишан со златни букви како светол датум во историјата на постоењето на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top