Ознака: вработување

dalga

Профилираните кадри од угостителството не работат по струка

Post Views: 4 Профилираните квалитетни кадри кои што излегуваат од ФТУ како и од охридското средно угостителско училиште, во потрага по брза заработка за време на летната сезона, ги одминуваат охридските хотелско угостителски објекти. Најатрактивни за нив се работните позиции во туристичките места на крајбрежјето на Егејско и Јадранско Море. Голем дел од нив по завршеното стручно образование воопшто не планираат да работат во струката за која стекнале диплома.  Недостатокот од кадар  угостителите го надополнуваат со сезонски работници. Охридскиот угостител Љупчо Патче смета дека тоа...

Continue reading

salon ubavina

Од детска желба, преку проект за самовработување до успешна бизнис приказна

Post Views: 2 Кој рече дека желбите не се исполнуваат. Детската желба и љубов кон шминката и козметиката воопшто, сега е веќе реалност за Даниела Златаноска. Нејзината идеја да отвори свој салон за убавина се реализирала во рамките на активните мерки за самовработување кои Владата ги нуди преку Агенцијата за вработување. Со бизнис планот кој сама  го изработила, Даниела добила 3000 евра или 180.000 денари неповратни средства од Владата и го остварила својот сон. „Самите ние, нашиот бизнис да биде успешен буквално не подготвуваа да бидеме подготвени на се и беше одлична соработката...

Continue reading

saem

Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Post Views: 2 Голем број невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување кој одржа во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ со надеж дека ќе најдат вработување или ќе остварат контакт со некој потенцијален работодавач. Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија. Караванот Саеми за вработување има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд.   Се надеваме...

Continue reading

saem

Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид

Post Views: 5 Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид, на четвртиот од низата Саеми за вработување. “Денес сме во град Охрид, и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот Саеми за вработување во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република...

Continue reading

Усвоени предлог одлуки за годишните планови за вработување во три ЈП

Post Views: 9 На денешната 59 та седница градските избраници ги усвоија финансиските извештаи на ЈП за првиот квартал од ова година. Поминаа и одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во три ЈП Нискоградба, Билјанини извори и Охридски Комуналец. Советницте од опозицицјата во Градскиот совет најмногу дискутираа за предлог одлуката усвојување на годишните планови за 40те вработување во ЈП Охридски комуналец.Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дпмне, констатира дека со години наназад се создаваат два табори кога се носат планови и измени за...

Continue reading

UVERENIE

Дваесетина повозрасни лица стручно се оспособија за самостојно вршење на одредени дејности

Post Views: 5 Трајаноска Снежана е еден од дваесет и шесте лица кои ја посетуваа обуката за преквалификација врз основа на оперативниот план за активни политики и мерки за вработување на Владата на Република Македонија. Таа сега поседува уверение за помошник козметичар и верува дека  дека знаењата и вештините со кои се здобила при оваа обука во голема мерка ќе и помогнат во реализацијата на нејзините идни професионални идеи и планови. „Се здобивме со големо искуство, знаење и едукација во областа на козметиката. Ние сме премногу благодарни  и за време на таа едукација ние добивме...

Continue reading

barmen

Професионални обуки за баристи и бармени за невработените

Post Views: 2 Младите невработени лица од Охрид имаат можност за професионална обука за баристи и бармени. Туристичкиот кластер ЕДЕН од Охрид објави јавен повик за таа цел, а во насока на подобрување на квалитетот на услугите во угостителството.  Кандидатите, наредната сабота, на 16 Август 2014та година со себе треба да понесат лична карта, картон од Агенцијата за вработување, копија од диплома за завршено образование како и копии за дополнителни курсеви доколку ги имаат и да се појават на јавниот повик, во големата сала на вториот кат од Агенцијата за вработување во Охрид, со почеток...

Continue reading

AVRM

Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош

Post Views: 3 Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...

Continue reading

sdsm

Танасоски: „Богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“

Post Views: 1 Платформата на која се темели политичката програма на СДСМ, поаѓа од предизвиците со кои се соочува државата, и нуди реални, остварливи концепти кои можат да донесат позитивни промени за нов почеток, рече кандидатот за пратеник од СДСМ, Ѓоко Танасоски. Тој наброја дел од мерките содржани во програмата на СДСМ кои ќе ги реализирааат доколку ја добијат довербата на народот. 0% персонален данок за земјоделците, враќање на 15% од ДДВ на секој граѓанин,намалување на персоналниот данок од 10% на 9%, за 40% повисока социјална помош, намалување на глоби/казни  за најмалку 50%,...

Continue reading

Opstina Ohrid

Само еден сектор во локалната има раководител

Post Views: 4   7 работни места за државни службеници пополнети во Општина Охрид. Вработувањата се со јавен оглас од 25.12.2013 год. за прием на 18 државни службеници во локалната самоуправа. Ова е прв оглас за вработување на државни службеници во општината после новата систематизација на работни места. Од слободните позиции за раководители на сектори, одделенија, советници и соработници во одделенија, по овај оглас со одлука на секретарот на општината Димитар Спасески на пробна работа од 1 година примени се: Советник за правни работи и застапување, Александар Китески; Советник за...

Continue reading

opstina ohrid

Инфо средби со млади невработени лица во Општина Охрид

Post Views: 0 Центарот за вработување во четврток, во општинската зграда ќе одржи средби со млади невработени лица. Во насока на зголемување на информираноста на младите лица со можноста за вработување преку Оперативниот план за активни програми и мерки, Центарот за вработување од Охрид  во четврток  (20 февруари) во големата сала при Општина Охрид со почеток во 11 часот, ќе одржи информативни средби со млади невработени лица до 29 години.На средбата ќе бидат промовирани три главни теми: Активни програми и мерки за вработување, мобилна апликација и отворање на инфо клубови. Се апелира...

Continue reading

pretpriemaci

Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Post Views: 1 Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис. „Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top